Клековски ВД директор на ФЗОМ, Пандов ВД директор на Управата за извршување санкци

Владата го назначи Александар Пандов за нов ВД директор на Управата за извршување на санкции. 

Пандов е дипломиран историчар на Институтот по историја на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Бил пратеник во македонското собрание од 1998 до 2002 година. Пандов има работно искуство во приватниот сектор.

За ВД директор на Фондот за здравствено осигурување, владата го назначи Сашо Клековски. Клековски завршил Медицински факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и МБА академска програма на УАЦС. Тој има триесет годишно искуство како менаџер, аналитичар, консултант во јавниот, граѓанскиот и приватниот сектор. Основач е и член на органи на повеќе граѓански организации, а соработувал со голем број на граѓански организации, мрежи и платформи од различни подрачја. Прв ко-претседател на Заедничкиот консултативен комитет на граѓанското општество меѓу Европската Унија и Република Македонија од 2007 година до 2010 година. Предавач на Факултетот за деловна економија и менаџмент на УАЦС на МБА студии по предметот Претприемнички финансии од 2013 до 2016 година. Во јавниот сектор работел на подготовка на повеќе национални стратегии, како на пример првата Стратегија за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2007-2011 година и првата Државна програма за превенција и репресија на корупцијата 2007-2011 година, како и на јакнење на капацитетот на институции, како што се Народен правобранител и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Во приватниот сектор работел на стратешки анализи, како на пример Индексот за бирократија во 2020 и 2021 година и како консултант на реструктуирање на бизниси.

Владата го назначи Оливер Миланов за ВД директор на Агенцијата за храна и ветеринарство. Миланов завршил Стоматолошки факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Миланов има работно искуство во делот на безбедност на храна, а доаѓа од позицијата ВД раководител на Секторот за храна од неживотинско потекло во Агенција за храна и ветеринарство.

Учествувал во комисии и работилници од областа на безбедност на храна, а се стекнал со меѓународни сертификати преку учество на обуки во организација на Европската Унија.

Владата му препорача на Управниот одбор на ЈП за стопанисување со државни шуми „Национални шуми“ да го избере Здравко Трајанов на ВД директор на „Национални шуми“.

Трајанов е редовен професор на Шумарски факултет во Скопје, на областа Искористување на шумите, Механизација во шумарството и Други, по предметите Шумски транспорт, Отворање на шумите, Вовед во градежништво, Парковски инфраструктурни објекти, Влијание на активностите врз животната средина, Феријална пракса. Трајанов во 2001 година бил член на бордот на директори на ШИК Плачковица – Радовиш (претставник на државниот капитал). Во 2006 година бил надворешен советник во ЈП Македонски шуми, а бил и учесник во работната група за трансформација на ЈП Македонски шуми во 2013 година. Трајанов бил советник во Советот на Општина Радовиш, како и пратеник во Парламентот од 2020 до 2024 година. Тој има посетувано бројни обуки и има објавено голем број на научни и истражувачки трудови во областа на шумарството.

На позицијата ВД директор на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони е назначен Гоце Димовски. Димовски е доктор на науки, докторирал на тема „Улогата на странските директни инвестиции на перформансите на малите и средни претпријатија во Република Македонија”. Тој има долгогодишно работно искуство во институции и компании како што се ОБСЕ-ОДИХР, Министерство за транспорт и врски, Национален Парк „Маврово”, Совет за јавните набавки на Македонија, Јавно сообраќајно претпријатие – Скопје, Пелагонија АД Гостивар, Министерство за финансии – Проект за подобрување на општинските услуги (МСИП и МСИП2) финансиран од Светска Банка, ЦРППР - Проект за стратешко планирање, истражување, развој на студии и креирање на пакет проекти за регионален развој на Полошкиот регион (iCARE) и Совет на Општина Гостивар.

Димовски исто така има искуство во имплементација на инвестициски проекти финансирани од различни меѓународни финансиски институции како што се Светска Банка, Европската инвестициона банка, Банката за развој при Советот на Европа, Европската банка за реконструкција и развој и Германската развојна банка КфВ, соопштуваат од Владата.

Припадник на ИД е осуден на 30 години затвор за убиство на две лица во геј бар во Осло

Норвешкиот суд осуди човек од ИД на 30 години затвор за напад во геј бар во Осло во 2022 година. Нападот се случи за време на Парадата на гордоста.

Заниер Матапур уби две лица и тешко рани уште деветмина, откако отвори оган врз толпата пред Лондон паб, популарен геј бар во норвешката престолнина, пишува ДВ. Окружниот суд во Осло соопшти дека Матапур испукал 10 куршуми од автомат и осум истрели од пиштол кон луѓето.

„Ова е големо олеснување“, рече Еспен Евјент, шеф на група за поддршка на преживеаните и роднините на жртвите. Самиот Евџент бил застрелан во лондонскиот паб. Обвинителот Ауд Кинсарвик Гравас ја нарече пресудата „вистински исход“ и „историски тешка казна“.

Матапур, кој е роден во Иран и како дете емигрирал во Норвешка, се заколнал на верност на таканаречената Исламска држава (ИД), соопштија обвинителите.

За време на судењето, и обвинителството и одбраната се согласиле дека Матапур пукал во толпата и немало сомнеж дека се работи за терористички напад.

Адвокатот на Матапур, Мариус Дитрихсон, побарал ослободителна пресуда, велејќи дека неговиот клиент бил поттикнат во нападот од дански разузнавач кој се претставувал како висок член на терористичката група ИД.

Престрелката ја шокира Норвешка, која има релативно ниска стапка на криминал, но во последните децении се забележани таканаречени напади на т.н. волци-самотници.

Атрактивна порно ѕвезда на најдобар начин го искористи старото БМВ (ВИДЕО)

Атрактивната Рајли Дизел им е добро позната на фановите на платформата OnlyFans, но и на корисниците на Инстаграм, Фејсбук и ТикТок, каде што објавува свои фотографии и видеа.

Сепак, на нејзината страница можете да видите повеќе од провокативна содржина.

Така, таа неодамна го претстави BMW X5 E53, произведен во периодот од 1999 до 2006 година и воодушеви многу фанови.

Што го прави стариот автомобил посебен, се прашувате, а одговорот е во видеото.

Портпаролот на Зеленски демантира дека имало договор за интервју со новинарот Такер Карлсон

Портпаролот на украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска негираше дека е договорено интервју со Зеленски од американскиот новинар Такер Карлсон.

Американскиот новинар, кој го привлече вниманието на светската јавност кога во февруари го интервјуираше рускиот претседател Владимир Путин во Москва, претходно најави интервју со украинскиот претседател.

„Господин Такер Карлсон треба повнимателно да ги провери своите извори од ФСБ. Претседателот на Украина има сосема поинаков распоред, а Такер Карлсон не е во него“, изјави портпаролот на претседателот на Украина, Серхи Никифоров, а пренесува Укринформ.

Карлсон на социјалните мрежи објави дека „очигледно“ добил интервју со Зеленски.

„Изгледа дека добивме интервју со Зеленски. Се обидуваме две години, а особено интензивно по интервјуто со Путин во февруари. Поентата е да им ги дадеме на Американците многу потребните информации за конфликтот што целосно ја преобликува нивната земја и позиција во светот. Се надеваме дека (интервјуто) доаѓа наскоро“, напиша Карлсон на X.

Карлсон е првиот западен новинар кој го интервјуирал рускиот претседател од почетокот на руската воена операција во Украина во февруари 2022 година.

За време на двочасовното интервју објавено ноќта на 9 февруари, кое имаше повеќе од 170 милиони прегледи на социјалната мрежа X и повеќе од 10 милиони на YouTube, Путин, меѓу другото, рече дека Русија нема да го нападне НАТО, особено Полска, Латвија и другите балтички земји.

притисни ентер