Клиничката болница „Аџибадем Систина“ останува отворена за прием на повредените пациенти - Канал 5

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ останува отворена за прием на повредените пациенти

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ останува отворена за бесплатен третман на сите пациенти што имаат потреба од болничка нега.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ останува отворена за прием на повредените пациенти

Длабоко сочувствуваме со семејствата на жртвите и им посакуваме побрзо закрепнување на повредените лица. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ останува отворена за бесплатен третман на сите пациенти што имаат потреба од болничка нега. Нашата цел е заеднички да се избориме со оваа страшна трагедија и да помогнеме онаму каде што е потребно.

Од 16 март до денес во амбулантите на Ургентниот центар на болницата, прегледани се 19 пациенти, а во моментов се хоспитализирани четири пациенти. По стабилизирање на здравствената состојба, дел од пациентите што беа хоспитализирани се пуштени на домашно лекување.

По добивањето на информацијата за трагичната несреќа, „Аџибадем Систина“ оформи Кризен штаб, кој е во постојана координација со Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство, со цел да се вклучи онаму каде што е најпотребно. За да овозможи максимална посветеност и грижа на повредените пациенти, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ создаде специјален лекарски конзилиум, составен од лекари од различни специјалности. На располагање се и 20 интензивни места за третман на најкритичните пациенти, како и целокупниот капацитет и медицински тим на болницата неопходен за итен третман.

Повредените лица што се третираат во „Аџибадем Систина“ ја добиваат најдобрата грижа на ниво на светските болници, а тоа го утврди и екипата на странски експерти, кои дојдоа да ја посетат болницата и да се запознаат со начинот на третман на пациентите.

„Имавме можност за размена на искуства со специјалисти по интензивно лекување и специјалисти по пластична хирургија од Израел и Чешка, кои ја посетија нашата болница. Тие се согласуваат дека нашите пациенти се лекуваат според сите светски протоколи и добиваат третман еднакво ист како што би добиле и во нивните болници. Добивме поддршка од нив за третманот“, вели д-р Никола Шиков, специјалист по анестезиологија со интензивно лекување.

Покрај третманот на пациентите во болницата, „Аџибадем Систина“ веднаш се вклучи во помош и со своите три медицински возила за транспорт на поврeдените лица до здравствените центри. Амбулантните возила се опремени со сета неопходна апаратура за спроведување на интензивна нега на пациентот за време на транспортот. Во возилото секогаш има анестезиолог и анестезиолошки техничар, кои ги следат виталните параметри на пациентот и спроведуваат медицинска нега.

Медицинските возила на „Аџибадем Систина“ досега извршија вкупно 18 медицински транспорти, од кои: 4 меѓународни транспорти до болниците во Солун, 2 медицински транспорти за преземање на пациенти од друга здравствена институција до нашата, и 12 медицински транспорти до аеродромот Петровец.

Клиничка болница „Аџибадем Систина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се одложува влегувањето во затвор на Стевчо Јакимовски

Се одлага почетокот на издржувањето на затворската казна на поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, кој од здравствени причини го побарал тоа уште на 12 јуни.

Се одложува влегувањето во затвор на Стевчо Јакимовски

Откако Апелацискиот суд претходно ја потврди пресудата со која Јакимовски е осуден на една година затвор, Основниот кривичен суд Скопје го прифатил неговото барање за одлагање на издржувањето на казната.

Сепак, конечната одлука за тоа до кога ќе трае одлагањето сè уште не е донесена, бидејќи судот не ги добил медицинските извештаи од двете приватни здравствени установи што ги навел Јакимовски.

До донесувањето на одлуката, Јакимовски нема да биде упатен на издржување на затворската казна.

Јакимовски инаку е правосилно осуден на една година затвор за незаконската изградба на општинската зграда. Во издржувањето на казната ќе му бидат пресметани и петте месеци што ги поминал во куќен притвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филков пред амбасадорите на ЕУ: Најобемниот реформски циклус во правосудството е веќе реалност

Министерот за правда Игор Филков денеска во Владата на брифинг со амбасадорите ги презентираше резултатите од спроведувањето на Реформската агенда во областа на владеењето на правото

Филков пред амбасадорите на ЕУ: Најобемниот реформски циклус во правосудството е веќе реалност

Министерот за правда Игор Филков денеска во Владата на брифинг со амбасадорите ги презентираше резултатите од спроведувањето на Реформската агенда во областа на владеењето на правото, реализираните законски реформи и следните чекори во исполнувањето на европските обврски на државата.

Во обраќањето, министерот Филков истакна дека Министерството за правда во изминатиот период реализирало најобемен законодавен реформски циклус, со силна динамика, професионален пристап и целосна посветеност на европската агенда.

„За помалку од две години подготвивме околу триесет законски решенија, од кои тринаесет се директно поврзани со Реформската агенда. Овој законодавен циклус претставува најобемен реформски процес реализиран од Министерството за правда во толку краток временски период и е јасен доказ за институционалниот капацитет, одговорноста и решителноста со кои се спроведуваат реформите“, истакна министерот Филков.

Тој нагласи дека реформите се реализираат во тесна координација со Владата, Европската комисија, експертската јавност и меѓународните партнери, со единствена цел – создавање функционален, ефикасен и европски правосуден систем.

Во рамките на четвртото барање за ослободување средства од Реформската агенда, во областа „Владеење на правото“ се следат 17 реформски чекори, при што седум од нив се поврзани со донесување на 13 законски решенија што се во надлежност на Министерството за правда.

Министерот информираше дека сите законски решенија се подготвени, четири веќе се донесени од Собранието, а останатите се наоѓаат во различни фази од законодавната постапка. Според тековната динамика, ќе биде пријавена реализација на осум реформски чекори, додека за уште два продолжуваат активностите за обезбедување поширока политичка поддршка, пред сè за Законот за јавното обвинителство и Изборниот законик.

Пред амбасадорите беа презентирани и најзначајните реализирани резултати, меѓу кои донесувањето на новиот Закон за Судскиот совет, целосно усогласен со препораките на Оценската мисија на Европската Унија и Венецијанската комисија, како и новите Закони за судска служба и за јавнообвинителска служба, со кои се гарантираат правата на вработените, се унапредува системот на вработување и се воспоставува правично вреднување на трудот.

Министерот Филков посочи дека се пополнети сите работни места во Агенцијата за управување со одземен имот, избрани се двајца нови членови на Судскиот совет согласно новиот закон, додека постапката за избор на третиот член е во завршна фаза. Дополнително, преку платформата на Европската комисија се евидентира континуирано зголемување на бројот на истраги, обвиненија, пресуди, конфискации и случаи на управување со одземен имот во предметите од областа на корупцијата, организираниот криминал и перењето пари.

Во завршна фаза се и новиот Закон за јавното обвинителство, Законот за судски буџет, новиот Закон за кривичната постапка и новиот Кривичен законик, со кои ќе се комплетира најобемниот реформски пакет во правосудството во последните години и ќе се воспостави современа правна рамка усогласена со европските стандарди.

„Реформите се инвестиција во иднината на државата. Со нив градиме посилни институции, поефикасно правосудство, повисока доверба кај граѓаните и побрза европска интеграција. Таму каде што е потребен политички консензус, очекувам одговорност и државнички пристап од сите политички чинители, затоа што европските реформи се обврска кон државата и кон идните генерации“, порача министерот за правда Игор Филков.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нејт Сестина: „Нашата заедничка цел е да победуваме и да имаме резултати“

Нејт Сестина е подготвен за првиот настап во дресот на македонската сениорска репрезентација. 

Нејт Сестина: „Нашата заедничка цел е да победуваме и да имаме резултати“

„Јас сум момче кое сака тимска игра и работи за тимот“ порачува силнито крило на напата најдобра селекција пред дуелот со Ирска во Скопје.

Нејт Сестина е подготвен за првиот настап во дресот на македонската сениорска репрезентација. По повредата на раката која го спречи да дебитира во февруарскиот ФИБА „прозорец“, силното крило максимално подготвен го дочека новиот повик и веќе е дел од подготовките на избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал.

Играчот со евролигашко искуство веднаш се стави во функција на тимот кој ги одработува последните подготовки пред клучните натпревари од претквалификациите за Евробаскетот 2029. Првиот предизвик е дуелот со Ирска на 2 јули во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

Сестина вели дека првите впечатоци од новата средина се одлични и дека со нетрпение го очекува моментот кога ќе го облече македонскиот дрес на официјален натпревар.

„Одлично се чувствувам овде. Тимот ми посака добредојде и моето прво искуство во Македонија е одлично. Имаме добар тим кој може да се натпреварува. Возбуден сум што имам шанса да играм на теренот со овие играчи, верувам дека исто се чувствуваат и моите соиграчи“, вели Сестина.

Заедничката работа и следењето на замислите на стручниот штаб се главниот фокус во пресрет на дуелите со Ирска и Луксембург.

„Работиме заедно, гледаме да се држиме до планот на игра, затоа што нашата заедничка цел е да победуваме и да имаме резултати“, додава новиот репрезентативец.

Од кошаркарот кој во последните сезони беше дел од европски гиганти се очекува да донесе квалитет во шутот, енергија и искуство на теренот.

„Од мене може да очекувате добра енергија, шут за три поени, но и тимска пожртвуваност. Јас сум момче кое сака тимска игра и работи за тимот. Се радувам на новиот предизвик и чекам на следниот меч“, порача Сестина пред своето деби во македонскиот национален тим.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер