ЗдравјеКлиниката за хематологија со совети и препораки за пациентите во услови на Ковид -19Универзитетска Клиника за хематологија-Скопје во периодот на вонредна состојба предизвикана од ширењето на COVID-19 болеста работи со полн капацитет, согласно препораките за работа на Министерство за здравство на Република Македонија.Секојдневно се спроведуваат мерки кои имаат за цел заштита и максимална безбедност на пациентите и медицинскиот персонал, истовремено обезбедувајќи им на пациентите 24 часовен континуиран специфичен третман. Најважна улога во превенцијата на COVID-19 кај хематолошките болни има контролата на основната хематолошка болест. Поспецифични препораки за најчестите хематолошки заболувања. - Агресивни лимфоми – Не се препорачува промена или одложување на иницијалната терапија. - Индолентни лимфоми – Се препорачува започнувањето на терапија да се одложи колку што е можно подолго, односно „watch and wait“ пристап. Кај пациентите кои треба да продолжат со терапија на одржување со Rituximab, се препорачува истата да се одложи, а доколку веќе се на терапија на одржување, да се прошират временските интервали на апликација помеѓу циклусите. - Hodgkin Lymhoma –Доколку е возможно, радиотерапијата треба да се избегнува, бидејќи се спроведува во повеќекратни сесии, кои бараат чести болнички посети. - Аутна лимфобластна леукемија – Кај акутните леукемии, ставовите се поинакви. Задолжително е тестирање за SARS-CoV-2 со PCR метода пред да се започне лекување и веднаш да се започне лекување со стандардна терапија кај COVID-19 негативните пациенти. - Миелодиспластичен синдром – Кај миелодиспластичните синдроми со низок ризик, се дава предност на еритропоетин-стимулирачките агенси пред трансфузија со еритроцити, која се ограничува само во ситуации кога е стриктно индицирана. - Миелопролиферативни неоплазми ( Ph+ и Ph-) – Кај новодијагностицираните пациенти со миелопролиферативни неоплазми, вклучувајќи ја и хроничната миелоична луекемија, сите лекови може да бидат безбедно отпочнати, освен што постои резерва за отпочнување на терапија сo JAK2-инхибитори – Ruxolitinib. Kaj веќе дијагостицираните пациенти, кои се на терапија со тирозин киназни инхибитори (ТКИ), хидроксиуреа терапијата редовно продолжува, со тоа што болничките посети треба да се заменат со комуникација преку дигиталните апликации( вибер, е-маил и телефонски број). - Мултипен миелом – Иницијалната терапија, како за пациентите кандидати за трансплантација, така и за пациентите кои се непогодни за трансплантација, не треба да се менува. Истото важи и за терапијата на одржување. Како да се превенира развој на COVID-19 кај пациентите со малигни хематолошки заболувања и пациентите кај кои е спроведена трансплантација на коскена срцевина? Дали постојат специфични препораки? • Kако и кај општата популација, важат мерките за избегнување на контакт и социјално дистанцирање. Закажувањето на пациентите во болички термини точно временски се планира, со цел да се одржува соодветно растојание од 1-2 метри помеѓу пациентите во чекалните. • Редовна хигиена на раце со сапун и вода, со средства за дезинфекција на раце. • Употребата на заштитни маски е задолжителна во услови кога е невозможна контактна изолација. Во однос на заштитните маски, тие генерално се делат во две групи: 1) хируршки маски и 2) високо протективни респиратори – KN95,FFP2/3. Треба да се внимава која маска кој и кога треба да ја употребува. Хируршките маски штитат од трансмисија на вирусот од инфицирани лица со/ без симптоми. За разлика од нив, FFP2/3 маските штитат од здобивање на вирусна инфекција само кај оној кој ја носи, а не ги заштитува од трансмисија на вирусот останатите лица во собата. • Неопходно е да се почитуваат мерките за самоизолација, а во одредени случаи и карантин, за време и пред започнување на хемотерапија. Пациентите треба внимателно да се едуцираат за овие мерки и да добијат и пишани инструкции. • Во однос на профилаксата со интравенски имуноглобулини, треба да се потенцира дека овие имуноглобулини не се специфични за вирусот и затоа, не обезбедуваат специфична вирусна заштита. Интравенските имуноглобулини треба да се аплицираат во согласност со ЕМА препораките, односно кај пациентите со тешка хипогамаглобулинемија, кои имаат чести инфекции. • Бактериските суперинфкеции можат да бидат дополнителен проблем, меѓутоа антимикробна профилакса со употреба на G-CSF и антибиотици надвор од вообичаените препораки, не се препорачува! Досегашните податоци од студии кај трансплантирани пациенти во ран посттрансплантационен период ( до 90 дена ) со респираторна вирусна инфекција, покажуваат дека профилактичката употреба на антибиотици претставува независен ризик фактор за исходот од инфекцијата. • Се препорачува вакцинација за сезонскиот грип и пневмококна вакцина. • Од досегашните податоци, може да се заклучи дека сепак најважна улога во превенцијата на COVID-19 кај хематолошките болни, како и на другите респираторни вируси претставува контролата на основната хематолошка болест. Хематолошките пациенти кои се сомневаат дека се заразени со COVID-19 потребно е: o телефонски да се обратат кај својот матичен лекар, o да ја наведат хематолошката дијагноза, o да ги наведат сите лекови кои ги користат, за да се овозможи подобра проценка од матичниот лекар за натамошно постапување. o препораката од матичниот лекар задолжително да ја почитуваат во целост. За сите потребни информации пациентите можат да се консултираат со доктор од клиниката на следните телефонски броеви: 075 477 240, 075 477 241, 075 477 242, 075 477 243, 075 477 244, 075 477 245.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ХороскопДневен хороскоп за 9. ноември 2026 година Дневен хороскоп за понеделник, 9. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Би можеле да се најдете на малечка вага меѓу чувствата и должностите. За среќа, набргу ќе го препознаете вистинскиот пат. Кариера Денеска не влегувајте во расправии, а доколку може, ниту разговарајте со шефовите , зашто тие ќе мислат едно , а вие сосема друго. Здравје и совет Обидете се да бидете полежерни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Некои денеска ќе ја покажат својата сентиментална нишка, а тоа малку ќе ја збуни личноста која ве сака. Таа ќе очекува да бидете поцврсти. Кариера Според вашите идеи би можело да се покрене еден проект , но во сето тоа има и доста заблуди. Здравје и совет Разделете ја реалноста од фантазијата. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Повторно ќе станете онаа позната заводлива личност , која предизвикува внимание каде и да се појави. Ќе проивлечете доста внимание на забавите што се пред вас. Кариера Ќе решавате мали финансиски проблеми и ќе најдете решение. Во нив ќе има и тактика и претприемништво во исто време. Здравје и совет Внимавајте на грлото. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Зближувањето со саканата личност дава резултати , па денеска ќе дадете се од себе така да остане. Кариера Малкумина ќе се решат да вложат средства во вашите напредни идеи , поради што се чувствувате по малку осамени. Здравје и совет Честопати сте пред своето време. Искористете ја предноста. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Колку ќе имате потреба за нежност, толку ќе имате и за грубости. Ќе бидете во подвоена состојба. Кариера Повеќето од работите што ќе ги преземете , ќе вродат со плод , а вие ќе имате многу причини за задоволство. Здравје и совет Бидете трпеливи во љубовта. Овен 21.3-20.4. Љубов Поради празнината што ја чувствувате , ќе се трудите да бидете што пољубезни , но ќе се препознае дека тоа не е природно. Кариера Во договорите и преговорите ќе бидете склони на другите да им го препуштите главниот збор , дури и тогаш кога ќе бидете во право. Здравје и совет Искреноста е доблест. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тешко денеска ќе го разберете партнерот зашто кон вас ќе се однесува на моменти мирно , а на моменти налутено. Подгответе се за тоа. Кариера Она што сте го замислиле нема да се развива според планот. Потребно е поголемо разбирање за другите и почеток на сериозна соработка. Здравје и совет Бидете искрени кон себеси и кон другите. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Пред вас е прекрасен ден за секој вид дружење , воспоставување на нови контакти и за ширење на хоризонтите. Искористете го тоа. Кариера Доколку имате работа што вклучува односи со луѓе , ќе ви биде убаво. Во другите дејности ќе барате друштво. Здравје и совет Почитувајте ги другите. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе ги заборавите непотребните грижи и ќе се обидете да се концентрирате на она што мора да се решава во односите. Нема веќе да се збунувате. Кариера Вашиот позитивен став ќе ви донесе поен повеќе во договарањето на работите. Ќе го употребите и својот шарм. Здравје и совет Не сте на трка . Опуштете се. Лав 23.7-22.8. Љубов Посветеноста кон љубовните тајни ќе доведе до едно интересно откритие , кое ќе ве заинтригира. Кариера Во предложената работа со пријателите немојте да бидете попустливи , зашто и покрај добрите намери , ќе бидете во загуба. Здравје и совет Утре ќе биде сосема поинаку. Бидете трпеливи. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се потпирате на вашето шесто чуло. Тоа ќе ве поттикнува за подобро да соработувате со другата страна. Кариера Ништо нема да ви биде премногу, нити премалку. Токму вие ќе бидете онаа личност , која работите ќе ги доведете во рамнотежа. Здравје и совет Понекогаш ви е од се преку глава. Поминете го денот осамени. Вага 24.9.-23.10 Љубов Пред вас е квалитетен ден во кој ќе ги игнорирате повремените мали нервози и со љубов ќе ги победувате. Кариера На цврстите темели вие почнувате да развивате нов долгорочен план на дејности кои имаат иднина. Здравје и совет Ја одржувате добрата форма.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гостин ќе биде Љубомир ГајдовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„На кавга со Иван“ - Слаѓана ТасеваВечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана ТасеваКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter