ЗдравјеKлиматските промени станаа закана по здравјето на луѓетоГлавоболки, проблеми со крвниот притисок, влошување на кардиоваскуларните и респираторните болести. Климатските промени станаа закана по здравјето на луѓето.Климатските промени сe причина за почестите топлотни бранови, задоцнета есен и топли зими. Според стручните лица, несомнено човечкото тело знае како да се прилагоди на промените, но ваквите нагли и драстични временски промени во температурите се предизвик за сите нас. Бојан Трајановски кој е доктор по општа медицина за МИА вели дека од секојдневната работа со пациентите забележува дека честите промени во атмосферскот притисок, како последица на климатските промени, несомнено се одразуваат и кај луѓето. Појаснува дека тоа е највидливо кај кардиоваскуларниот притисок, процесот на дишење, особено кај астматичарите, хроничната опструктивна болест и кардиоваскуларни заболувања. Според него, за целата таа состојба главниот проблем настанува најчесто при пад на притисок, поради целосната промена која што е во атмосферскиот притисок и во температурната разлика. – На пример кога луѓето одат од топло на ладно, доаѓа до пад на притисокот, а со тоа се појавува малаксаност, температурата може да се промени, општа слабост што ја објаснуваат пациентите, односно главоболката која може да биде еднострана, двострана или пак, најчесто во пределот на вратот, истакнува Трајковски. Најмалку 85 отсто од светското население е под влијание на климатските промени Студијата „Доказ заснован на машинско учење и мапирање на атрибути на 100.000 студии за влијанието на климата“, спроведена под водство на Меркатор Истражувачкиот институт за глобални климатски промени и климатска анализа, покажува дека дури најмалку 85 отсто од светското население е под влијание на климатските промени. Тоа влијание особено ќе биде видливо со доаѓањето на есента, за која од УХМР најавуваат дека оваа година ќе задоцни. – Не се исклучува можноста до крајот на септември да имаме продолжеток на летото, потопол период и постепено заладување во октомври и ноември. Поради Ла Ниња условите можна е појава на студени бранови во доцна есен. Се пореални се очекувањата дека во есента ќе продолжи трендот на негативни отстапувања во однос на просечните количини на врнежи, како што беше и досега. Се очекува целиот југоисточен регион на Европа да има сушна есен и подпросечна количина на врнежи, наведуваат од УХМР. И метео прогнозерот Славчо Поповски во разговор за МИА вели според метеоролошките анализи, не очекува топла есен. – Претпладнето денот е сончев и многу топол, но попладнето нестабилен, врнежлив и значително посвеж и тоа поради влијанието на висински циклон и на влажна и нестабилна воздушна маса. Претстојната есен кај нас барем според моменталните анализи со кој располагаме би требало да донесе потопло време од вообичаеното, со натпросечно високи температури на воздухот, значи ќе имаме т.н. индиско лето. Но сепак ќе има и денови со невреме и пониски температури. На вакви временски непогоди какви што имаме деновиве треба да се навикнеме. Тие ќе бидат и многу посилни за жал во следните години, потенцира Поповски. Тој вели дека климатските промени се почесто предизвикуваат силни временски непогоди и поплави на повеќе места и дека таквите појави ќе бидат се почести. Професор д-р Михаил Кочубовски од Институтот за јавно здравје посочува дека поради актуелноста на климатските појави за првпат била направена студија поврзана со нивното влијание врз човечкото тело. Студијата покажува дека при нагла промена од ладно на топло, се зголемува бројот на прием на пациенти. – Ние направивме студија пред неколку години, ги поврзавме високите летни температури со хоспитализации, тоа за првпат го направивме и забележавме дека кога се топлотните бранови имаме зголемен број на прием во болница, од болести кои се поврзани со температурите. Колку поголеми климатски промени, тоа значи и поголеми последици врз човековото тело, вели Кочубовски за МИА. Раководителот на Итната медицинска помош при Здравствен дом Скопје, д-р Милица Бубало за МИА додава дека симптомите се за секој различни. -Кога имаме на пример, нагло врнење дожд, може да има поголем број инфаркти, се зависи од момент до момент. Со секоја временска промена на удар се хроничните болни, а понатаму и старосните групи – повозрасната популација секојпат е поподложна на промените и повеќе реагира отколку помладата популација. Постарата популација поради фрагилноста на крвните садови, потешко се прилагодува на топлотни промени на температурни разлики. Но затоа, помладата популација, бидејќи кај нив се повитални и поеластични крвните садови, полесно и побрзо се прилагодува на промените на климата, потенцира таа. Одморот и водата единствениот лек за последиците Докторите препорачуваат дека единственото решение е отспивање при појава на главоболки, како и конзумирање повеќе солена храна и вода. – Доколку одреден пациент чувствува болка даваме некаков вид на аналгетик може да е на база на витамин Б кои делуваат на смирување на нервниот систем или болка не директно, меѓутоа индиректно имаат влијание. И отспивање затоа што нема начин како ние да ја исконтролираме таа метеопатска промена, времето е виша сила која ние не ја контролираме, единствено можеме да ги контролираме условите во кои ние функционираме, нема врска дали си внатре или надвор, влијанието на времето и на атмосферскиот притисок е секаде исто, вели Трајковски. Додава дека течностите и солената храна се исто така добра опција за подобрување на состојбата. – На овој начин притисокот кој е низок ќе го кренеме и со самото тоа и срцебиењето и телото би требало да се стабилизираат. Кај пациентите кои се со кардиоваскуларни заболувања или висок притисок, со хипертензии, кај нив се случува пад на притисокот, па се препорачува ако дента измерат низок притисок да ги скокнат апчињата кои ги примале за притсок или трбеало да ги примат тој ден, некои конкретни совети нема освен одлежување, течност и мирување, советува Трајковски. Според анализите од Светската здравствена организација, помеѓу 2030 и 2050 година, се очекува климатските промени да предизвикаат приближно 250.000 дополнителни смртни случаи годишно, од неухранетост, маларија, дијареа и топлотен стрес. Во најголем ризик ќе бидат областите со слаба здравствена инфраструктура, главно земјите во развој./MИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизХајди Клум позира топлес покрај базен: Обожавателите ја нарекуваат „кралица“Хајди Клум (53) го искористи сончевиот викенд за релаксација покрај базен. Во неделата, манекенката објави фотографија на Инстаграм на која седи на работ од базенот, со нозете во водата и кренати раце.Таа носеше само долен дел од црно бикини и качкет, додека покрај неа седеше нејзината 22-годишна ќерка, Лени. Лени во скутот држеше кученце по име Фриц – кое Хајди го вдоми во април. „Недела“, напиша таа кратко покрај фотографијата. Хајди не се крие Објавата брзо го привлече вниманието на нејзините следбеници, кои го преплавија делот за коментари со комплименти. Некои ја нарекоа „кралица“ и „божица“, додека други едноставно напишаа „вау“. Хајди со години отворено зборува за својот став кон сопственото тело и голотијата. Во интервју за списанието „People“, таа објасни дека ваквиот пристап за неа е сосема природен. „Отсекогаш сум била многу отворена во однос на своето тело. Кога се сончам во градината, понекогаш не носам горен дел. Јас сум Европејка... моите деца никогаш не ме запознале поинаку, што веројатно е причината зошто тие се поопуштени во однос на сопствените тела“, изјави таа. Манекенката исто така истакна дека никогаш премногу не се грижела за тоа како изгледа пред другите. „Отсекогаш сум имала самодоверба. Немам проблем да шетам наоколу во долна облека. Не се кријам по ќошиња“, појасни Хајди. Таа не сака инјекции за слабеење Клум претходно зборуваше за тоа како се справува со телесните промени што доаѓаат со стареењето. Според неа, во тоа има поддршка од нејзиниот сопруг, Том Каулиц (37), кој ја охрабрува да не биде опседната со стандардите за слабост наметнати од модната индустрија. View this post on Instagram A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) Денес, таа смета дека неколкуте килограми вишок воопшто не ѝ пречат и дека таквата фигура одлично ѝ прилега. Истовремено, таа изјави дека нема интерес за лекови за слабеење, како што се „Ozempic“, „Wegovy“ или „Mounjaro“. Наместо тоа, таа се стреми да одржува рамнотежа преку исхраната и редовната физичка активност. Не поминува часови во теретана, бидејќи претпочита поедноставни форми на вежбање. Дома, во Лос Анџелес, таа често скока на трамболина или изведува вежби со сопствена тежина, вклучително и чучњеви.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЖена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случајМаж, за кој постои сомневање дека е заразен со ебола, пристигна во Швајцарија од Нигерија и е примен во Универзитетската болница во Цирих, потврди денеска портпарол на болницата, пренесува Ројтерс.Владата на Нигерија претходно соопшти дека жена заразена со ебола – сопруга на швајцарски дипломат – утрово заминала за Швајцарија со специјален лет за медицинска евакуација. Во авионот бил и нејзиниот сопруг. Според веб-страниците за следење летови, авионот пристигнал во Швајцарија попладнево. Жена пренесена во Женева на лекување Портпаролот на болницата во Цирих не го откри идентитетот на мажот, но потврди дека една жена е пренесена во Женева на лекување. Властите во Женева одбија да го коментираат случајот, наведувајќи дека швајцарската влада наскоро ќе издаде соопштение со дополнителни детали. Извор: Индекс.хрТагови: ебола Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГраѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
АвтомобилизамДури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во кризаУделот на кинескиот пазар во вкупната добивка на групацијата е намален од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со локалниот производител „Xpeng“ сè уште не ги дава очекуваните резултати.Со години, Кина беше еден од најважните пазари за „Volkswagen“, но ситуацијата значително се промени. Уделот на Кина во вкупната добивка на групацијата падна од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со кинескиот производител „Xpeng“ сè уште не ги носи очекуваните резултати. „Volkswagen“ инвестираше 700 милиони долари во „Xpeng“, стекнувајќи удел од 4,99 отсто. Двете компании развија заедничка електрична и електронска архитектура за нови електрични возила, вклучувајќи ги моделите „ID. Unyx 08“ и „ID. Unyx 09“. Концептот беше автомобилите да се развиваат и произведуваат во Кина, приспособени за локалните купувачи. Сепак, продажбата на првиот модел е далеку под предвидувањата. Според податоците објавени од Ројтерс, во периодот од април до август, месечно се продавале во просек само 267 примероци од моделот „ID. Unyx 08“. Тоа е помалку од десет отсто од првичната цел од 3.622 возила месечно. Поради овие слаби резултати, „Volkswagen“ ја намали целта за продажба за 2026 година од 32.600 на 12.300 автомобили. Целта за 2027 година исто така е ревидирана, намалувајќи се од 70.400 на 64.000 возила. Технологијата и продажната мрежа како предизвик Моделот „ID. Unyx 08“ се одликува со модерен дизајн и богата дигитална опрема. Сепак, според извештаите, тој заостанува зад одредени кинески конкуренти во поглед на технологијата и брзината на полнење. Продажната мрежа претставува дополнителен предизвик: моделот првенствено се продава преку околу 166 продажни места на „Volkswagen Anhui“, наместо преку значително пошироката мрежа на партнерства со „FAW“ и „SAIC“. Сепак, „Volkswagen“ останува посветен на Кина. Компанијата очекува месечна продажба од најмногу 4.900 примероци од седанот „ID. Unyx 09“, со долгорочна цел до 2034 година да достигне 90.000 возила годишно. Овој модел ќе им конкурира на возила како што се „Tesla Model 3“ и „Xiaomi SU7“. Германскиот производител, исто така, ја разгледува можноста за извоз во Европа на возила произведени во Кина. Сепак, дополнителните царини за автомобилите произведени во Кина би можеле да го отежнат овој план. Поради тоа, како алтернатива се разгледува производство во германските погони, кои моментално работат со капацитет под максимумот. Извор: Б92Тагови: Volkswagen Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook