Клиника за инфективни болести: Физикална терапија кај пациентите со ковид - Канал 5

Клиника за инфективни болести: Физикална терапија кај пациентите со ковид

Третманот на пациенти болни од Ковид-19 бара мултидисциплинарен и сеопфатен пристап од првата средба со здравствениот работник, па се до неговото заминување. 

Клиника за инфективни болести: Физикална терапија кај пациентите со ковид

Од Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби информираат дека секој пациент добива третман соодветен на неговата здравствена состојба. Кај пациентите кои се хоспитализирани на Инфективната клиника освен терапиите против Ковид-19, неизоставен дел од лекувањето е и физикалната терапија која придонесува за подобрување на психофизичкото здравје и подобрување на функцијата на респираторниот систем.

Физикалната терапија на пациентите кои се хоспитаизирани на Клиниката за инфективни болести поради Ковид- 19 вообичаено се состои од два сегмента: физикална терапија за локомоторниот апарат и физикална терапија за респираторен систем или таканаречена респираторна гимнастика.

„Повеќе фактори влијаат врз одлуката со каков третман на физикална терапија ќе се пристапи кон пациентот. Според клиничката слика на локомоторниот апарат има три групи на пациенти - подвижни пациенти, тешко подвижни пациенти и неподвижни пациенти. Додека пак според оштетувањето на респираторниот систем предизвикано од Ковид-19, истите може да се поделат на лесно болни, средно болни и тешко болни. Согласно горенаведените поделби на пациентите и различните комбинации од клинички слики и оштетувања се комбинираат различни типови на вежби. Зависно од менувањето на состојбата на пациентот се менува и пристапот на физиотерапевтот кон пациентот. " – објаснува Велимир Тричковски, физиотерапевт кој работи со пациентите со Ковид-19 хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

За да се постигне максимален ефект и да се оспособи пациентот за релативно нормално функционирање во домашни услови, интензитетот на вежбите за локомоторниот апарат последните денови од престојот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, може да се зголеми по консултација со лекар.

Респираторната гимнастика (вежбите за дишење) се изведуваат за превентивни и тераписки цели. Кај пациентите со лесна клиничка слика се препорачува пациентите сами да ги изведуваат вежбите неколку пати во текот на денот со цел да се зајакне мускулатурата вклучена во процесот на дишење. Кај средно-тешките болни, респираторната гимнастика се изведува исклучиво под надзор на физиотерапевт за да се следи моменталната состојба на организмот (сатурација, пулс, притисок, број на респирации). Кај тешко болните пациенти коишто дишат со помош на маска за висока концентрација на кислород се советува длабоко и споро дишење, а кај пациентите кои се поставени на механичка вентилација вежбите за дишење не се изведуваат.

Поради непосредниот директен контакт физиотерапевт-пациент и создавањето на близина и чувство на сигурност, физикалната терапијата има голема улога во подобрување и одржување како на физичкото така и на менталното здравје кај пациентите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Казнет е возачот, кој од автомобил накитен со албански знамиња глумеше полицаец среде Скопје (ВИДЕО)

Санкциониран возачот кој со возило го попречуваше сообраќајот во центарот на Скопје, соопшти МВР.  

Казнет е возачот, кој од автомобил накитен со албански знамиња глумеше полицаец среде Скопје (ВИДЕО)

Во врска со видеото споделено во дел од социјалните медиуми на кое се гледа како едно патничко возило на 05.10.2026 го попречува движењето на други возила во централното градско подрачје во Скопје на крстосница од ул.11-ти октомври, ул.Даме Груев и ул.Филип Втори Македонски,

денеска (07.10.2026) во СВР Скопје е повикан Н.В. сопственик на патничко возило "голф" со скопски регистарски ознаки.

Од страна на СВР Скопје кон Н.В. преземени се мерки по член 3 став 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Финска го стопира проектот за дата центар на „Google“ поради влијанието врз животната средина

Финска нареди прекин на работите на две локации за центри за податоци на „Google“, додека се чекаат задолжителните проценки за влијанието врз животната средина.

Финска го стопира проектот за дата центар на „Google“ поради влијанието врз животната средина

Во септември, американскиот технолошки гигант најави инвестиција од 13 милијарди евра во дигиталната инфраструктура во Финска, наменета за развој на вештачка интелигенција. Компанијата го опиша проектот како своја најголема поединечна инвестиција во Европа.

Истрага за сеча на шуми

Финската надзорна агенција (LVV) во вторникот објави дека побарала од „Tuike Finland“ – компанијата што го застапува „Google“ – „веднаш, а најдоцна до 23 октомври 2026 година, да ги прекине сите подготвителни активности што значително би ја измениле животната средина“. Барањето се однесува на планираните проекти за центри за податоци во Мухос и Кајани.

Агенцијата истражува дали „Tuike Finland“ исекла стотици хектари шума на овие локации без претходно да спроведе проценка на влијанието врз животната средина. Хана Халменпа, претседателка на Финското здружение за зачувување на природата, минатата недела изјави за „AFP“ дека во рамките на исчистената површина, која надминува 300 хектари, биле исечени „природни предели што требало да бидат зачувани“.

„Tuike Finland“ мора да достави изјава и детален план за понатамошните чекори до 14 октомври. Доколку компанијата не го стори тоа, агенцијата најави можност за поведување постапка за присилно спроведување. Томи Муилу, раководител на одделот за животна средина во агенцијата „LVV“, изјави дека од локацијата веќе биле отстранети дрвја, бил отстранет површинскиот слој на почвата, биле изградени пристапни патишта и простори за складирање, а биле изменети и каналите за одводнување.

„Google“ признава пропусти

Портпаролот на „Google“, Сондре Ронандер, ги призна пропустите на компанијата. „Ги разбираме загриженостите и во овој случај не ги исполнивме нашите сопствени високи стандарди“, рече тој во изјавата за „AFP“. „Ќе ги разгледаме наодите на агенцијата „LVV“ и ќе постапиме во согласност со нивните упатства.“

Ронандер додаде дека компанијата „постапувала со добра намера“ и спровела еколошки студии и мерки. „Ја продолжуваме нашата долгорочна работа во регионот и развиваме планови за уредување на просторот и зачувување на биодиверзитетот, што вклучува садење дрвја на површина од 130 хектари во Мухос“, изјави тој.

Финската министерка за животна средина и клима, Сари Мултала, смета дека проектите на „Google“ веројатно ќе се соочат со одложувања поради прашања поврзани со проценките на влијанието врз животната средина. „Ова е сериозна работа: сите компании што работат во Финска мора да го почитуваат законот. Во овој случај, тоа не се случи“, изјави Мултала за весникот „Helsingin Sanomat“ во вторникот.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 14 возачи и со еден е извршен службен разговор за „безобѕирно управување возило“

10 возеле без положен возачки испит.

Лишени од слобода 14 возачи и со еден е извршен службен разговор за „безобѕирно управување возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 13 возачи и со еден извршија службен разговор поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, 10 управувале возило без положен возачки испит и тоа: И.М.(25) од Скопје, 17-годишен малолетник од с.Студеничани, скопско, Ј.Б.(28) од населба Драчево, скопско, З.Н.(50) од с.Уларци, општина Чешиново Облешево, К.С.(56) од Битола, К.Р.(52) од с.Велебордо, општина Маврово-Ростуше, Д.Д.(43) од Гевгелија, Р.С.(62) од с.Врапчиште, гостиварско, 16-годишник од Кочани и Б.П.(56) од с.Дулица, Македонска Каменица, кој возел без дозвола и под дејство на алкохол. Под дејство на алкохол возеле и И.А.(47) од Куманово, како и А.К.(45) од с.Трубарево, скопско, кој имал и активна забрана за управување. Со активна мерка забрана за управување на возило возеле А.Ш.(39) од с.Обедник, демирхисарско и А.А.(32) од с.Поум, струшко. Додека, романскиот државјанин Г.М.(43) на автопатот Гевгелија - Демир Капија управувал возило со брзина од 178 километри на час на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер