МакедонијаКлинички центар доби нова компресорска станица за сите операциони салиСите 18 хируршки сали на Хирургија, салите на Оториноларингологија, Офталмологија и Максилофацијална хирургија од денеска се покриени и работат со новата компресорска станица во комплексот клиники Мајка Тереза во Скопје. Министерот за здравство Арбен Таравари уверува дека по десетдневно тестирање, трите нови комресори работат по сите стандарди. Во фукнција останува и стариот компресор, со цел да се избегнат ситуации како онаа кога лани во мај, операционите сали поради непријатна миризба на Клинички беа затворени, а за итни интервенции пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември”. -Компресорската станица веќе фунционира, значи имаме три нови компресори, комплетно нова инстанација. За среќа тука е и стариот компресор кој што ќе стои како „бекап“ за евентуално да не ни се повтори ваков проблем. Се надевам дека решивме уште еден проблем кој што беше подолг период на Клинички центар. Станицата е подготвена да се приклучат и други клиники евентуално ако им треба, значи треба сам инсталација да се поврзе,-Арбен Таравари – министер за здравство. На тендерот се пријави само една фирма и ја заврши работата во предвидениот рок од министерството.. Инаку компресорската станица која беше изградена пред 33 години, требло да биде заменета уште пред три години До крајот на годинава Таравари е оптимист дека би биле завршени реконструкциите во болниците во Охрид и Струмица, а од летово да почне и проектот за реновирање на болниците во Штип и Кичево. со реновирањето на клиниките Таравари очекува што поскоро да им се овозможи на онколошките пациенти со дисепрзија да ја примаат терартијата на повеќе клиники. -За онколошките пациенти, сигурен сум дека веќе имаат терапија. Дисперзацијата мора да функционира. Значи Битола, Тетово, Штип и ГОБ „8 Септември“, ќе мора да дистрибуираат и да дадат терапија на одредени пациенти коишто можат да примат во тие болници. Ќе останат најтешките пациенти да бидат третирани во клиничка болница на Клиниката за онкологија.. Министерот Таравари денеска изјави дека нема план за изградба на нов Клинички центар во 2025 година, а дека во меѓувреме ГОБ 8 семптеври треба да остане соодветна алтернатива.. Деновиве и директорот на Здравствениот фонд најави дека Владата размислува да ја стави во мирување иницијативата за изградба на нов клинички центар, а Осми септември да стане регионален центар за лекување на пациентите од Скопје, Куманово и Велес. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00