Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ „Добри Даскалов“ се одвива согласно предвидената динамика
2Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ „Добри Даскалов“ се одвива согласно предвидената динамика
3ДЗР: Слабости во јавните набавки во ЕСМ, ревизорите чешлале 27 постапки вредни околу 143,6 милиони евра
Поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач кој предупреди за вештачката интелегенција
2Поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач кој предупреди за вештачката интелегенција
АвтомобилизамКласично Мини се продава како да е ново Порше 911, има причина (ВИДЕО)Дејвид Браун го претставува Mini eMastered, преработка на класичниот Mini во дизајнерски електричен автомобил.Денес, оригиналниот Mini сè уште привлекува внимание каде и да се појави. Безвременскиот дизајн е инспирација за многумина, но оригиналот е само еден. Затоа, David Brown Automotive не го менува она што не треба да се менува и создава рестомоди базирани на класични мини модели кои се во духот на времето. А тоа овде значи дека имаат електричен погон. Бидејќи тоа е навистина минијатурен автомобил според денешните стандарди, тука има доволно место за батерија, чиј капацитет одговара на денешните plug-in хибриди. Тој нуди 18,8 kWh, што е доволно за автономија од 177 km. Во исто време, овој Mini е многу агилен. Со погонски мотор од околу 100 КС и 175 Nm, забрзува до 100 km/h за 8,5 секунди и достигнува максимални 148 km/h. А тајната, погодувате, е минимизирана маса. Имено, овој мал автомобил сè уште тежи само 640 килограми, како кога имаше бензински мотор. Се полни на 6,6 kW AC полнач за околу три часа, што го прави одличен градски автомобил и идеален втор автомобил во домаќинството. И со многу стил, бидејќи автомобилот е составен од врвни материјали до последниот детал. И тука доаѓаме до најголемата пречка - цената. Верувале или не, овој мал автомобил чини 125.000 фунти, што го става покрај новото Porsche 911. Сепак, не се сомневаме дека има заинтересирани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Милијарда евра дупка во ПИОМ, како што рековме - пари нема!Фондот на ПИОМ веќе не се држи на придонеси. Се држи на буџет.Годишниот трошок за пензии е околу 2,4 милијарди евра. Од вработени влегуваат околу 1,4 милијарди. Дупката е околу една милијарда евра и истата ја полни државата. Во 2023 таа дупка беше околу 510 милиони евра. За три години речиси се удвои. Трансферот од Буџетот кон ПИОМ се искачи кон 60 милијарди денари годишно. Тоа е политиката на оваа криминална власт. Кредит секоја недела. Задолжување на земјата за четири милијарди евра. Само две години им беа потребни да ја задолжат Македонија како никој досега - да земат половина од долгот стар 35 години. На сѐ тоа, Мицкоски купува нов авион. Се купува луксузен мебел. Се плаќа прослава од 5,53 милиони евра. Ние немаме за леб, тој за себе има чоколада. Тоа не е социјална политика. Тоа е систем што пука, а власта го покрива со паролата „трета економија во Европа“. Од другата страна: празни фрижидери и празни паричници. ВМРО-ОКГ повторно рече дека државата е гарант и дека пензиите ќе се исплаќаат на време. Рекоа дека линеарното зголемување било потребно за достоинствен живот. Тоа е половина реченица. Другата половина ја нема. Нема мерки. Нема проекција. Нема извор на пари освен данокот на граѓаните и нови задолжувања. Нема рок до кога ПИОМ ќе престане да го јаде Буџетот. Нема одговор дали мартовското усогласување ќе биде процент, линеарно или импровизација во последен момент. Се споменуваат работни групи за вториот столб. Анализи и решение нема. Покрај ова, најавите за вториот пензиски столб се движат од национализација до „реконструкција“. Луѓе што со години уплаќале може да останат без својата заштеда и без потпора на веќе ниските пензии. Додека Арамија Мицкоски зборува за иднината, роботи и дата-центри, пензискиот фонд тоне. Струјата се раздава на сервери и се увезува на големо. Водата се крие во договори, вода за пиење нема. Пензиите се оставаат на „ќе најдеме“. Провизијата има име. Планот за ПИОМ го нема. Пензионерите бараат фонд што функционира, а не празни приказни и ветувања од Арамија и неговата банда. СДСМ бара јавен план: колку недостига годинава и наредната, од каде точно ќе се покрие, кои мерки го намалуваат дефицитот и до кој датум. Без тоа, уверувањето на криминалната група ВМРО е само покритие за власт што пензиите ги користи како слоган, а дупката ја префрла на сметка на граѓаните. Пензиите не се милостина од Мицкоски. Тие се обврска на државата. Држава што крие план за милијарда евра не гарантира пензии. Гарантира следно задолжување. Скопје, 15.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17
МакедонијаЈанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ „Добри Даскалов“ се одвива согласно предвидената динамикаПродолжуваат градежните активности во спортската сала на СОУ Гимназија „Добри Даскалов“.Реконструкцијата на спортската сала во СОУ „Добри Даскалов“ се одвива согласно предвидената динамика, со што чекор по чекор создаваме современ и функционален простор за учениците. Во текот на активностите се работи на обновување на салата, со цел поставување нов спортски под, уредување на ѕидните површини, модернизација на осветлувањето, како и подобрување на системите за греење, вентилација и противпожарна заштита. Со инвестицијата од 4.200.000 денари, Општина Кавадарци продолжува со унапредување на спортската инфраструктура во Гимназијата и создавање побезбедни и подобри услови за наставата и спортските активности. Работиме на терен, со јасна цел, современи услови за нашите ученици и подобра спортска инфраструктура за Кавадарци.- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДЗР: Слабости во јавните набавки во ЕСМ, ревизорите чешлале 27 постапки вредни околу 143,6 милиони евраСериозни слабости во јавните набавки во ЕСМ откри Државниот завод за ревизија.Ревизорите чешлале 27 постапки вредни околу 143,6 милиони евра.Пропусти имало уште при планирањето и утврдувањето на потребите.во само една година биле направени 19 измени на планот за набавки. ДЗР констатирал и ограничена конкуренција и постапки со само една понуда. Особено внимание привлекува набавката на гасен мотор вредна околу 2,48 милиони евра. Моторот бил платен, но не бил ставен во функција и подолг период бил складиран.за адитив биле платени околу 2,29 милиони евра, а најголемиот дел останал неискористен. Ревизорите нотирале и проблеми со договорите, техничките спецификации и контролите. Заводот бара поголема транспарентност и поекономично и поефикасно користење на јавните средства.Тагови: ДЗР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17