Клаудија ја „пустоши“ Европа: Бројот на жртви расте (ВИДЕО) - Канал 5

Клаудија ја „пустоши“ Европа: Бројот на жртви расте (ВИДЕО)

Три лица загинаа, а десетици се повредени во Португалија во налетот на бурата Клаудија, соопштија синоќа португалските власти.

Клаудија ја „пустоши“ Европа: Бројот на жртви расте (ВИДЕО)

Португалија и делови од соседна Шпанија се соочија со неколкудневни екстремни временски услови предизвикани од бурата Клаудија, која овој викенд стигна и до делови од Велика Британија и Ирска, објави Ројтерс.

Португалските спасувачи во четврток ги пронајдоа телата на постар пар во нивната поплавена куќа во Фернао Фер, во близина на Лисабон. Се верува дека парот спиел кога поплавата стигнала до нивниот дом и не можеле да ја напуштат зградата поради налетот на вода.

Во саботата, бурата го погоди градот Албуфеира во јужна Португалија, а регионалниот командант на цивилната заштита Витор Ваз Пинто потврди дека 85-годишна Британка починала и дека 28 лица се повредени во блискиот хотел.

YouTube video

Португалската Агенција за цивилна заштита денес издаде портокалово предупредување за округот Брага, како и за регионите Фаро, Сетубал и Беха, додека жолто предупредување за времето е на сила во областите Вијана до Кастело, Порто, Визеу, Авеиро, Коимбра, Порталегре, Сантарем и Лисабон.

Жолтото предупредување е на сила во крајбрежната област на јужна Португалија и во планинските делови на островот Мадеира. Во Велика Британија, вчера силни поплави го погодија градот Монмут и околните области во југоисточен Велс, каде што локалната противпожарна и спасувачка служба спроведува операции за спасување и евакуација.

Надлежните власти во Велс издадоа 11 предупредувања за поплави, а во Англија, според најновото ажурирање од Агенцијата за животна средина, имало повеќе од 180 предупредувања за поплави.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„BBC“ открива протечени руски податоци: Околу половина милион руски војници загинале во Украина

Најмалку 490 илјади руски војници загинале од почетокот на војната во Украина пред речиси пет години.

„BBC“ открива протечени руски податоци: Околу половина милион руски војници загинале во Украина

Протечените податоци од руската агенција за статистика РОССТАТ откриваат како целосната инвазија фундаментално ги променила моделите на смртност во Русија и ја покажуваат високата човечка цена на војната за која Путин претпоставуваше дека ќе трае само неколку дена, објавува Би-Би-Си.

Медиумот имал пристап до 11,7 милиони записи за смртни случаи, наводно откриени по хакерски напад од белоруска и украинска група.

Податоците покажуваат дека околу 116.000 загинале само во областа Покровск, каде што се водеше една од најкрвави битки во војната.

Записите на „РОССТАТ“ анализирани од „Гардијан“ покажуваат дека војната постојано станувала сè посмртоносна, достигнувајќи драматичен врв во пролетта лани, кога руската армија губела по 700 луѓе дневно..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Две финансиски друштва добија забрана да издаваат брзи кредити

Две финансиски друштва добија забрана во времетраење од 30 дена да одобруваат т.н. Брзи кредити, откако Министерството за финансии утврдило неправилности при вонреден надзор над нивното работење.

Две финансиски друштва добија забрана да издаваат брзи кредити

Покрај привремената забрана, на друштвата им се изречени и парични казни согласно законските прописи. Од министерството информираат дека контролите биле спроведени во изминатите три месеци, постапувајќи по пријави и претставки од граѓани.

Надлежните најавуваат дека контролите ќе продолжат, со посебен фокус на заштитата на граѓаните кои користат финансиски услуги, особено кредитите што ги нудат финансиските друштва.

Од јули 2024 година досега, министерството за финансии изрекло повеќе мерки во рамки на надзорот над финансиските друштва. На четири друштва им биле одземени дозволите за работа, три биле привремено затворени, а 18 финансиски друштва добиле парични казни во вкупен износ од околу 49.400 евра. Дополнително, биле издадени и 58 писмени наредби со рокови за отстранување на утврдените неправилности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО Крива Паланка постапува по пријава за тешка телесна повреда

До Основното јавно обвинителство Крива Паланка денеска е доставена кривична пријава против три лица – татко и две ќерки поради сомнение дека сториле кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 1 од Кривичниот законик.

ОЈО Крива Паланка постапува по пријава за тешка телесна повреда

Пријавени се дека поради недоразбирање околу добитокот најпрво започнале расправија, а потоа физички нападнале жена од селото Дрење, ја влечеле, туркале и и се заканувале. Кога ја турнале на земјата оштетената се здобила со тешка телесна повреда – скршеница на левиот скочен зглоб на ногата.

По пријавата се постапува во редовна постапка, но сите дејствија се преземаат со итност, со цел што е можно побрзо донесување јавнообвинителска одлука. Наредено е вештачење на видот и карактерот на повредите на оштетената, а се обезбедуваат и други докази. Имајќи го предвид и претходното однесување на пријавените, како и другите постапки кои се водени и се водат против нив, надлежниот јавен обвинител врши проценка на потребата да предложи одредени мерки за претпазливост во текот на постапката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер