ФудбалКлинсман: Германија е меѓу фаворитите за титулата на СП2026Поранешниот германски селектор, Јирген Клинсман, оцени дека Германија има шанса да го освои Светското фудбалско првенство кое идната година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.„Сè е можно. Германија е меѓу фаворитите, заедно со другите големи европски нации. Потоа, тука се и двете големи сили Бразил и Аргентина, кои исто така ќе имаат што да кажат“, изјави 61-годишниот Клинсман, кој како фудбалер ја освои светската титула во 1990 година. Според Клинсман, Светското првенство во 2026 година ќе биде голем предизвик за сите учесници. „Овој турнир ќе биде огромен предизвик за сите вклучени тимови – тоа ќе биде маратон. И зошто да не го поминеме овој маратон до крај и да направиме огромно изненадување со освојување на титулата светски шампион“, додаде тој. Клинсман беше германски селектор на мундијалскиот турнир во 2006 година, кога Германија заврши третопласирана. /МИАТагови: Клинсман Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:30
СветПриведен сопственикот на барот „на смртта“ во Кран Монтана, ја претепал сопругатаЖак Морети, сопственик на барот во Кран-Монтана, каде што катастрофален пожар однесе 41 живот на 1 јануари 2026 година, е приведен под сомнение дека физички ја нападнал својата сопруга Џесика Морети.Според информациите од швајцарската телевизија, кои беа потврдени од јавниот сервис РТС, инцидентот се случил во текот на ноќта помеѓу 11 и 12 август во домот на двојката во кантонот Вале. Морети е уапсен по наводниот напад и е задржан во притвор. Џесика Морети претрпела повреди поради кои била хоспитализирана. Точните околности на инцидентот, како и правната квалификација на делото за кое е обвинет Жак Морети, сè уште не се познати. Швајцарските медиуми објавуваат дека тој нема позната историја на слични инциденти и се смета за невин додека не се докаже дека е виновен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија64 годишен мотоциклист со тешки повреди пренесен во болницата Гостивар 64 годишен мотоциклист бил донесен со тешки телесни повреди во болницата во Гостивар.Н.Ј од село Вруток гостиварско управувал мотоцикл во атарот на селото Јеловце. тој изгубил контрола и паднал на шумскиот пат во атарот на село Јеловце..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПо седум дена борба изгансат пожарот кај Мариово Пожарот во Мариово е целосно изгаснат, информира градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски..По седум дена непрекината борба и огромни напори на сите екипи ангажирани на терен Проданоски упати благодарност до сите институции, пожарникари, војници, полицајци, доброволци, мештани и граѓани кои во изминатите денови беа директно вклучени во справувањето со огнената стихија. „Ова беше тешка и долга битка, во која на терен беа ангажирани голем број екипи, припадници на институциите, доброволци, мештани и поединци кои несебично помогнаа во справувањето со пожарот“, истакна Проданоски. Тој посебно им се заблагодари на Територијалната противпожарна единица од Прилеп, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, армијата, ЈП „Национални шуми“, МВР, противпожарните екипи од Скопје и Кавадарци, како и на градоначалниците Орце Ѓорѓиевски и Митко Јанчев. Во моментов активни се четири пожари, кај Студеничани и Зелениково и околината, Македонски Брод, кај Тамјмиште и Дарда општина Кичево и општина Гостивар кај село Горна Ѓоница., потврдуваат ЦУК..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter