ЗабаваКлаудија Шифер ги поздрави фановите во бикини за својот 53. роденден (ФОТО)Една од најпознатите светски супермодели Клаудија Шифер неодамна го прослави својот 53 роденден, а за таа прилика реши да се пофали со фотографија во бикини.Поранешната манекенка моментално е во Грција, а на својот Инстаграм објави неколку фотографии и на видеото покажа неочекуван гостин кој пристигнал на нејзината роденденска прослава. „Прослава во грчкиот рај со посебен пријател кој дојде да ми честита роденден“, напиша таа покрај видеото на кое се гледа како пеперутка слетува на нејзината рака. View this post on Instagram A post shared by Claudia Schiffer (@claudiaschiffer) Нејзината објава им се допадна на повеќе од 90.000 луѓе, а покрај тоа што ѝ го честитаа роденденот, многумина во коментарите го пофалија и нејзиниот изглед. „Значи сега вака изгледа? Леле“, „Изгледаш убаво“ и „Убава божица“, се само дел од коментарите. Инаку, поранешната манекенка своевремено изјави дека со задоволство ги прифаќа годините. "Мислам дека зрелите години треба да се слават и почитуваат. Не се трудам да изгледам или да се чувствувам помладо. Уживам во сегашниот момент", рече таа, осврнувајќи се на својата кариера. View this post on Instagram A post shared by Claudia Schiffer (@claudiaschiffer) „Не треба цел живот да те нарекуваат убава. Тоа е убав спомен, но доаѓа помладата генерација. Не можам да замислам ништо полошо од тоа да ми кажат дека постои магично апче кое ќе направи да изгледаш како да имаш 20 години повторно“, заклучила таа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Сите служби на терен - продолжува санацијата по вчерашното невремеПо силното невреме кое синоќа го зафати Кавадарци и дел од населените места во општината, уште од раните утрински часови сите расположливи служби, екипи и ресурси се целосно мобилизирани и на терен.Во моментов се ангажирани над 70 лица и околу 30 возила и механизација, меѓу кои цистерни, возила за собирање и транспорт на отпад, комунална и друга механизација, со која се интервенира на повеќе локации истовремено. Во координираната акција се вклучени Општина Кавадарци преку „Мој Општинар“, ЈП „Комуналец“, ТППЕ Кавадарци, Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за внатрешни работи – СВР Кавадарци, како и останатите надлежни служби и екипи кои се ставени во функција за справување со последиците од невремето. Во текот на денот се работи на испумпување на надојдената вода, перење и темелно чистење на улици, тротоари и јавни површини, отстранување на кал, наноси, отпад и паднати гранки, расчистување на коловози, отстранување на пречки, како и санирање на оштетувањата и дефектите предизвикани од невремето. Посебно внимание се посветува на критичните точки, сообраќајниците, јавните површини, објектите и локациите каде што постои ризик за безбедноста на граѓаните, а екипите постапуваат според приоритет и степен на итност. Паралелно со интервенциите во градот, екипи и механизација се упатени и во селските средини. Се работи на расчистување на локалните патишта и улици, отстранување на наноси и отпад и санирање на последиците на погодените локации. Работата продолжува со засилен интензитет и планот е до утре да бидат опфатени и расчистени сите пријавени критични точки и во селските средини. Во следниот период ќе продолжиме со детална проверка на состојбата на терен, повторно чистење и перење таму каде што е потребно, отстранување на преостанатиот отпад и материјал од невремето, како и постапување по сите нови пријави од граѓаните. Нашата обврска е да реагираме брзо, но и темелно. Не е доволно само да се отстрани водата или наносот – секоја локација мора да биде исчистена, исперена и доведена во состојба што ќе овозможи безбедно и нормално користење. Затоа, работата нема да заврши со денешниот ден. Таму каде што ќе биде потребно, интервенциите ќе продолжат и во наредните денови, се до целосно отстранување на последиците. Сакам да упатам голема благодарност до сите луѓе кои од синоќа се ангажирани – до пожарникарите, комуналните работници, екипите на „Мој Општинар“, припадниците на Дирекцијата за заштита и спасување, Полицијата, како и до сите останати вработени и служби кои без прекин се на терен. Благодарност и до сите граѓани кои со своите пријави и соработка ни помагаат побрзо да ги лоцираме проблемите. Апелираме до граѓаните за трпение и разбирање, особено додека траат интервенциите. Ве замолуваме да не ги попречувате екипите и механизацијата на терен и да бидете внимателни на местата каде што сè уште се работи. Состојбата се следи постојано, а Општината и сите надлежни служби остануваат целосно мобилизирани. Ќе продолжиме да работиме организирано, координирано и без прекин – се додека последиците од невремето не бидат целосно санирани. Кавадарци и сите наши населени места заслужуваат брза, сериозна и одговорна реакција. Сите сме на терен. Продолжуваме да работиме, објави на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Инвестираме за почисти и поуредни општиниСо донација од Министерството за транспорт и Светска банка во вредност од 4,2 милиони евра, обезбедени се 49 специјализирани возила и механизација за одржување на комуналната хигиена.Со донација од Министерството за транспорт и Светска банка во вредност од 4,2 милиони евра, обезбедени се 49 специјализирани возила и механизација за одржување на комуналната хигиена, напиша на својот фејсбук профил заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и објави видео од возилата. Опремата е наменета за општините и планските региони, со цел подобро, и навремено одржување на јавните површини и комуналната инфраструктура. Се набавија возила за: Скопје и Скопскиот плански регион Куманово и Североисточниот плански регион Прилеп Струмица Штип Охрид Тетово Неготино Кичево Дебар Велес За почисти општини и подобри услуги за граѓаните - објави Николоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиТешка повреда на натпревар меѓу Србија и Грција- одбојкарките плачат (ВИДЕО)Тешки повреди и болни крици го одбележаа четвртфиналниот натпревар помеѓу грчките и српските репрезентации на Европското првенство во одбојка за жени во Брно. Србија победи со 3:0 (25:14, 25:20, 25:17) и се пласираше меѓу последните четири на турнирот, а по таа игра социјалните мрежи беа преплавени со видео од повредата на грчката претставничка Георгија Ангелопулу (21). 🇬🇷 Yunan smaçör Georgia Angelopoulou bu pozisyonda sakatlandı pic.twitter.com/aYchgV7L0b — Gibby (@gibbybaris) September 2, 2026 Тоа се случи на почетокот на вториот сет и по судир со соиграчка. Младата одбојкарка падна на подот со болни крици, по што медицинската служба влезе на теренот за да ѝ помогне. Нејзините соиграчки, како и нејзините сопернички, беа видливо потресени. Не можеше да ја продолжи играта Некои од нив не можеа да ги задржат солзите додека ја гледаа Ангелопулу, која не можеше да ја продолжи играта и мораше да го напушти теренот. Во исто време, противничките на српската репрезентација се држеа за главите, а публиката на трибините гледаше во шок. 😭 Yunanistan'da birçok oyuncu gözyaşlarına boğuldu 🇬🇷 Yunanistan'ın 14 kişilik turnuva kadrosunda 3. kez bir oyuncu sakatlandı https://t.co/Ga4xq88hoF pic.twitter.com/7E4yaf6hpF — Gibby (@gibbybaris) September 2, 2026 Србија до пласманот во осмото полуфинале на Европското првенство ја предводеа Тијана Бошковиќ со 17 поени, Александра Узелац со 15 и Бранка Тица со 12 поени. За Грција, Елпида Тикманиду и Марта Антули постигнаа по девет поени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter