ЛДП: Притисокот успеа, стоп за„Скопје 2028“! Скопје заслужува европска култура, а не европска престолнина на набавки зад затворени врати
2ЛДП: Притисокот успеа, стоп за„Скопје 2028“! Скопје заслужува европска култура, а не европска престолнина на набавки зад затворени врати
ФудбалКЛ: Рајо Ваљекано, Кристал Палас, Стразбур и Шахтјор полуфиналистиШпански Рајо Ваљекано, украински Шахтјор, англиски Кристал Палас и француски Стразбур се полуфиналисти во Конференциската лига на УЕФА.Рајо Ваљекано претрпе пораз синоќа од 1-3 во Атина од АЕК, но, сепак, ја soчува предноста од 3-0 од првиот натпревар на домашен терен. Противник на шпанскиот клуб за место за финалето ќе биде Стразбур кој со триумфот над Мајнц од 4-0 ја надомести негативата од 0-2 од првиот натпревар. Во второто полуфинале ќе играат Кристал Палас и Шахтјор. Англискиот тим го загуби реваншот од Фиорентина со 1-2, но предноста од 3-0 од првиот натпревар беше доволна за пласман понатаму. Предноста од 3-0 од првиот натпревар ја сочува и Шахтјор, одигрувајќи нерешено 2-2 на реваншот против АЗ во Алкмар. Полуфиналињата се на програмата на 30 април и 7 мај, а финалето е на 27 мај на „Ред Бул Арена“ во Лајпциг.Тагови: Конференциската лига Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеНови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во СкопјеНови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје со што бројот на потврдени граѓани кои се над 60-годишна возраст и вирусот кај нив предизвикал воспаление на мозок за неколку дена се искачи на 8.Седумдесет и шестгодишниот скопјанец се уште се бори за живот и е во критична состојба на респиратор на Инфективна каде освен досегашните пет, сега вирусот е потврден кај уште двајца кои исто така имаат невроинвазивна форма на инфекцијата потврдуваат од болницата. Еден пациент е на Неврологија, и за него се чека двојна потврда преку испитувања, информираат здравствените власти кои смируваат потенцирајќи дека 80 проценти од случаите, или луѓе казнати од заразен комарец вообичаено и не знаат дека имаат вирус бидејќи немаат никаква тегоба. Според досегашните податоци западно нилска треска која предизвикала воспаление на мозокот во изминатиов период е детектирана кај повозрасни граѓани, еден од Велес, а останатите од Драчево, Илинден, Петровец, а од Центарот за јавно здравје Скопје за Канал 5 велат дека има и случај од Кисела вода, таму требале да прскаат против комарци во живеалиштето, но не добиле дозвола и не го извршиле, бидејќи дезинсекција на копно во приватен имот вршат на добра волја. -Досега имаме извршено дезинсекција во Драчево и Илинден. Случајот што не дозволи во неговиот имот да се прска против комарци е од Кисела вода. Се прска во радиус од 200 метри, а за да влеземе на приватен имот мора да има согласност. За новите потврдени случаи се прават анкети со пациентите и блиските за да се утврди дали се автохтони, односно дали вирусот го добиле дома. Допрва ќе се прска и во нивните живеалишта,- - Центар за јавно здравје Скопје . Оваа зараза не се пренесува од човек на човек, па апелите се во дворовите, во гуми, олуци каде обично се собира дождовница да се чисти и да не се остава пријатен простор за размножување на комарци. Дополнително, да се користат средства за заштита како што е спрејови против комарци. Тагови: Западен Нил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЕпидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава Додека се чистат едни, се пронаоѓаат други – нова бактерија е детектирана во гостиварсктие цевководи – иако фекалните бактерии веќе ги нема, водата уште некое време останува само за техничка употребаДодека се чистат едни, се пронаоѓаат други – нова бактерија е детектирана во гостиварсктие цевководи – иако фекалните бактерии веќе ги нема, водата уште некое време останува само за техничка употреба, бидејќи била пронајдена нова, резидуална бактерија, со што и забраната за пиење и готвење и натаму останува на сила -Сега во инсталацијата ги нема оние фекални, колиформни бактерии, како што се нарекуваат, но се појави една нова, резидуална бактерија која што во инсталациите е присутна поради тоа што тие