Непоткрепена порака за ешерихија коли во водата за пиење шири паника низ Скопје, остар демант од Град Скопје
2Непоткрепена порака за ешерихија коли во водата за пиење шири паника низ Скопје, остар демант од Град Скопје
3Дали изневерувате, а не сте ни свесни за тоа? Овие се 7 навики кои можат да ја уништат врската, иако не изгледаат како изневерување
ЗдравјеКлима-уредот никогаш не треба да го поставите на 26 степени – Дури и еден степен може да ви заштеди многу пари!Стручните лица сметаат дека без оглед за која сезона станува збор, оваа температура може негативно да влијае не само на уредот и финансиите, туку и на вашето здравје.Многумина веруваат дека поставувањето на клима-уредот на 26°С е совршена климатизација, таа се смета за оптимална, ниту ладно, ниту топло. Оваа температура често се поставува автоматски, се смета дека дава пријатна, благо студена клима во домаќинството. Меѓутоа, стручните лица тврдат дека ова не е најдобар избор и долгорочно гледано, поставување на клима-уредот на 26°С може негативно да влијае и на нашето здравје. Проблеми со температурата на 26 °С Еден од главните проблеми со поставката на 26°С е тоа што клима-уредот мора да работи подолго за да ја постигне оваа температура, а тоа може да доведе до поголема потрошувачка на енергија. Освен тоа, превисока температура може да ја зголеми влажноста во просторијата создавајќи идеални услови за раст на бактерии и мувла. Ова може да предизвика респираторни проблеми кај луѓето. Уште еден важен аспект е што ефикасноста на ладењето може да опадне, што на крајот ниту потрошувачката на енергија ниту удобноста не се оптимални. Препорачана температура Стручните лица советуваат дека идеална поставка на температурата е помеѓу 24 и 25°С. Овој опсег овозможува клима-уредот ефикасно и брзо да ја лади просторијата, истовремено држејќи ги сметките за струја под контрола. Интересно е што дури и намалувањето на температурата за 1°С може да заштеди електрична енергија за 5-10%, а тоа значајно влијае на трошоците во летните месеци кога клима-уредите работат почесто. Здравствени аспекти Покрај економската предност, правилно поставената температура на клима-уредот игра клучна улога во заштита на здравјето. Превисоката температура во станот може да предизвика исцрпеност, топлотен удар, па дури и топлотен стрес во екстремни услови. Исто така, клима-уредот кој работи на повисока температура може да ја зголеми влажноста на воздухот и да предизвика развој на мувла и патогени организми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
Македонија Панел-дискусија за годишнината од охридскиот договорДа ги учиме лекциите од минатото, но да се фокусираме на иднината на државата, без нови етнички линии, туку вистинско инклузивно општество. Ова беа дел од пораките на денешните панел дискусии со кои почна одбележувањето на 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Според министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, правата на заедниците се трајни и никој не треба да ги преспитува, а следните 25 години мораме да ги насочиме кон одговорност, квалитет и резултати. Борбата со корупцијата нема етничка припадност, посочи тој. Министерот за односи меѓу заедниците Агон Ферати, со порака дека отворениот и конструктивен дијалог е неопходен за создавање нова култура на политички и општествени односи. -Заштитата на правата не треба да значи дека ние како нација бесконечно ќе создаваме нови етнички линии во нашите институции или во нашето општество. Сметам јас лично дека ние како држава сме созреале да имаме капацитет да ги надминуваме етничките линии и да градиме вистинско граѓанско општество, којшто е насочено пред се на предизвиците на 21 век. Моја најголема грижа од политичка гледна точка е дека во нашето општетсво се уште постојат поединци и политички партии коишто се обидуваат да се наметнат како сопственици на една заедница по етничка линија, како само тие да штитат права не една етничка заедница и се грижат за меѓуетничките релации што постојат во државата и тоа е најопасната теза, изјави Муцунски. -Таквиот отворен и конструктивен дијалог би бил силна порака до јавноста и темел за градење на нашите внатрешни капацитети за нова култура на политички и општествен дијалог, изјави Ферати. За лидерите на ВРЕДИ и градоначалници на Тетово и Чаир, Касами и Меџити, спроведувањето на Охрдискиот рамковен договор мора да продолжи, но потребна е поголема функционална децентрализација која придонесува за мултиетничкото општество и соживотот. -После 25 години ме е доволно да кажеме дека децентрализацијата е важна, мора да прифатиме дека процесот страгнирал и дека неколку начела од Охрдискиот договор се уште чекаат на целосна имплементација. Потребно ние ново партнерство меѓу централната и локалната власт, изјави Касами. -Ние влеговме во нова фаза од административни механизми кон законски и институционални гаранции. Најзначаен пример е правичната застапеност. Години по ред ова начело се спроведуваше преку административните механизми, а денес целта е тој да се уреди со посебен закон и да претставува јасна обврска за државните институции, изјави Меџити. Одбележувањето на јубилејот продолжува и утре во 19 и 30 часот на Камениот мост во Скопје. ДУИ, пак, за утре попладне закажа сопствен настан во хотелот „Александар Палас“ во Скопје за одбележувањето на 25-годишнината од Рамковниот договор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
МакедонијаНепоткрепена порака за ешерихија коли во водата за пиење шири паника низ Скопје, остар демант од Град СкопјеВознемиреност меѓу скопјани, предизвикаа пораки кои се шират од вчера со тврдење дека во водата во Скопје е пронајдена бактеријата ешерихија коли.Пред малку со остар демант за овие шпекулации излезе градоначлникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, кој ги презентираше последните лабараториски анализи. Маја Стојановска ја следеше прес конференцијата во Град Скопје. Маја, може ли граѓаните да бидат мирни и да ја конзумираат водата од чешмите? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: Град Скопје Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
МакедонијаУставниот суд возврати: Судската независност не може да биде оправдување за непочитување на УставотСудската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот, одговори Уставниот суд на забелешките на Судскиот совет и Здружението на судии .Судската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот, одговори Уставниот суд на забелешките на Судскиот совет и Здружението на судии кои побараа воздржаност и внимателност од Уставниот суд за случајот со судијата од Основниот суд Скопје, пријавен за непочитување на нивна одлука за конкеретн предмет... Заедничкиот став на Судскиот совет и Здружението на судии има одредени противречности и уставно-правни апсурдности – се вели во реакцијата на Уставниот суд , кој повикувајчуи се на повеќе членови од Утсавот оценува дека овој суд има посебна уставна положба и не подлежи на начелото на поделба на власта. -Почитувањето и извршувањето на одлуките на Уставниот суд не е прашање на избор, на толкување или пак, согласност на кој било орган или кое било службено лице. // Односот на Уставниот суд кон останатите власти не е однос на надреденост, туку одржување на состојбата на уставноста, и оттука извршувањето на неговите одлуки не претставува извршување на одлука на државен орган, туку претставува постапување во согласност со Уставот. Извршувањето на одлуките на Уставниот суд значи постапување во согласност со Уставот,- - Појаснување во врска со извршувањето на одлуките на Уставниот суд. Уставниот суд појаснува и дека неправосилноста на одлуката не ја менува фактичката состојба дека судијата не ја извршил нивната одлука, а дополнително, ја игнорирал и практиката на Европскиот суд за човекови права, спротивно на ставот на Судскиот совет и на Здружението на судии, кои ценат дека за законитоста на одлуката треба да одлучува Апелација. Правниот експерт Дарко Аврамовски оценува дека во конкретниот случај, има пропусти во одлучувањето и на Уставниот суд и на Основниот, меѓутоа, како што посочи, во државава постои недоволно развиена правна пракса а се уште до крај не се диференцирани колкави се надлежностите на Уставниот суд. -Многу би било добро доколку овој случај е иницијалната каписла која ќе ги седне на иста маса Уставниот суд, Судскиот совет и редовното судство, на која ќе може да се договори некаква предвидливост во постапувањето и на Уставниот суд при одлучување за сторени повреди од страна на редовните судови но и механизмите за примена и давање на практичен ефект на овие одлуки на Уставниот суд од страна на редовните судови. Самиот пропуст на Уставниот суд да наведе дека ги поништува одлуките и како треба да се спроведе одлуката во пракса, не создава имунитет кај редовните судови затоа што одговорноста е префлена кај нив и тие мора да најдат начин како да ги имплементираат одлуките на Уставниот суд,- - Дарко Аврамовски, Коалиција сите за правично судење. Во однос на тоа дали судијата од Основниот суд ќе сноси дисциплинска или кривична одговорност за своето постапување, Аврамовски посочува дека се уште е рано да се зборува дали таква постапка ќе биде покрената, а како клучен аргумент ја наведува токму правната дилема, дали се работи за различно толкување на правото и фактите од страна на Основниот суд во контекст на одлуките на Уставниот суд. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook