Клековски: Нема категории граѓани кои не се покриени со здравствено осигурување - Канал 5

Клековски: Нема категории граѓани кои не се покриени со здравствено осигурување

 Во Македонија како социјална држава немаме категории граѓани кои не се покриени со здравствено осигурување. 

Клековски: Нема категории граѓани кои не се покриени со здравствено осигурување

Постојат многу основи предвидени со закон за здравствено осигурување кои нудат сеопфатност, а за граѓаните кои не можат да се осигураат по ниту една основа има посебна основа. Тоа се лица кои не остваруваат приходи. Овие лица се осигуруваат преку програма на Минстерството за здравство кое плаќа здравствено осигурување за нив, истакна денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Посочи дека како потврда на фактот дека нема категорија граѓани која не е осигурана говори тоа дека во моментот има 1.836.000 осигуреници од кои 470.000 или секој четврти граѓанин не остварува приходи.

Во основа оваа категорија, појасни тој, овозможува за лицата кои минатата година имале под 293.000 денари приходи, кои во последните два месеца имале помалку од 48.000 денари да добијат бесплатно здравствено осигурување, а за лицата кои имале повисоки приходи од овие плаќаат придонес на основица 50 отсто од просечна плата, а тоа е 2.593 денари месечно, да се здобијат со здравствено осигурување.

- Точно е дека немаме категории кои не се опфатени, но има проблеми со здравствено осигурување во поедини случаи, но ние работиме на тоа. Прво работната група на Министерството за здравство, Министерството за финансии, Управата за јавни приходи и Фондот, кои ги гледа овие критериумите за тие 470.000 лица. Тука имаме два типа проблеми, прво за лица кои непосредно дале или добиле отказ и како да се обезбеди транзицијата и второ лицата кои остваруваат нерегистрирани приходи односно работат во сивата економија во земјата или кои приходите ги остваруваат во странство. Овие лица не би требало да бидат осигурувани со бесплатно здравствено осигурување, рече Клековски.

Одговарајќи на новинарско прашање тој посочи дека можно е да има починати лица кои се носители на здравствено осигурување и преку нив да се осигурани други членови на семејството.

- Ние координираме со Матичните книги како да ја подобриме комуникацијата за прочистувањето на здравственото осигурување од вакви лица да биде редовно. Втората група каде е можно да имаме непотребно здравствено осигурување е во групата лица кои не остваруваат приходи, додаде Клековски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 15 возачи за „безобѕирно управување возило“, 10 возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 возачи поради „безобѕирно управување возило“.

Лишени од слобода 15 возачи за „безобѕирно управување возило“, 10 возеле без положен возачки испит

Од нив, 10 управувале возило без положен возачки испит од кои по две во Скопје, Тетово и Куманово и по едно во Прилеп, Свети Николе, Велес и Кавадарци. Под дејство на алкохол возеле по едно лице во Скопје, Битола, Македонска Каменица и Кавадарци и едно лице во Тетово управувало возило под мерка забрана за управување со моторно возило. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Град Скопје: Финализирани координациите за реализација на проектот Брз автобуски превоз (БРТ)

БРТ ќе обезбеди побрз, побезбеден, посигурен и поеколошки јавен превоз.

Град Скопје: Финализирани координациите за реализација на проектот Брз автобуски превоз (БРТ)

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска оствари работна средба со тимот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Македонија, предводен од директорот Фатих Туркменоглу, на која беа направени финалните координации за следните чекори во реализацијата и оптимализацијата на проектот Брз автобуски превоз (БРТ).

На средбата беше потврдена заедничката определба за успешно спроведување на проектот, кој претставува една од најзначајните инвестиции во модернизацијата на јавниот превоз во Скопје. По преземањето на мандатот, преку интензивна координација со Владата на Република Македонија, Министерството за транспорт, Министерството за финансии, ЕБОР и останатите надлежни институции, беа надминати долгогодишните пречки што го блокираа проектот и беа создадени услови за негова реализација.

БРТ ќе обезбеди побрз, побезбеден, посигурен и поеколошки јавен превоз, ќе придонесе за намалување на сообраќајниот метеж, подобрување на квалитетот на воздухот и поквалитетно секојдневие за граѓаните.

Воедно, беше нагласено дека проектот нема да се реализира на сметка на постојното булеварско зеленило. Напротив, предвидени се нови зелени површини и дополнително хортикултурно уредување, со што ќе се обезбеди помодерен, позелен и похуман урбан простор.

Проектот БРТ е дел од пошироката стратегија за модернизација на јавниот транспорт во Скопје. Паралелно се работи на воведување градски воз во соработка со Министерството за транспорт, набавка на 100 нови автобуси преку Владата и оптимализација на автобуската мрежа, со цел создавање интегриран, функционален и современ систем на урбана мобилност.

Со финализирањето на овие координации, проектот Брз автобуски превоз влегува во фаза на реализација, претставувајќи значаен чекор кон поефикасен, поодржлив и поквалитетен јавен транспорт за Скопје.

Со почит,

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Три лица лишени од слобода за семејно насилство во изминатото деноноќие

Три лица лишени од слобода, вкупно четири пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие

Три лица лишени од слобода за семејно насилство во изминатото деноноќие

Ноќеска (11.07.2026) во 01:20 часот во струмичко село полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 49-годишен жител од тоа село. Според пријавеното тој на 10.07.2026 околу 22:30 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 68-годишен татко и му нанел повреди. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 10.07.2026 во 20:40 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ч.С.(49) од кумановско затоа што физички ја нападнал неговата 33-годишна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 11.07.2026 во 00:10 часот во Полициската станица Тетово, 54-годишна жена од Тетово пријави дека на 10.07.2026 околу 21:00 часот во нивниот семеен дом, по претходна расправија за пари, нејзиниот син К.В. физички ја нападнал, нанесувајќи ѝ повреди. На оштетената ѝ била укажана лекарска помош во Клиничката болница Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.

На 11.07.2026 во 00:20 часот, во СВР Охрид лишена од слобода е Е.В.(36) од охридско која претходно, во семејниот дом, физички ја нападнала својата мајка. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер