Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска на средба со жителите на Припор: Фокус на новите решенија и институционалната соработка
1Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска на средба со жителите на Припор: Фокус на новите решенија и институционалната соработка
ЖивотКлиматските промени довеле до исчезнување на древна цивилизација пред 3 800 години(ВИДЕО)Археолозите докажаа дека промената на климата во Перу предизвикала исчезнување на древна цивилизација пред 3 800 години.Археолозите прикажаа ѕид со мурал , најден во јавна церемонијална зграда на локалитетот Вичама , северно од главниот град на Перу , Лима. Муралот се верува дека потекнува од 1 800 година пред нашата ера. Археологот Рут Шеди Солис смета дека преку претставите на луѓе во облик на жаби , се прикажува собирањето вода од дождовите. Според фигурите , археолозите утврдиле дека настанале во период обележан со глад и жед на населението. Се смета дека цивилизацијата Карал, која го изработила овој мурал потекнува од пред 5 000 години и е најстара во Америка. Археолошѓкото место Вичама е заштитено од УНЕСКО од 2009 година. Archaeologists have unearthed an ancient mural believed to be over 3,000 years old in northern Peru Read today's top stories here: https://t.co/iOm40vn1kt pic.twitter.com/zDA0BLIALQ — Sky News (@SkyNews) August 20, 2019 Научниците веруваат дека оваа цивилизација исчезнала околу 1 800 година пред нашата ера , а археологот Солис смета дека причина за тоа е гладот и жедта предуизвикани од промената на климата во регионот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФатална Бразилка го понижи ВинисиусФатална Бразилка го понижи своето сега веќе екс момче, ѕвездата на Реал мадрид, Винисиус пред целиот свет, социјалните мрежите вријат од коментари .Бразилската инфлуенсерка Вирџинија Фонсека повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста откако раскина со Винисиус Жуниор, фудбалерот на Реал Мадрид. Винисиус Жуниор и бразилската инфлуенсерка Вирџинија Фонсека ја прекинаа врската пред една недела. Инаку, ова е вторпат славниот пар да стави крај на својата врска, а веста ја соопштија претставниците за односи со јавноста на познатата инфлуенсерка. Сепак, се чини дека Фонсека стана предмет на внимание во јавноста поради една изјава. Кога медиумите ја прашаа како се чувствува по разделбата, таа одговори едноставно и кратко, со насмевка: „Крај на врската со Винисиус? Чувствувам големо олеснување“, заклучи таа. Овие зборови предизвикаа вистинска бура во јавноста, а многумина ја сфатија пораката како директна навреда за славниот фудбалер. Винисиус сè уште нема дадено коментар за спорната изјава на својата поранешна девојка...Тагови: Винисиус Жуниор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЏенифер Лопез има нова љубов, наводно во врска со 11 помлад актер Според медиумските извештаи, светската музичка ѕвезда и актерот – кои заедно играат во филмот „Office Romance“ – се гледаат веќе некое време.Медиумите шпекулираат дека Џенифер Лопез и Брет Голдстин ја пренеле својата филмска романса во реалниот живот. Според медиумските извештаи, пејачката и актерот – кои заедно играат во филмот „Канцелариска романса“ (Office Romance) – се гледаат веќе некое време, иако во оваа фаза нивната врска не е сериозна. Извор открил за „Page Six“ дека 57-годишната Лопез и 46-годишниот Голдстин започнале неврзана романса, иако претходно ги демантираа гласините дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство. Шпекулациите повторно се разгореа на 16 октомври, кога беа забележани заедно на забава кај еден менаџер во Лос Анџелес. Наводно, тие пристигнале на настанот со ист автомобил, но се потрудиле да влезат одделно за да не привлекуваат премногу внимание. Според извори, Голдстајн пристигнал на забавата сам и си заминал сам, иако тој и Лопез сепак заедно го напуштиле настанот. „Едно нешто што им е заедничко е тоа што и двајцата сакаат излегувања, забави и ресторани“, вели изворот, осврнувајќи се и на поранешниот сопруг на Лопез, Бен Афлек. „За разлика од нејзиниот поранешен, Бен – кој секогаш имаше строг израз на лицето кога и да излезеа некаде“, додава изворот. Ова не е првпат Џенифер Лопез и ѕвездата од серијата „Тед Ласо“ да поттикнат шпекулации дека меѓу нив има нешто повеќе од обична професионална соработка. Уште летото се појавија информации дека, иако се обидувале да одржат професионален однос за време на снимањето на „Office Romance“, хемијата меѓу нив била „неодолива“. Двајцата беа видени заедно и во март 2025 година, кога присуствуваа на бродвејската претстава „Oh, Mary!“ – еден месец пред да започне снимањето на филм во кој заедно играа главни улоги. Голдстин го напиша сценариото за филмот „Office Romance“ за Лопез, а пејачката подоцна зборуваше за нивната соработка во емисијата на Енди Коен, „Watch What Happens Live“. „Тукушто завршив со снимање филм со Брет Голдстин и морам да кажам дека тој ми беше најдобриот партнер за бакнеж на екранот“, призна Лопез во октомври, со што дополнително ги поттикна шпекулациите за природата на нивната врска. Голдстин со години не крие дека ѝ се восхитува на Џенифер. Веќе со години е познато дека Голдстин е голем обожавател на славната пејачка. Уште во 2019 година, во својот подкаст „Films To Be Buried With“, тој зборуваше за нејзината улога во филмот „Hustlers“, не криејќи го своето воодушевување од нејзиниот изглед и харизма.Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиСветско чудо: На 13-години ја освои сениорската титула во скијачки скокови!Тринаесетгодишниот Матис Линдстрем ја освои титулата во Шведска во скијачки скокови во сениорска конкуренција, остварувајќи убедлива победа на натпреварот во Ерншелдсвик. Младиот Швеѓанец изведе скокови од 95 и 90 метри на скокалницата К-90, освојувајќи вкупно 223 поени. Второпласираниот Оскар Франсен собра 172,4 поени, што значи дека Линдстрем победи со предност од дури 50,6 поени. Третото место му припадна на Оливер Јидел, додека четврти беше Елвин Сванборг. Поискусните натпреварувачи Себастијан Девал и Маркус Фламстрем ги зазедоа последните две места во конкуренција од шестмина скокачи. Линдстрем го заврши првенството со три победи, бидејќи беше најдобар и во јуниорските категории на нормалната и средната скокалница. Младиот скокач го сврте вниманието кон себе во февруари, кога триумфираше на „Осло Винтергејмс“ (Oslo Wintergames), победувајќи 23 норвешки натпреварувачи на возраст од 12 до 15 години. Неговите резултати се особено значајни за шведските скијачки скокови, спорт кој се соочува со недостиг на натпреварувачи. На тој начин, Линдстрем се издвојува како еден од оние што би можеле да ја носат иднината на овој спорт во Шведска. Дополнителен поттик за развојот на скијачките скокови во таа земја би можело да биде Светското првенство во нордиски скијачки дисциплини, кое ќе се одржи во Фалун во 2027 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22