3Лишени од слобода две лица од Турција, поднесена кривична пријава „убиство во обид“, се трага по уште едно лице
КошаркаКК Работнички поднесе жалба до Арбитражната комисија поради исклучувањето од Прва лигаНајтрофејниот клуб во македонската кошарка КК Работнички по вчерашната одлука на комесарот за натпреварување за исклучување на екипата од Првата лига и префрлање во третата кошаркарска лига денеска достави жалба до Арбитражната комисија при МКФ.Раководството на Работнички бара поништување на оваа одлука од Комесарот за натпреварување Бобан Јосифовски.Инаку Работнички е исклучен од Првата лига откако на дербито против МЗТ Скопје во рамките на 4 коло во Градскиот парк по прекинот на мечот од страната на судијата Марјан Мицевски кој побара празнење на трибината на која беа сместени навивачите на домаќините , кошаркарите на Работнички одбија да го продолжат мечот. Соопштението од КК Работнички ви го презентираме во целост. Раководството на КК Работнички, денеска, достави жалба до Арбитражната комисија,во која е прецизно наведено зошто одлуката на комесарот за натпреварување на КФМ, Бобан Јосифовски, да го испрати најтрофејниот тим во македонската кошарка во третата кошаркарска лига е незаконска,еднострана и скандалозна, и е со несогледливи последици по македонската кошарка. Затоа КК Работнички бара поништување на одлуката. Во жалбата е наведено дека од извештајот на делегатот, без сомнение може да се утврди дека одлуката за прекин на натпреварот и празнење на дел од трибините е донесена еднострано само од првиот судија што е спротивно членот 43.6.2 и 43.6.3 од пропозициите за натпреварување каде децидно е наведено дека за прекин на натпреварот и за делумно или потполно празнење на трибините од публика одлучуваат заедно делегатот на натпреварот и првиот судија. Неспорно ваквата одлука не е донесена заеднички од делегатот на натпреварот и првиот судија, па истата не е законита и е спротивна на одредбите од пропозициите за натпреварување. Се поставува прашање дали таква еднострана и незаконита одлука може да ги обврзува другите учесници во спортскиот натпревар. Првиот судија направил уште една грешка кога согласно членот 54.8 при прекин подолг од пет минути и со отстранување на публиката од сала а при ситуација да истата не може да се испразни требал да го прекине натпреварот и истиот да продолжи без присуство на гледачи во рок од 24 часа. Очекуваме правилна и фер одлука на Арбитражата која ќе ја потврди вистината и ќе биде во интерес на македонската кошарка. Казната не соодветствува на она што се случуваше на теренот. Раководството стои зад своите навивачи, бидејќи не направија инцидент кој повлекува исфрлање на навивачката група. Комесарот за натпреварување во Записникот беше јасен дека мечот бил еден од помирните дербија, од публиката немало посериозни инциденти. „Мечот беше еден од помирните дербија, од публиката немаше посериозни инциденти кон нас, тренерите и играчите на двата тима“, изјави веднаш по натпреварот, тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Врбица Стефанов. Тогаш зошто таква ригорозна и еднострана одлука за бркање само на навивачите на Работнички? Пропозициите предвидуваат доколку нема услови за играње, судиите со тимовите да се повлечат и да му дадат на организаторот рок за да обезбеди услови или во спротивно да побараат доигрување во следните 24 часа. Но овој дел од правилата некому не одговараше. Затоа прашуваме, кому му пречи Работнички? Сигурно не на македонската кошарка, на клубовите и пред се на вистинските љубители на кошарката. Кошаркарскиот клуб Работнички постои 70 години и секогаш се натпреварува во највисок ранг на натпревари како во југословенската лига така и во македонската лига. КК Работнички во својата историја секогаш бил главен презентер на кошарката и спортот од Република Македонија како на домашен така и на меѓународен план. Доколку би се потврдило одлуката на комесарот за натпреварување прашање е дали овој клуб под вакви околности би опстанал да постои па со тоа и како би изгледала целата кошарка во Македонија без овој клуб, стои во денешното соопштение од КК Работнички.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБрвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
СветСтапката на самоубиства во Германија расте, особено кај постарите мажиБројот на самоубиства во Германија повторно расте, по долготраен пад. Според официјалните податоци за 2025 година, 11.334 лица си го одзеле животот – што претставува зголемување од 964 случаи, односно 9,3 отсто, во споредба со претходната година. Тоа значи дека, во просек, 28 луѓе дневно си го одземаат животот. Бројот на самоубиства во Германија го надминува вкупниот број на смртни случаи кои се последица на сообраќајни несреќи, насилство и употреба на нелегални дроги, пренесува „Дојче веле“. Анализата на податоците покажува дека најзасегната група се постарите мажи родени во 1960-тите години. Иако има случаи и меѓу младите луѓе кои тешко се справуваат со животните предизвици, најголем пораст на самоубиствата е забележан кај возрасната група од 55 до 65 години. По оваа возрасна граница бројот опаѓа, но повторно расте кај лицата на возраст од 80 до 90 години. Во сите возрасни групи, мажите почесто извршуваат самоубиство отколку жените. Минатата година, тие сочинуваа 69,2 отсто од сите случаи. Сепак, и бројот на самоубиства кај жените е во пораст во последните години. Повеќе од 100.000 луѓе во Германија се обидуваат да извршат самоубиство секоја година Бројот на самоубиства во Германија расте четврта година по ред и сочинува приближно 1,1 отсто од сите смртни случаи. Ова претставува пресврт на трендот што траеше речиси четири децении. Бројките постојано опаѓаа од рекордната 1981 година, кога беа забележани 18.825 случаи, сè до најниското ниво од 9.215 самоубиства во 2021 година. Според проценките на Националната програма за превенција од самоубиства, повеќе од 100.000 луѓе во Германија се обидуваат да извршат самоубиство секоја година. Фондацијата за помош при депресија наведува бројка од приближно 500 такви обиди дневно. Германското здружение за хуман начин на умирање објави дека 1.287 лица ги искористиле услугите за организирано потпомогнато умирање, што претставува 11,4 отсто од сите самоубиства во Германија. Ваквата помош останува предмет на дебата во земјата. „Ретко постои само една причина за самоубиство“ Правната основа за ова е одлуката на Сојузниот уставен суд од 2020 година, која на секој поединец му гарантира право да си го одземе животот, под услов тоа да биде чин на слободна волја – без надворешен притисок и да не е резултат на тешка депресија. Оваа одлука не дозволува друго лице да го одземе животот на некого, дури ни на барање на самото лице – практика која, до одреден степен, е можна во Холандија или Белгија. Во Германија, дозволено е само да се обезбедат средства и да се понуди помош, самиот чин мора да го изврши поединецот. Фондацијата за помош при депресија и превенција од самоубиства смета дека ваквите случаи се пречести, истакнувајќи дека нивниот број е зголемен за 32 отсто од донесувањето на судската одлука. Стручњаците посочуваат дека ретко постои само една причина за самоубиство. Речиси секогаш станува збор за комбинација од меѓусебно поврзани фактори. Ниту еден поединечен настан, ниту самото присуство на ментално заболување, не се единствениот одлучувачки фактор. Самоубиството е крајна точка на сложен кризен процес во кој поединецот повеќе не гледа излез и не е во состојба да прифати помош. Многумина веруваат дека никој не може да ги разбере Постојат бројни ситуации што можат да предизвикаат таква состојба: губење на работа, финансиска нестабилност, сиромаштија, трауматски искуства, губење на блиски лица, повлекување од општествениот живот и социјална изолација. Истражувањата покажуваат дека лицата кои извршиле самоубиство често барале медицинска помош, но немале чувство дека некој навистина може да им помогне. На многумина им е тешко отворено да му кажат на лекар или терапевт колку се блиску до точката на целосен слом. Самоубиството останува табу-тема, а луѓето често се плашат дека ќе бидат етикетирани како ментално болни, дека ќе бидат подложени на присилно лекување или дека ќе ги изгубат своите социјални врски. Како резултат на тоа, многумина веруваат дека никој не може да ги разбере. Германската фондација за помош при депресија нагласува дека секое спомнување на самоубиство мора да се сфати сериозно, а изјавите како „ништо веќе нема смисла“ можат да бидат знак дека некој е изложен на ризик. Кај постарите лица, чувството на бескорисност може да послужи како поттикнувач (тригер) Стручните лица ги советуваат пријателите и семејството да не се двоумат да поставуваат прашања, но истовремено предупредуваат да се избегнува давање премногу едноставни совети, како на пример: „работите ќе се подобрат“. Покорисни се пораки како: „Треба да знаеш дека си исклучително важен за мене“, „Се обидувам да разберам низ што поминуваш“ или „Заедно ќе го надминеме ова“. Општеството фокусирано на успех често ги занемарува оние што не можат да го следат тој чекор, пренесува „DW“. Луѓето од најблиското опкружување можат – па дури и мора – да обрнат внимание на лицето кое е во ризик. Светската здравствена организација проценува дека секое самоубиство директно погодува во просек шест лица блиски до поединецот, додека последиците ги чувствува и поширок круг луѓе – од колеги, преку медицински персонал, па сè до сведоци. Кај постарите лица, чувството на бескорисност – често наметнато од средината – може да делува како поттикнувач. Во такви случаи, дури и најмалиот гест на внимание може да помогне. Во август, германското Министерство за здравство претстави нацрт-закон за превенција од самоубиства, иако критичарите сметаат дека предложените мерки се недоволни. „Одвоените 1,4 милиони евра се далеку од она што е потребно“ Германската фондација за заштита на пациентите истакнува дека издвоените 1,4 милиони евра се далеку под потребните финансиски средства. Првата точка за контакт при барање помош е матичниот лекар, кој, доколку е потребно, може да го упати пациентот кај психотерапевт или психијатар. Извор: Индекс.хрТагови: Германија самоубиства Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПапата по операцијата на рак на белите дробови: Се чувствувам поблизок до оние што страдаатПапата Лав XIV за првпат ѝ се обрати на јавноста по операцијата на рак на белите дробови, изјавувајќи дека ова искуство го доближило до сите оние што страдаат.Седумдесет и едногодишниот поглавар ја предводеше неделната молитва „Ангел Господов“ од балконот на Апостолската палата – истото место од каде што, една недела претходно, објави дека ќе мора да биде опериран. Илјадници верници се собраа на плоштадот „Свети Петар“ за да го поздрават, пренесува „CNN“. Папата изрази благодарност до медицинскиот тим за грижата, како и до сите што се молеа за него. Тој додаде дека постепено им се враќа на своите папски должности. Неговото појавување се совпадна со Римскиот маратон, додека илјадници тркачи поминуваа по главната сообраќајница што води кон плоштадот „Свети Петар“. Сепак, точно напладне, сите погледи беа вперени кон прозорецот на Апостолската палата, од каде што Лав XIV ѝ се обрати на толпата со цврст и силен глас. Папата вчера беше отпуштен од болницата „Џемели“ по операцијата на белите дробови, при што му беше отстранет израсток. Подоцна беше потврдено дека станува збор за аденокарцином, најчестиот вид на рак на белите дробови. Веста за дијагнозата на рак, објавена пред четири дена, беше изненадување за Ватикан и за католичкиот свет, бидејќи Папата беше познат по својата добра физичка состојба. Патувањето во Латинска Америка ќе се реализира според планот Лекарите известуваат дека Папата добро закрепнува и сметаат дека е во состојба да патува во Латинска Америка – посета што е закажана за периодот од 6 до 17 ноември. „Би рекол дека нема клинички причини поради кои ова патување не би можело да се реализира“, изјави за „Ватикан њуз“ професорот Стефано Маргаритора, хирургот што го оперираше Папата. Посетата на Папата на Латинска Америка ги опфаќа Уругвај, Аргентина и Перу. Лав долги години служел како мисионер и бискуп во Перу. Во планот на патувањето е вклучен и престој во Куско, град што се наоѓа на надморска височина од приближно 3.350 метри, каде што нивото на кислород во воздухот е за околу една третина пониско отколку на нивото на морето. Извор: Индекс.хрТагови: Папата Лав XIV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаЛишени од слобода две лица од Турција, поднесена кривична пријава „убиство во обид“, се трага по уште едно лицеСе преземаат мерки за пронаоѓање и на третото лице.Единицата за насилен криминал-Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против К.М.(36) и С.Б.П.(22) двајцата од Турција поради постоење основи на сомнение дека со уште едно лице исто така од Турција извршиле кривично дело „убиство во обид“ по член 123 вв член 19 од Kривичниот законик. Имено истите во стан на подрачјето во Карпош физички ги нападнале и со остар предмет им нанеле повреди на две лица од Турција на возраст од 26-години, а во станот биле и две женски лица, a потоа пријавените се дале во бегство. По преземени мерки од страна на полициски службеници од СВР Скопје двете лица се пронајдени и лишени од слобода на ул.„Јадранска Магистрала“ во Скопје, а се преземаат мерки за пронаоѓање и на третото лице.Тагови: убиство во обид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБрвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42