долго време не биле користени, а сега со прочистување на истите и со хиперхлорирањето се појавува во самите инсталации, очеквуам и овој предизвик да биде надминат, и кога и тој предизвик ќе биде надминат, тогаш очекувам конечно да се одобри таа вода за користење, односно за пиење и готвење,- - Христијан Мицкоски – Претседател на Влада. Во однос пак на обвинувањата од СДСМ, дека Владата несоодветно се справува со кризата во Гостивар, премиеротр Мицкоски посочи дека во време на владеењето на опозициската партија имало преку 400 пријави за неквалитетна вода во Гостивар, и како што изјави, тогаш надлежните не превземе ништо..Мицкоски го повика обвинителството уште денеска да влезе во ИЈЗ и АХВ и да ги истражи овие наводи. Во меѓувреме, додека траат напорите да се врати питката вода во чешмите на гостиварци, епидемијата стивнува. Министерот за здравство – Сашо Клековски посочи дека во изминатово деноноќие биле регистрирани 71 нови случаи, но истите веќе во оваа фаза од епидемијата не можат во целост да се припишат на водата, оти инциденцата е во рамки на онаа пред загадувањето. -Таа бројка веќе доаѓа во рамките на фреквенцијата на инциденцата што ја имавме пред епидемијата, меѓу 50-100 случаи 25 јуни дневно беа и во деновите пред 25 јуни, така да сметаме дека настанува смирување на епидемијата. Формален крај на епидемијата мора да има само кога врз основа на епидемиолошките анкети веќе нема случаи поврзани со градаскиот водовод во Гостивар. Значи оваа бројка на нови болни може да биде од сосема други причини, ваквото намалување сметам дека е резултат на подобрување на водата во градскиот водовод,- - Сашо Клековски – Министер за здравство. Сепак, и покрај тоа што водата во гостивар беше затруена со фекалии, откако скокна бројот на заболени, граѓаните таму се жалат дека двојно е поскапено испитувањето на уринокултурата, нешто што мора секојдневно да го прават поради заразата, а воедно и приватно ги купуваат лековите за лечење на симптомите. Клековски посочи дека ќе провери зошто е цената за анализите зголемена, а што се однесува до лековите за третман, вели истите не се на позитивна листа и не постои можност истите да бидат ставени. Министерот сепак не спомна евентуално дали би се интервенирало со помош во лековите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Притисокот успеа, стоп за„Скопје 2028“! Скопје заслужува европска култура, а не европска престолнина на набавки зад затворени вратиЛиберално-демократската партија (ЛДП) ја поздравува одлуката за тргање од дневен ред на спорниот Предлог-закон за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. Ова е директна победа на силниот притисок од антикоруптивната јавност, ДКСК, граѓанските организации, како и пратеничката и лидерка на ЛДП Моника Зајкова, кои не дозволија по скратена постапка да се протурка закон чија единствена цел беше суспендирање на Законот за јавни набавки за сума од 21 милион евра. Сепак, ЛДП предупредува дека простото симнување на точката од денешната седница не е доволно. ЛДП бара итно и целосно повлекување на предлог-законот од собраниска постапка. Договорот зад затворени врати не смее да послужи само како маневар за купување време и за подоцнежно прошверцување на истиот коруптивен модел. Тоа сценарио сме го виделе порано. Текстот мора веднаш да се повлече, да се стави на јавна консултација преку ЕНЕР и во него задолжително да се вратат сите системски механизми за транспарентност и јавни тендери. Доколку владејачкото мнозинство во иднина се обиде да изврши законодавно насилие и повторно да го заобиколи Законот за јавни набавки, ЛДП ќе ги искористи сите парламентарни механизми за да го блокира. Истовремено, веќе ги започнуваме правните подготовки за поднесување иницијатива до Уставниот суд за поништување на ова безобразие доколку власта се осмели да го изгласа. Скопје во времето на Пенов се градеше и со малку пари и со опструкции и по закон. Така мора да биде секогаш. Затоа што Скопје заслужува европска култура, а не да биде европска престолнина на набавки зад затворени врати! Либерално-демократска партијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter