ЗдравјеКлиника за радиологија и онкологија: На располагање сме за регистер во форма неопходна за ФЗОКако што подвлекуваат, Клиниката за онкологија е на располагање за обезбедување регистар во форма неопходна за потребите на ФЗО, со цел обезбедување јасен и транспарентен начин за евиденција на биолошката терапија.Од Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) потенцираат дека бројот на пациенти е во постојан пораст и однапред најпрецизно не може да се предвиди и определи динамиката на потрошувачката, но дека како Клиника располагаат со преглед на потрошувачка на количините за постојните пациенти. Како што подвлекуваат, Клиниката за онкологија е на располагање за обезбедување регистар во форма неопходна за потребите на ФЗО, со цел обезбедување јасен и транспарентен начин за евиденција на биолошката терапија. Став на стручниот колегиум на Клиниката е дека генеричките - постари лекови треба да се стават на Позитивната листа, бидејќи преку условен буџет, како што појаснуваат, сѐ уште се набавуваат лекови постари од 20 години што не е иновативна терапија. - Додека нема скрининг програми што се функционални во пракса, а не само на хартија, бројот на пациенти со напредната - метастатска болест само ќе се зголемува, следната година се очекува поголем број на пациенти. Исто така, стручниот колегиум на УКРО е на мислење дека регистарот за рак ќе остане нефункционален додека не се обезбеди адекватен кадар - оддел, за континуирано ажурирање на податоците, со оглед на обемот на работа во овој сегмент и преоптовареност на постојниот персонал на клиниката, кој и покрај недостигот со што се соочуваме, пружа натчовечки напори за третман и нега на нашите пациенти. Исто така, нефункционалност на сите останати онколошки одделенија на територија на државата, а истите имаат одреден кадар и просторни можности, наведуваат од УКРО. Еден од предлозите е Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство да ја тендерираат набавката на лекови од условен буџет според реалните потреби на клиниката и останатите онколошки одделенија. Оттаму појаснуваат дека на оваа Клиника има јасен преглед на пациенти заболени од канцер по различни туморски локализации, односно има јасен увид во протокот на пациенти во амбулантско поликлиничкиот дел, дневната болница и болничките оддели. Велат дека има систем за следење на пациентите и се една од првите клиники во јавното здравство во државата што од 2006 година има свој болнички информатички систем што редовно се надградува и се синхронизира со потребите на националниот систем за упатување и евиденција во здравството, „Мој термин“. - Во однос на стручниот колегиум, важно е да се истакне дека последниве две години функционира во полн состав по подолг застој. Исто така, воведен е и онколошки конзилиум на кој се разгледуваат сите пациенти на кои им се препишува биолошка терапија за вклучување и - или следење на ефикасноста на терапијата, истакнуваат од УКРО. Од оваа Клиника се надеваат дека неопходните согласности за договор на дело ќе бидат процесуирани и одобрени од страна на надлежните институции со цел зајакнување на кадровскиот потенцијал на Клинката. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter