Климатолози: Екстремните невремиња и топлотни бранови ќе стануваат се почести - Канал 5

Климатолози: Екстремните невремиња и топлотни бранови ќе стануваат се почести

Страшните невремиња кои се случуваат во Хрватска и Србија изминативе денови, во иднина се очекува да бидат позачестени, вели климатологот во пензија, Пеце Ристевски.

Климатолози: Екстремните невремиња и топлотни бранови ќе стануваат се почести

Како што појаснува тој, ваквите природни катастрофи се временски состојби и воопшто не треба да не изненадуваат.

Причина плус за силното невреме кое зафати делови од Балканот, според него, е и близината на самото Јадранско море. Ристевски појаснува дека Џеновскиот залив и Северниот Јадран се циклонски подрачја кои имаат своја патека, која минува и низ нашата држава.

„Овие состојби на Балканот се поврзани и со појавата на циклонални активности, кои долго време успорувани од антициклоналната состојба во Македонија. Одредени патеки одат кон Словенија и Хрватска, дел долж Јадранското море и дел од нив кон Македонија“,изјави, Пеце Ристевски, климатолог.

Македонија низ својата историја била сведок на природни катастрофи, со голема материјална штета и изгубени човечки животи. Сепак, Ристевски смета дека во земјава е тешко да очекуваме ветришта со разурнувачки карактер како во Хрватска и Србија.

„Не е како што ние мислиме во тропските предели каде има циклони на широки пространства и ветрови од 200 до 300 километри. Тоа во Хрватска е многу специфично, затоа што се измерени ветришта со над 200 километри на час“,изјави, Пеце Ристевски, климатолог.

Целиот свет се труди на вистински начин да се справи со предизвиците настанати од климатските промени, додава Ристевски, и се настојува да се намалат елементите на стаклената градина. Според Ристевски, токму тие елементи влијаат врз топлотниот и енергетскиот биланс во атмосферата.

Инаку, освен Хрватска и Србија, и Македонија во текот на вчерашниот ден беше зафатена од силно невреме проследено со ветер и град. Најголеми штети се пријавени во неколку делови на Скопје, Кратово, Пробиштип, Кочани и Виница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директно предупредување: Америка ја чека брутален одговор

„Ние нема да оставиме ниту еден воен напад или агресија без одговор, и тоа го докажавме во пракса“, рече Багеи.

Директно предупредување: Америка ја чека брутален одговор

Ниту една американска агресија против Иран не смее да остане без одговор, предупреди денес портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, наведувајќи дека Техеран се потпира на сопствените способности и не се надева на помош од другата страна.

Багеи на прес-конференција рече дека користењето на дипломатски канали не треба да се толкува како Иран да ги полага своите надежи во која било друга земја, објави Тасним.

„Ние нема да оставиме ниту еден воен напад или агресија без одговор, и тоа го докажавме во пракса“, рече Багеи.

Тој рече дека Иран не е загрижен за внатрешните спорови меѓу американските претставници, но оцени дека Вашингтон „ја лишил дипломатијата од нејзиното значење“.

Тој нагласи дека дипломатијата треба да служи како средство за спречување на тензиите, додека, како што изјави, САД ја користеле како „алатка за поставување заседи и извршување изненадувачки напади“.

„Светот со сомнеж гледа кон американските дипломатски тврдења“, рече Багеи, истакнувајќи дека Иран, со оглед на неговото негативно искуство во соработката со Вашингтон, е особено должен да ги земе предвид минатите настани.

Зборувајќи за прекините во летовите кон САД, Багеи рече дека американската влада треба да модернизира застарена опрема и инфраструктура, наместо да троши пари за купување оружје и „убивање луѓе во Иран“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“

Пет возеле без положен возачки испит, три под дејство на алкохол, двајца со активна забрана, а еден ја пречекорил брзината.

Лишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, пет лица лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: С.А.(63), М.М.(20) од с.Лисец, тетовско, Е.Д.(28) од Штип, Ф.А.(62) од Радовиш и С.М.(36) од с.Ораовица, радовишко, кој управувал и нерегистрирано возило и бил под дејство на алкохол.

Под дејство на алкохол возеле три лица, и тоа: В.М.(38) од Прилеп, Р.Г.(56) од с.Инџиково, скопско и Б.П.(44) од Охрид, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода со материјална штета. Две лица управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување со моторно возило, и тоа: А.Б.(25) од с.Вирче, делчевско и Љ.Д.(56) од Струга. Додека, пак, Р.В.(34) од Радовиш управувал патничко возило со брзина поголема од дозволената.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Украина извршила напад со беспилотни летала врз еден од најголемите руски петрохемиски комплекси во Нижнекамск, град во Република Татарстан, објавија украинските медиуми.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Во нападот биле повредени три лица, соопшти регионалното министерство за здравство. Властите не објавија детали за тоа кој индустриски објект бил погоден. Снимки од голем пожар се проширија на социјалните мрежи во Русија и Украина. Според тие извештаи, пожарот избувнал во фабриката „Нижнекам-Сне-Фтехим“, во чиј состав има и рафинерија за нафта. Поради оштетувањето на објектот што снабдува со електрична енергија и дел од железничката мрежа, железничкиот сообраќај бил привремено прекинат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер