ЗдравјеКлековски: Нема доцнење во исплатата на надоместокот за породилно отсуство и на капитациите за матични докториИсплатата на надоместокот за породилно отсуство и на капитациите за матични доктори се одвива во континуитет, изјави денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.Посочи дека исплатата на надоместокот за породилно отсуство тековно се одвива и за ноември се исплатени над 6.600 породолни отсуства. - Правиме анализи и согледувања дали има заостанати, исплати бидејќи бројот на исплатени породилни отсуства секој месец варира, немаме константен број. Можниот обем во декември е решен со прераспределбата во буџетот каде е зголемена позицијата за породилни отсуства и кај нас и во Министерството за економија и труд, бидејќи имавме раст на вкупниот број породилни исплати поради зголемувањето на платите, а не поради зголемување на бројот на родени бебиња и породилни отсуства, истакна Клековски. Во врска со информациите дека се доцни со исплата на капитации за матични доктори тој рече дека нема задоцнување во исплатите. - Од редовноста во исплатата од јули 2024 година може да се види дека Фондот за здравствено осигурување се придржува на договорените обврски, а тоа е исплата во рок од 60 дена од доставената фактура на матичните лекари и исплатата за ноември од 493 милиони денари во моментот се реализира. Од исплатите за матичните лекари може да се види дека ветеното зголемување од 33 отсто на капитациите на матичните лекари е исполнето, посочи Клековски. Додаде дека заклучно со денеска активни се 948 договори за општа медицина, 972 за општа стоматологија и 149 за гинекологија.Тагови: Сашо Клекоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00
НБАНикола Јокиќ и Ентони Дејвис се прогласени за кошаркари на неделата во НБАЕден од најдобите кошакари на светот, српскиот центар Никоја Јокиќ изминатата недела го водеше Денвер до скор од 3-1 во победи. Кошаркарите на Денвер Нагетс минатата недела загубија од Феникс Санс, а ги победија Бостон Селтикс, Хјустон Рокетс и Чикаго Булс. Никола Јокиќ прикажа маестрална игра во тие натпревари – постигна 28 поени против Феникс, 24 против Бостон, 26 против Хјустон и 37 против Чикаго, притоа остварувајќи 18 скока и 11 асистенции. Минатата недела тој беше прогласен за МВП на Западната конференција, со просек од 28,8 поени, 12 скока и 9,5 асистенции. Од друга страна, на Истокот, Вашингтон Визардс загубија од Хјустон и Мемфис, а остварија победи против Торонто, Чикаго и Орландо. Нивниот најдобар играч во тој период беше Ентони Дејвис, со просек од 26,5 поени и 9 скока, како и речиси 60 проценти успешност во шутот од поле.Тагови: НБА Никола Јокиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00
МакедонијаСо сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“Со сослушување на сведоци предложени од одбраната денеска во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени..Судењето почна на 19 ноември 2025 година, осум месеци по трагедијата за време на настапот на групата ДНК. Процесот го води судијката Дијана Груевска-Илиевска пред Основниот кривичен суд Скопје, а обвинението го застапува тимот од 15 главни обвинители. Опфатени се десетици физички и правни лица за тешки дела против општата безбедност.Тагови: Пожарот во Кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00
СветЛибија бара украинскиот претседател Зеленски да биде ставен на листата на терористи?Зеленски на листата на терористи? Членот на Претседателскиот совет на Либија, Муса ал-Кони, оцени дека нападот врз пристаништето во Бенгази претставува „објава на војна против либиската држава“. Тој побара итна седница на Советот за безбедност на ОН, како и ставање на украинскиот претседател Володимир Зеленски на листата на терористи. Ал-Кони во изјава, пренесена од либискиот портал „Ал-Васат“, наведе дека Бенгази бил изложен на „отворена воена агресија“. Според него, цел на нападот биле морското пристаниште и неговите клучни објекти, при што е причинета материјална штета, а има и повредени цивили. Тој смета дека станува збор за директен напад врз суверенитетот, безбедноста и стабилноста на Либија. „Ја сметаме украинската страна за целосно одговорна за овие терористички акти, за кои украинскиот претседател Володимир Зеленски презеде одговорност, ги најави и се фалеше со нив“, изјави Ал-Кони. Зеленски претходно објави дека украински поморски дронови ја потопиле руската корвета „Меркур“ кај брегот на Либија и го погодиле рускиот товарен брод „МВ Ангара“, кој, според него, се користел за транспорт на оружје. Ал-Кони ги предупреди украинските власти да не ја претвораат Либија во арена за меѓусебни пресметки. Тој, исто така, најави покренување правни и дипломатски иницијативи на регионално и меѓународно ниво, вклучително и обраќање до Меѓународниот суд на правдата, Советот за безбедност на ОН и други организации. Тој побара од Советот за безбедност на ОН итно да свика седница, да го стави Зеленски на листата на терористи и да преземе итни мерки за запирање на, како што наведе, нападите. Тој ги повика Обединетите нации и меѓународните организации да спроведат сериозна и транспарентна меѓународна истрага, да ги идентификуваат одговорните и да ги заштитат цивилите и клучните објекти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00