Клиперси ги победија Лејкерси прекинувајќи ја серијата од пет порази - Канал 5

Клиперси ги победија Лејкерси прекинувајќи ја серијата од пет порази

Лос Анџелес клиперс утрово ги победија Лос Анџелес лејкерс во домашен натпревар од НБА-лигата со 103:88.

Клиперси ги победија Лејкерси прекинувајќи ја серијата од пет порази

Кавај Ленард го предводеше својот тим до победата со 32 поени и 12 скока. Џејмс Харден исто така имаше дабл-дабл со 21 поен и 10 асистенции.

Кај Лејкерс најефикасен беше Леброн Џејмс со 36 поени.

Клиперси ја прекинаа серијата од пет порази. Тимот победи во седум од 28 натпревари и се наоѓа на 14. место во Западната конференција. Лејкерси, со 19 победи и осум порази, се на четвртото место.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инфантино воодушевен - над милион луѓе на трибините

Првиот човек на светскиот фудбал Џани Инфантино се пофали -  дека нешто над милион луѓе ги гледаа 16-те натпревари од Светското првенство одиграни досега во САД, Мексико и Канада од трибините на стадионот.

Инфантино воодушевен - над милион луѓе на трибините

Официјално, милионитиот гледач беше Арон Бен, со кого претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се фотографираше на еден од стадионите како спомен и долго сеќавање.

Во меѓувреме, Светската фудбалска федерација објави дека 1.028.429 навивачи присуствувале на 16-те натпревари на Светското првенство, што е 99,34% од капацитетот на сите стадиони каде што се играа натпреварите од првото коло.

Трибините не беа полни на натпреварите меѓу Јужна Кореја и Чешка, односно Швајцарија и Катар, и тоа очигледно беа единствените натпревари каде што одредени делови беа слабо пополнети, судејќи според официјалните бројки на ФИФА.

„Голема благодарност до сите наши страствени навивачи кои продолжуваат да доаѓаат на стадионите. Го оживеавте најинклузивното Светско првенство досега“, напиша Инфантино со фотографија со „милионитиот навивач“.

Од друга страна, Европската асоцијација на навивачи на фудбалот (FSE) предупредува на ризиците со оглед на тоа што навивачите на националните тимови не се доволно одвоени за време на натпреварите.

„Загрижувачкото е што при купување и препродажба на билети, ФИФА не знае точно кој навивач е во кој сектор. Затоа постои поголем ризик од кога било навивачите на Тимот А да се најдат во средината на толпата навивачи на Тимот Б“, изјави за Би-Би-Си извршниот директор на FSE, Ронан Евен. Сепак, ФИФА го истакна фактот дека најлојалните навивачи на националните тимови се заедно на стадионите поради претходната распределба на билетите на навивачите на земјите учеснички по локација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никола Мемов – директор на ФПИОСМ: „На пензионерите треба да им се даде можност за вработување доколку сакаат и се работноспособни“

Целта на настанот, како што беше речено е актуелизирање на состојбата со работната сила во областа на приватното обезбедување и изнаоѓање на решение за нејзино подобрување.

Никола Мемов – директор на ФПИОСМ: „На пензионерите треба да им се даде можност за вработување доколку сакаат и се работноспособни“

Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов учествуваше на Тркалезната маса – работна сесија - „Недостигот на работна сила: Од предизвик до можност преку активно стареење и искористување на позитивни искуства“ во организација на Комората на Македонија за приватно обезбедување.

Целта на настанот, како што беше речено е актуелизирање на состојбата со работната сила во областа на приватното обезбедување и изнаоѓање на решение за нејзино подобрување.

Во своето излагање директорот Мемов нагласи дека Фондот на ПИОМ е институција која не креира политики во областа, но дава предлози како состојбите да се подобрат врз основа на искуството од работата.

„Сметам дека пензионерите кои сакаат и се во добра здравствена состојба, треба да имаат можност за работа. Актуелната состојба на пазарот на трудот покажува дека има потреба од нив. Во областа на приватното обезбедување тие навистина може да дадат придонес, бидејќи поседуваат големо искуство и ги имаат бараните вештини“, рече Мемов и додаде дека вработувањаето на пензионерите треба да се однесува само за вработувањата во приватниот сектор.

Тој појасни дека со законското овозможување на ангажирањето на пензионери ќе има троен бенефит.

„Со вработувањето на пензионерите работодавачите ќе имаат лица со кои ќе ги пополнат работните места и за кои ќе плаќаат придонеси. Со тоа корист ќе има државата, бидејќи ќе прибира средства за пензиско, здравствено осигурување и други давачки, а корист ќе имаат и самите пензионери, бидејќи ќе имаат и пензија и плата“, потенцира директорот на Фондот, Мемов.

Професорот д-р Лазар Јовевски рече дека ова е тема која е длабоко поврзана со опстанокот и иднината на државата. Тој додаде дека стареењето на нацијата е факт, а за решавање на проблемот има два начина.

„Едниот пат е увоз на работна сила, кој си има свои последици, а кои што ги гледаме од искуството во западните земји, а вториот пат е внатрешно да се реорганизираме и да ги надминеме недостатоците. Ако се договорат сите чинители дека ќе се оди по вториот пат“, додаде Јовевски, „тогаш ќе треба да се редефинира правно-економската регулаторна рамка со која ќе се овоможат нови решенија за вработување, и правила на пазарот на труд“.

Претедателката на Комората, м-р Верица Милеска Стефановска нагласи дека секторот на приватното обезбедување се соочува со проблеми кои што поскоро треба да се

решат. Таа изнесе повеќе примери од нашето окружувње каде што на пензионерите им е дозволено да се вработат и да ја задржат пензијата.

Учесниците на тркалезната маса потенцираа дека мора да се направат измени во законската регулатива што поскоро и со тоа да се обезбеди работна сила која ќе ги поплни празните работни места во секторот на приватното обезбедување.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, апелираше граѓаните да не наседнуваат на истиот трик кој Мицкоски го користеше во 2024 година и лажната реторика.

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

„Апелирам граѓаните да не подлегнат повторно на неговиот трик, како пред две години. Да не подлегнат на овие националистички, популистички говори, полни со патриотизам, црвени линии, одбрана на браникот на идентитетот и така натаму, затоа што единствено нешто кон што оваа лажна реторика води е изолација и сиромаштија“, рече Филипче.

Филипче потенцираше дека изолацијата значи застој за државата, а единствениот пат за подобра иднина на граѓаните е еврпскиот пат.

„Единствениот пат е Европа. Апелирам сите да се приклучат кон фронтот за вистина и правда. Сите политички чинители, сите граѓански организации, интелектуалци, независни, разумни луѓе коишто знаат дека ова е лажен наратив и дека не води никаде. И дека се само една голема лага со цел да не се направи чекорот и да има реформи и правда тука, кај нас, и конечно да се интегрираме во Европа, таму каде што ни е местото“, рече Филипче.

Филипче нагласи дека вистинскиот напредок доаѓа преку членство во ЕУ.

„Кога ќе бидеме рамноправна земја членка во Европската Унија, можеме многу од посилна позиција политичка од ова сега да прашаме Бугарија зошто не ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Е така се бори за нацијата. Не случајно кажувам дека нацијата е пред колапс, а идентитетот е загрозен, затоа што ако останеме изолирани сега, ако го пропуштиме овој воз, ако утре ни каже Европската Унија дека нема да влеземе во седумгодишното буџетирање следно, затоа што буџетите се планираат за следните седум години, ќе ни останат само хоризонт-програмите и прекугранична соработка, ние со тоа не може да преживееме. Политиките на несигурност и изолација не се решение. Ако Мицкоски не е сигурен во себе и во својот идентитет и бара заштита, нему не му е местото да води држава“, рече Филипче.

YouTube video

Скопје, 18.06.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер