Клиника за ортопедија: Успешна година за коскената трансплантација во земјава - Канал 5

Клиника за ортопедија: Успешна година за коскената трансплантација во земјава

По првата експлантација која ја направи тимот од клиниката на 17 април, до крајот на годината  беа направени уште три експлантации на коскено ткиво од починат донор.

Клиника за ортопедија: Успешна година за коскената трансплантација во земјава

На Универзитетската Клиника за Ортопедски болести, минатата година за прв пат се направени четири експлантации на коскено ткиво од починат донор, со што е отворено ново поглавје и е направен значаен исчекор во полето на трансплантационата медицина, а воедно и во полето на ортопедијата во земјава. По првата експлантација која ја направи тимот од клиниката на 17 април, до крајот на годината беа направени уште три експлантации на коскено ткиво од починат донор. На осум пациенти, од кои четворица со малигна болест ,им беше трансплантирано здраво коскено ткиво, со што значително се подобри нивниот квалитет на живот.

Ова за сите нас и лекарите и пациентите е голем и значаен чекор. Горд сум и како хирург ортопед , но и како директор на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ, што бевме дел од мултидисциплинарниот тим за трансплантација во земјава , кој отвори ново поглавје во медицината во изминатата година. Трансплантацијата значи многу. Не само од аспект на медицна, туку отвара и една друга димензија на хуманост, човечност и надеж што во ова тешко време кое го живеетме на сите ни е потребно - вели асс. д-р Александар Трајановски, директор на Клинината за ТОАРИЛУЦ Скопје, во чиј состав е Клиниката за Ортопедија.

Интервенциите кај сите осум пациентите кои добија коскено ткиво од починат донор, беа изведени на Клиниката за Ортопедски болести од страна на стручните тимови на Клиниката предводени од еминентти хирузи ортопеди. Од почетокот на 2021 година на Клиниката е возобновена и Банката за коскени ткива каде благодарение на Германската амбасада е набавен нов уред за замрзнување на графтовите на многу ниски температури. Сето ова беше предуслов за развој на трансплантацијата на коскени ткива од починат донор.

Пациентите кои добија коскено ткиво се во најголем дел се млади лица кои имаа сериозни здравствени проблеми кои влијаеа на квалитетот на нивниот живот. Првата трансплантација, која за сите нас е особено драга, е кај млада девојка која има дваесетина години и кој боледува од тешка форма на карцином на коски. Една од опциите кај неа беше и апмутација на ногата. По направената трансплантација на лев дистален фемур, осум месеци по транплатацијата нашата пацинети веќе почна да оди - вели д-р. Милена Богојевска Доксовска, болнички координатор на Клиниката за Ортопедија.

Минатата година во земјава се направени девет експлантации од починат донор и притоа 16 пациенти добија бубрези, петмина срце и кај осум пациенти беа трансплантирани коскени ткива. Ова е значителен напредок споредбено со изминатите години како во полето на трансплантацијата така и во делот на подигнување на свеста за органодонорството. Националниот координатор за трансплантација д-р. Маја Мојсова Мијовска постојано го нагласува значењето на органодонорството како предуслов за развојот на еден трансплантациски програм.

Токму благодарение на хуманата димензија на семејствата кои се одлучуваат да ги донираат органите од нивните блиски, ние можеме да ја развиваме трансплантацијата во земјава и тоа во интерес на пациентите за кои единствен спас е токму трансплантацијата. Нивната одлука да се донираат органите значи не само хуманост и надеж за пациентите, туку и верба во здравствениот систем- вели д-р Мојсова Мијовска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ормускиот Теснец пред колапс: Нов танкер налета на мина

Четвртиот нафтен танкер во последните 24 часа налета на мина во Ормускиот Теснец, соопшти Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГГ), пренесуваат иранските медиуми.

Ормускиот Теснец пред колапс: Нов танкер налета на мина

„Четврти танкер во рок од 24 часа експлодираше во Ормускиот теснец откако удри во поморска мина“, се наведува во извештајот објавен синоќа на каналот на „Прес ТВ“ (Press TV) на „Телеграм“.

Иранската Револуционерна гарда претходно соопшти дека три нафтени танкери се запалиле и експлодирале додека се обидувале да користат, според тврдењата на Техеран, неовластени пловни патишта низ Ормускиот теснец.

Во соопштение од Морнарицата на Револуционерната гарда се наведува дека еден од танкерите превезувал два милиона барели сурова нафта кога налетал на мина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД

„Во пракса, досега не е забележан никаков реален напредок во односите со САД“, рече Лавров синоќа.

Лавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека досега нема никакво подобрување во односите меѓу Русија и САД, и покрај неговото присуство на состанокот на министрите за надворешни работи на Г20 во американскиот град Атланта, јави ДПА.

„Во пракса, досега не е забележан никаков реален напредок во односите со САД“, рече Лавров синоќа.

„Не треба да се негуваат илузии во врска со договорот за дизел горивото“, додаде тој, осврнувајќи се на договорот меѓу САД и Кремљ за привремено укинување на санкциите, со цел да се овозможи набавка на руско дизел гориво и да се намалат цените на бензинските пумпи.

Лавров изрази незадоволство, наведувајќи дека „суштинските прашања не се решаваат, санкциите остануваат на сила, сите санкции воведени од (поранешниот американски претседател Џо) Бајден продолжуваат да се спроведуваат од страна на актуелната администрација, а се воведуваат и дополнителни санкции за нафтените гиганти ’Лукоил‘ и ’Роснефт‘“, пренесува германската агенција .

Осврнувајќи се на планираните трилатерални разговори меѓу Украина, САД и Русија, Лавров истакна дека преговарачките позиции се јасни.

Според неодамнешните најави од Кремљ, делегациите планирале да се сретнат кон средината на ноември во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати, за да ги продолжат разговорите за можно мировно решение, кои беа прекинати со месеци.

Истовремено, Лавров остро го критикуваше својот германски колега Јохан Вадепул, обвинувајќи го за одбегнувањето на министрите на вообичаената заедничка фотографиоја од состанокот.

Министрите за надворешни работи на Г20 ја откажаа заедничката фотографија на учесниците на разговорите во Атланта. Кратко пред почетокот на состанокот, шефот на германската дипломатија изјави дека „нема да има заедничка фотографија на која нашите европски партнери ќе бидат заедно со г-дин Лавров“.

„Јас тоа го нарекувам ’дипломатија на семејни фотографии‘“, рече Лавров. „Ако најважното нешто за нив е како изгледаат на една заедничка фотографија и кој стои до нив, тогаш тоа кажува сè“, пренесе ДПА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одземена дозволата за работа на АЛТА банка во Србија

Извршниот одбор на Народната банка на Србија (НБС) ѝ ја одзеде дозволата за работа на „АЛТА банка“ а.д. Белград. 

Одземена дозволата за работа на АЛТА банка во Србија

Банката е во сопственост на Давор Мацура, кој се смета за близок до Српската напредна странка – партијата на поранешниот претседател Александар Вучиќ, која претрпе пораз на изборите пред една недела.

Од НБС соопштија дека, со судска одлука, за стечаен управник ќе биде назначена Агенцијата за осигурување на депозити, пренесува nova.rs.

Во соопштение за јавноста, Народната банка на Србија наведува дека на оваа одлука ѝ претходеле контроли, преку кои се настојувало работењето на банката да се насочи кон зголемување на ликвидноста.

„Утврдено е дека во изминатиот период финансиската состојба на банката значително се влошила. Постои можност за дополнителен пад на ликвидноста, поради што се загрозени интересите на депонентите на банката“, се вели во соопштението на НБС.

Од централната банка додаваат дека одлуката е донесена со цел заштита на депонентите и зачувување на стабилноста на финансискиот систем, бидејќи се исполнети условите за одземање на дозволата, пропишани со Законот за банки.

Агенцијата за осигурување на депозити треба да обезбеди исплата на осигурените износи во рок од седум работни дена и да им овозможи на клиентите да располагаат со своите средства. Според податоците на НБС, сметката на „Алта банка“ е блокирана уште од 30 октомври.

Непосредно пред објавувањето на одземањето на лиценцата, компанијата „Алта пеј“ (Alta Pay), која работи во рамките на истата групација како и банката, ги известила своите деловни партнери плаќањата да ги вршат преку нејзините сметки во други банки – „Поштанска штедионица“ и ОТП (OTP), пренесува „Време“.

Овој потег бил невообичаелив, бидејќи „Алта пеј“ има сопствен платен промет и сметки, меѓу другото и во „Алта банка“. Компанијата, всушност, дала насоки да се заобиколат нејзините сметки во матичната банка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер