НБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси
2НБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси
Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
ЗдравјеКлековски: На Инфективна клиника фалат 100 нови вработувањаНа Инфективната клиника во Скопје недостасуваат дури 100 нови вработувања, беше кажано на денешниот брифинг на директорите на Фондот за здравствено осигурување со медиумите.- Тој одлив се случи со Ковид-19 и потоа. Делумно поради пензионирање, делумно поради заминување и состојбата со инфектолози е критична низ територијата на целата држава. Има многу мал интерес за специјализација по инфективни болести. Во повеќе болници сме останати на пензионерите со продолжување до 67 години и така натаму. Мораме и со програмата за специјализација, меѓутоа и со мотивацијата на персоналот, да обезбедиме „ладен погон“, ако може да кажам, минимум капацитети што мораме да ги имаме. Комуницираме со Министерството за здравство, со директорот на Инфективна, со Министерството за финансии. И дел од проблемот таму и сега да се одобрат 100 работни места, нема да има кој да биде вработен, изјави директорот Сашо Клековски. Тој, одговарајќи на новинарски прашања, кажа дека имаат прецизна евиденција колку лекови се трошат на Позитивната листа во аптеките преку системот на рецепти. - За жал, имаме никаква следливост на потрошувачката на обичните лекови, ако можам да кажам, во болниците. Скапата биолошка терапија е на условен буџет и таа е со зголемен надзор и следење ако можам да кажам. Дел се структурни проблеми, наследливост, бидејќи различни институции користат различни начини на одбележување на лековите. Има една работна група од сите институции да договориме да го поедноставиме начинот на следење и регистрација, за да дојдеме до точни податоци - колку лекови се употребуваат во болниците, информираше Клековски. На новинарско прашање рече дека нема да поскапи партиципацијата туку цената на основен специјалистички преглед која е 380 денари повеќе од 10 години. - Знаете колку чини специјалистички преглед во приватни здравствени установи? Разгледуваме неколку опции, цената нема да порасне како во приватните болници, меѓутоа зборуваме за соодветно валоризирање на трудот на специјалистите. Зголемувањето на партиципацијата може да биде за 10 - 15 денари, а не некакво радикално зголемување, одговори Клековски. Во однос на зголемување на капитацијата за матичните лекари, тој рече дека се во разговори со Здружението на приватни лекари и со стоматолозите и со матичните гинеколози, кои се сите во сегментот на примарна заштита. Разговарале за дестимулативните мерки, за казнената политика, за капитацијата и за превентивните методи, „во сите тие делови има измена, ние начелно имаме договорено цел каде сакаме да стигнеме, тоа ќе биде повеќе од пристојно зголемување“. Прашан кога договорците на дело ќе бидат ангажирани во здравството, тој рече дека подолг период се дискутирал моделот на вработување. - Еднаш е направена трансформација на договорите на дело во вработувања. Сега конечната одлука е дека нема да има трансформација на договорите на дело со закон. Туку, сите јавни здравствени установи имаат обврска да поднесат барање до Министерството за здравство и преку Фондот, до Министерството за финансии, за нови согласности за вработувања во 2025 и тоа да се реализира до 31 март 2025 година, како краен датум. Наша одлука, на Фондот, ги продолживме важностите на сите договори на дело за уште три месеци за да се обезбеди оваа транзиција. Таргетот е околу 1.500 вработувања, подвлече Клековски. Тој беше прашан дали има шанса за еден колективен договор во јавното здравство, бидејќи сега имало петнаесетина. - Еден колективен договор не значи помали права од петнаесетте колективни договори, туку значи во еден документ да ги вклучиме сите. Мислам дека е најтранспарентно и за синдикатите, односно за вработените и за работодавачите да сите систематизации, плати, бидат на едно место, смета Клековски. Се случувало да има забуни, кој колективен договор да се следи, а тоа создавало непотребни нервози, конфликти и судски спорови. - Баш можам да кажам, кој како си го договорил со министерот во минатото, таков колективен договор си потпишал и сега имаме професии што се потценети, а стануваат критични за натамошното функционирање на здравството, додаде Клековски. Прашан дали е вистина дека работниците на Стоматолошката клиника се без здравствено осигурување, посочи дека инциденти со здравственото осигурување се случуваат на дневна основа. Најчесто, заради чести прекини, пријави и одјави, што не се навремено приметени и поради такви грешки во пресметките, кога ќе истечат 60 дена од грешката, се прекинува. Кај нас има 10 луѓе ангажирани само за решавање такви условно кажано грешки во системот, најчесто предизвикани од чести пријави и одјави, појасни Клековски. Тој потсети дека има глобален недостиг на лекари, здравствени работници, а не само во нашата држава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
СветЏип удри во луѓе во Лос Анџелес, тројца загинатиНајмалку три лица загинаа, а тројца други се сериозно повредени откако џип влета во група пешаци во населбата Норт Холивуд во Лос Анџелес, пренесува Ројтерс. Инцидентот се случил нешто пред 18:00 часот по локално време. Полицијата сè уште работи на утврдување на точните околности – конкретно, дали возачот намерно удрил во луѓето или станува збор за несреќен случај. „Мораме точно да утврдиме што се случило и што довело до оваа трагедија“, изјави Кетрин Барџер, членка на Одборот на супервизори на округот Лос Анџелес. „Ќе ја следам истрагата и ќе барам дополнителни информации како што ќе излегуваат на виделина нови факти“, додаде таа. At least three people are dead after a car crashed into a food stand near a North Hollywood bus stop on Tuesday night. LAFD says three people were pronounced dead and three others were taken to a nearby hospital in critical condition. Breaking details in our bio. https://t.co/hOCLnAhBKQ — CBS LA (@CBSLosAngeles) November 11, 2026 Според претставници на полицијата и противпожарната служба во Лос Анџелес, три лица загинале на самото место, додека двајца пешаци и возачот на теренско возило биле пренесени во болница. Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, изјави дека теренско возило излетало на тротоарот и удрило во група улични продавачи и минувачи. Таа додаде дека службите за итни случаи се на терен и дека нејзиниот кабинет соработува со надлежните градски служби. „Срцето ми се крши за семејствата на сите погодени“, напиша таа на платформата X, додавајќи дека ќе сподели дополнителни информации штом ќе станат достапни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
МакедонијаНБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонесиНародната банка продолжува со постепено олеснување на условите за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола. Со најновата измена на Решението за администрација се овозможува исплата на плати, заедно со уплата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите што во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката. Оваа можност се однесува на компаниите за кои исплатата на плати преку „АЛТА банка“ АД Битола претставува воспоставена практика, односно кои континуирано ја користеле Банката за оваа намена и во трите месеци пред донесувањето на одлуката. Исто така, износот на средствата кои може да се користат од платежната сметка на фирмата во „АЛТА банка“ за исплата на платите може да биде повисок до 5% во однос на вкупниот износ на платите исплатени во октомври. На овој начин се овозможува продолжување на постојните текови на исплата и исполнување на обврските кон вработените и државата, а истовремено се задржува контролата врз одливите на средства од Банката. Со измената се овозможува и физичките лица во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат без ограничување на износот да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа. Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти. Притоа, приоритет остануваат заштитата на интересите на клиентите и постепеното олеснување на ограничувањата, со задржување на соодветната контрола врз одливите на средства.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРепубликанците го блокираа импичментот на Пит Хегсет, демократите најавуваат нов Републиканците во Претставничкиот дом на САД го блокираа обидот за импичмент на министерот за Одбрана Пит Хегсет.Со 211 гласа „за“ и 204 „против“ беше усвоен предлогот за упатување на осумте точки за импичмент до правосудниот комитет.Иницијативата ја поднесе републиканскиот конгресмен Томас Маси, но не доби поддршка од ниту еден друг републиканец. Демократите го обвинуваат Хегсет за злоупотреба на функцијата и незаконско наредување воени операции во Иран и Јемен.Во обвиненијата се споменуваат и американските напади врз бродови на Карибите, како и заробувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Хегсет ги отфрли обвинувањата, оценувајќи дека обидот за негов импичмент е политичка фарса.Тој ја бранеше воената политика на администрацијата на Доналд Трамп и тврдеше дека неговите наредби биле законски. Трамп и потпретседателот Џ.Д. Венс јавно застанаа во одбрана на министерот.Демократите, кои по среднорочните избори ќе ја преземат контролата врз Конгресот, најавуваат дека ќе разговараат за нова иницијатива. Незадоволството од војната во Иран беше и еден од факторите што влијаеја врз изборните резултати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter