Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит
2Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит
Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
КултураКласичен јапонски „Но“ театар во СкопјеПо повод 20 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Јапонија и Македонија, Амбасадата на Јапонија во соработка со Театар Комедија ја претставува првата изведба на класичен јапонски „Но“ театар во Скопје, на 27 септември во 20:00 часот. „Но“ е театарска уметничка форма која датира од 14-от век. Претставува комбинација на драма, музика и танц, а се пренесувала низ генерациите до денешен ден во речиси неизменета форма. Во 2001 година „Но“ театарот е прогласен за „Ремек-дело на усното и нематеријалното наследство на човештвото“ од страна на УНЕСКО. Кјутаро Хашиока како претставник на деветтата генерација актери на „Но“, од семејството Хашиока, ќе даде преглед на оваа јапонска театарска форма со изведби на сцени од славните „Но“ дела „Хагоромо“ и „Такасаго“. Кјутаро Хашиока е роден во 1958 година, како најстар син на Кјума Хашиока, член од осмата генерација на семејството Хашиока, чиишто вештини се официјално признаени како Значајно нематеријално културно наследство. Кјутаро Хашиока прв пат дебитира на сцената на тригодишна возраст. Откако ја изведува главната улога во Кикуџидо (Детето на хризантемата) на осумгодишна возраст низ седум европски земји, тој продолжува да изведува Но театар во 30 градови, во десет земји и брилира во сложени дела како што се Саги (Чапјата) или Доџоџи (Храмот Доџоџи). По учеството на јавен настап, по повод посетата на Н.Е. Императорот на Јапонија, на Бразил во 1997 година, по налог на Министерството за надворешни работи на Јапонија и Јапонска Фондација, во 1998 година пролетта, тој предводи група изведувачи со цел да ја претстават уметноста на Но во пет градови низ Бразил. Во мај 2004 година на покана од Сукмјунг женскиот универзитет во Сеул, Република Кореја, тој настапува со Но претставата Такасаго. Ова е прва изведба на Такасаго во Сеул во периодот по Втората светска војна, односно прв пат по 65 години. Во јуни 2006 година, тој е дел од првата Но изведба во Нов Зеланд, во градовите: Велингтон, Оукланд и Палерстон Норт, а во 2013 година настапува и во Виена. Сите изведби се дочекани со големи јавни признанија. Додека е заштитник на традиционалното Но, тој исто така активно ги поддржува и новите продукции на Но, учествувајќи во разни сценски активности со други изведувачки жанрови. Тој активно го промовира Но театарот и по училиштата, на сите нивоа. Во периодот од 2009 до 2010 година, Хашиока е член и на Експерименталниот одбор за напредок во образованието при префектурата Чиба. ВОВЕД ВО ЈАПОНСКИОТ „НО“ ТЕАТАР ОД КЈУТАРО ХАШИОКА IX 27 септември 2014, 20:00 Театар Комедија, Бул. Климент Охридски бб, Скопје Слободен влезКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче покажува дека не знае да ги чита економските параметриГо информираме Македонија има највисока стапка на раст на БДП во регионот и најниска инфлација. Венко Филипче како предводник на талогот од СДС покажува дека не знае ништо друго освен да излезе во јавност и да ги лаже граѓаните и да шири паника и хистерија. Овој пат тоа го прави со економските показатели. Филипче сега покажува непознавање на основните економски работи, односно покажува дека не се разбира од економија и не знае дека треба да се гледаат сите економски параметри, а не поединечно како што прави тој. Но, тоа е. Ни дава шанса да му објасниме. Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ води пробизнис и проекономска политика, а за тоа доказ се податоците на Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. Што велат овие меѓународни институции? Македонија има највисока стапка на раст на бруто-домашниот производ во регионот и најниска инфлација. Инфлацијата во Македонија е за 25 проценти пониска од европскиот просек, додека економскиот раст во вториот квартал годинава достигнал 4,3 проценти. Дополнително, оваа Влада и по две години уште се справува со обврските наследени од владата предводена од СДС. Оттука, во 2027 година ќе треба да се рефинансираат или да се вратат заеми во вредност од 2,3 милијарди евра, додека за 2028 година се предвидени обврски од 2,7 милијарди евра. Бројките јасно зборуваат дека ова е значителен финансиски товар кој е наследен. И покрај се Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се справува со предизвиците и продолжува да ги исполнува обврските и реформите. Се работи на одржување и подобрување на економските показатели и покрај меѓународните кризи и покрај наследените проблеми. Затоа кога Филипче нешто не знае подобро нека молчи. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаЛишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода девет возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, шест лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: А.С.(46), М.Р.(26) и З.С.(26) сите од Скопје, А.М.(27) од с.Никиштани, скопско, Г.Т.(56) од с.Подлес, општина Градско и А.К.(28) од с.Дреново, кавадаречко, кој бил и под дејство на алкохол. Двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол: Г.Ј.(49) од Кочани и М.С.(35) од Куманово. Додека, пак, Д.С.(21) од Крива Паланка управувал возило и покрај тоа имал активна мерка забрана за управување со моторно возило. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПотврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во КинаБелата куќа потврди. Следната недела во четврток во кинескиот град Шенжен ќе се одржи состанок на Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин, на маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка -АПЕК.Портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс, изјави дека една од главните теми на разговорите ќе биде намалувањето на нуклеарното оружје. Претседателот јасно стави до знаење дека ќе се занимава со прашањето за намалување на нуклеарното оружје во светот. Американски претставник, кој зборувал под услов на анонимност, открил дека Трамп планира на средбата да го отвори и прашањето за Иран, а темата за Украина најверојатно нема да биде дел од трилатералните разговори, бидејќи сад водат одделни дипломатски процеси со Киев и Москва, во кои Кина не учествува. Американскиот претседател ќе отпатува во азија во понеделник, а според најавите, најпрво ќе ги посети филипините, по што ќе замине за шенжен, каде ќе се одржи самитот на АПЕК.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Си Џинпинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00