На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
1На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
СкијањеКлебо доби лекарска дозвола за настап на завршницата во Светскиот купНајдобриот крос-кантри скијач на денешницата, Норвежанецот Јоханес Клебо, доби дозвола од лекарскиот тим да настапи на завршницата од Светскиот куп во Лејк Плесид.Настапот на шесткратен олимписки шампион на завршните трки во САД беше доведено во прашање поради повредата на Клебо спринт трката минатата недела во Драмен, кога Клебо претрпе полесни повреди на главата и благ потрес на мозокот. По неколкудневен одмор, лекарите му дадоа дозвола на 29-годишниот Норвежанец да патува во Лејк Плесид каде од петок до недела ќе се одржат завршните три трки од Светскиот куп во крос – кантри. „Свесен сум дека нема да бидам оптимално подготвен, со оглед на долгото патување и фактот дека нема да можам веднаш да се приспособам на временската зона. Но, сакам да се натпреварувам на финалето на Светскиот куп. Имам добри спомени од Светското првенство во САД, каде што учествував во минатото, и сакам повторно да се натпреварувам таму“, изјави Клебо за норвешките медиуми. Тагови: Клебо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБрвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36Брвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00
Македонија178 зони со ризик од поплави, усогласеност со ЕУ-директивата само 16%178 зони со потенцијален ризик од поплави се идентификувани низ Македонија.178 зони со потенцијален ризик од поплави се идентификувани низ Македонија, а усогласеноста на државата со европската Директива за поплави изнесува само 16%, покажуваат податоците од проектот за унапредување на имплементацијата на европската Директива за поплави. Проектот предвидува изработка на мапи на опасности и ризици од десет речни подсливови, кои треба да помогнат во утврдувањето на најзагрозените подрачја и планирањето на мерките за заштита. Паралелно се подготвуваат и измени на Законот и подзаконските акти за води, со цел националното законодавство да се усогласи со европските правила. Проектот предвидува и изработка на план за воведување систем за рано предупредување од поплави, со кој треба да се подобрат координацијата меѓу институциите и навременото информирање на населението. - Ние веќе ги сработивме амандманите во Законот за води, процедурата е во Министерство за животна. Исто работат на други амандмани за други области и очекувам дека во најскоро време ќе биде законот ставен во процедура, процедура на усвојување.-Татјана Тодоровска проектен директор на Ептиса -Овие зони со потенцијален ризик се дефинирани, значи, на основа на топографски, географски, хидрогеолошки, геолошки подлоги, информации за претходни поплави и меѓу останатото, значи, сè она што претходно се има случено е евидентирано како зона со потенцијален ризик од поплави во државава. Значи се работи за 178 прелиминарно идентификувани зони. За секоја од овие зони, значи, потребно е, согласно Европската директива, да се изработи проценка на ризикот од поплави.-Драган Ивановски –раководител на технички дел на Ептиса Црвениот крст има Интервентна единица од 40 членови, составена од медицински персонал, парамедици, лица задолжени за логистика и психосоцијална поддршка. Тимот е обучен да одговори на потребите на населението во првите 72 часа по катастрофа. Интервентната единица е формирана по трагедијата во Кочани, а била ангажирана и при последните поплави во Кичево. -Интервентниот тим функционира во првите 72 часа откако е случена одредена катастрофа или криза и овој тим поминува различен тип на обуки во текот на годината со цел да биде трениран и подготвен да одговори на потребите на заедницата во услови на катастрофа.-Ивона Ѓорѓиева – член на Интерветна единица Црвен крст Проектот за усогласување со европската Директива за поплави се спроведува од февруари минатата година, а неговото завршување е планирано до крајот на август наредната година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБрвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијатаБрвеница избира нов градоначалник. Шестмина кандидати се во трка за функцијата на предвремените избори. Право на глас имаат над 16 илјади граѓани. Јана Јосифоска го следи изборниот ден во Брвеница. На колку избирачки места се гласа, дали се се одвива регуларно и каква е излезеноста до сега? Целосниот извештај погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБрвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36Брвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00
ЗдравјеНа Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилствоПовеќе пациенти, повеќе трауми од стрес, сè потешки последици од семејното насилство врз жени и девојки. Само за седум месеци годинава, на Клиниката за психијатрија се евидентирани 101 лице со психички стрес поврзан со семејно или партнерско насилство. За споредба, тое речиси двојно повеќе во однос во целата 2025 година кога биле регистрирани 79 вакви случаи. Податоците од анализата ги презентираше професорката Славица Арсова директор на клиника за психијатрија. Најмногу случаи биле евидентирани во март – 27, во април – 23, а во јуни уште 21. Овие бројки временски се совпаѓаат со трагичниот настан во Скопје, кога мајка со своето дете скокна од балкон по долгогодишно семејно насилство. Жртвите доаѓаат од различни возрасни групи. Просечната возраст е 40 години, но меѓу пациентите има и 19 малолетници, како и 29 лица постари од 60 години а жените жртви се трипати побројни од мажите. Од Клиниката посочуваат дека овие податоци не се показател дека насилството нужно се зголемува, бидејќи врз бројот на евидентирани случаи влијаат и препознавањето, документирањето и упатувањето на жртвите. Но, статистиката на МВР покажува дека расте и бројот на пријави за семејно насилство. Од 4.421 пријава во 2022 година, бројката во 2025 година достигнала 5.436 – зголемување од 23 проценти. Минатата година најчесто како жртви биле евидентирани сопруги, родители и поранешни брачни партнери. Регистрирани биле и 1.195 кривични дела поврзани со семејно насилство. Зад статистиката се луѓе со сериозни психички последици, на кои често им е потребна стручна помош и заштита. Затоа, психијатрите ја нагласуваат потребата здравствените работници навреме да го препознаат насилството, да разговараат со пациентите за нивната безбедност и да ги вклучат надлежните институции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter