Клекна да го запроси дечкото, неговиот потег ја расплака (видео) - Канал 5

Клекна да го запроси дечкото, неговиот потег ја расплака (видео)

​Една девојка одлучила повеќе да не чека партнерот да ѝ ја потврди љубовта, па решила таа да го запроси додека биле на патување во Дизниленд. 

Клекна да го запроси дечкото, неговиот потег ја расплака (видео)

Додека се фотографирале за своите пријатели, таа се свртела кон своето момче и со прстенот клекнала пред него сакајќи да го праша дали ќе ожени со неа.

На видеото, објавено на Тикток, момчето постојано се смее и не може да дојде до здив, девојката срамежливо клечи и вели: „Кажи дека сакаш да се омажиш за мене“. Откако се изнасмеа, момчето реши да се изјасни, па и тој го извади прстенот со кој планирал да ја запроси, оставајќи ја девојката збунета и изненадена. Потоа и двајцата се смеат сфаќајќи дека помеѓу нив постои синхронизираност, и дека одлуката е исправна од двете страни.

Додека двајцата клечат смеејќи се, конечно ги ставаат прстените, а потоа среќно позираат за пријателите и насобраните туристи, кои секако ги насмеа оваа ситуација.

- Никогаш нема да се посомневаат дека сакале да се венчаат-

- Честитки, вие сте судени еден за друг!-

- Зборовите се излишни.

- Направете да биде нормално жените да ги запросуваат мажите- коментирале корисниците на социјалната мрежа на која е објавено ова видео.

Оваа трогателна сцена која покажува двајца заљубени сигурни во своите одлуки, воодушеви многумина на социјалните мрежи, особено жените кои ѝ позавидоа на девојката што го избрала вистинскиот партнер. Еден од корисниците на Тикток забележал еден не толку важен детаљ во целата приказна, па прокоментирал дека двајцата клечеле на погрешно колено и дека запросувањето се изведува така што се клекнува на левото колено бидејќи тоа е поврзано со земјата, како што и свршеничкиот прстен се носи на домалиот прст од левата рака, бидејќи е поврзан со срцето.

@zeeemperest ♬ original sound - Zee Emperest

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода вкупно осум лица во, кај нив при преглед е пронајдена дрога

Лишени од слобода вкупно осум лица во Скопје, Струга и Кичево, кај нив при преглед е пронајдена дрога.

Лишени од слобода вкупно осум лица во, кај нив при преглед е пронајдена дрога

На 11/12.07.2026 во Скопје, на различни локации полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Т.Е.Б.(23), С.Б.(26), М.С.(33), Л.Д.(29), Е.М.(37) сите од Скопје и М.С.(18) од Тетово, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и бела грутчеста материја.

На 11.07.2026 полициски службеници од ОВР Неготино извршија службен разговор со Н.К.(26) од село Бистренци, демиркаписко, затоа што при преглед од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки, кај него била пронајдена и одземена марихуана. Известен бил јавен обвинител.

На 12.07.2026 во 01:00 часот, на ул.„Нико Нестор“ во Струга, лишен од слобода е Н.М.(18) од струшкото село Мислодежда кај кого, полициските службеници при извршен преглед, пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана.

На 12.07.2026 во 01:00 часот, кај месноста „Китино кале“ во Кичево, лишен од слобода е И.Ѓ.(48) од Белград, Република Србија кај кого, при извршен преглед, полициските службеници пронајдоа и одзедоа непозната бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД погодија 140 цели во Иран, Техеран повторно го затвори Ормускиот теснец

Американските сили погодија околу 140 воени цели во Иран во третиот бран напади извршени во текот на оваа недела, соопшти централната команда на САД – ЦЕНТКОМ.

САД погодија 140 цели во Иран, Техеран повторно го затвори Ормускиот теснец

Во нападите биле употребени проектили и оружје лансирано од борбени авиони, беспилотни летала и воени бродови. Меѓу погодените цели биле позиции за ракети и дронови, поморски капацитети, складишта за муниција, комуникациски мрежи и крајбрежни системи за надзор. Причина за последните напади бил нападот врз товарен брод под кипарско знаме од страна на Иран. Техеран соопшти дека бродот се движел по неодобрена маршрута и дека бил погоден откако не ги почитувал иранските поморски инструкции. Новата размена на оган следи по неуспехот за постигнување финален мировен договор меѓу двете страни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Глишиќ свечено осветен големиот крст, на осветувањето присуствуваше градоначалникот Јанчев

Денес во Глишиќ свечено беше осветен големиот крст, кој ќе остане како траен симбол на верата и духовноста за жителите на Глишиќ и целиот наш крај.

Во Глишиќ свечено осветен големиот крст, на осветувањето присуствуваше градоначалникот Јанчев

На чинот на осветувањето присуствуваа градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев и претседателот на Советот др Стојанчо Рамов. Овој значаен проект е реализиран благодарение на иницијативата и посветеноста на Месната заедница Глишиќ, со поддршка од Општина Кавадарци, ЈП „Комуналец“, општествено одговорни компании и физички лица кои несебично помогнаа во неговата изградба.

Крстот, висок 15 метри со распон од 10 метри, ќе биде место на молитва, благослов и духовно собирање, сведоштво за силната вера и заедничката желба да оставиме нешто вредно за идните генерации.

„Благодарност до сите кои дадоа свој придонес во реализацијата на ова дело. Нека овој свет христијански симбол носи мир, љубов и благослов за сите жители на Глишиќ и Кавадарци.“- објави Јанчев на Фејсбук

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер