Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
2Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
КултураЌорвезироска, Цветкоски, Корнети, Шелева и Селмани добитници на годишните награди на ДПМ за 2025Оливера Ќорвезироска, Бранко Цветкоски, Хана Корнети, Елизабета Шелева и Ахмет Селмани се авторите чии дела се избрани за најдобри во 2025 година и ги добиваат годишните награди на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). Одлуките на одделните жири-комисии за секоја од петте годишни награди на ДПМ беа соопштени денеска на прес-конференција. ДПМ ќе им ги врачи наградите на годинашните добитници в петок, 13 февруари, во 12 часот на свеченост по повод 79-годишнината од основањето на писателската асоцијација. Претседателот на ДПМ Живко Гроздановски соопшти дека е задоволен од вкупниот број на пријавени дела на конкурсот. За 2025 година конкурирале 53 дела, седум наслови повеќе од минатогодишниот конкурс. Но, подеднаков одѕив немало за сите награди, така што за наградата „Димитар Митрев“ за книга есеистика годинава аплицирале четири книги, половина помалку отколку минатата година. Романот „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска, издание на „Арс Ламина“, ја добива наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело во 2025, по одлука на тричлена жири-комисија под претседателство на Соња Стојменска-Елзесер. Во образложението на жирито, меѓу другото, стои дека се работи за проза што ја преиспитува комплексноста на љубовта и го поставува прашањето дали е возможна љубов без болка. За оваа награда на ДПМ годинава конкурираа седумнаесет дела, а според оценката на жирито, наградениот роман се издвојува од годинашната прозна продукција „со стилската перфекција и со раскрилувањето на потенцијалите на јазикот, кој под перото на Ќорвезироска понира во замрсените емотивни јазли на женските ликови и во сите три приказни се реализира со посебна наративна техника“. Наградата „Ацо Шопов“ за најдобра поетска збирка објавена во 2025 му се доделува на Бранко Цветкоски за стихозбирката „Вообразби: лирски етиди од некој друг свет“ во издание на „Макавеј“, по одлука на жирито предводено од Иван Џепароски. За оваа награда на конкурсот биле пријавени 16 поетски книги. Според жирито, стихозбирката на Цветкоски „пленува со својата продлабоченост, префинетост и музикалност, покажувајќи ни по којзнае кој пат дека вистинската и врвна лирска поезија умее да нè вознесе и да нè отргне од баналноста и од тривијалноста на неосмисленото живеење, но и дека со својата автентичност на доживувањето на светот поетот може да ја оствари и толку посакуваната хармонија меѓу мислењето и пеењето“. Авторката Хана Корнети е добитничка на годинашната награда „Ванчо Николески“ која ДПМ ја доделува за најдобра книга за деца и млади. Корнети е наградена за книгата „Илина и тајните на Бабин заб“ во издание на „Или-или“, според оценката на жирито со кое претседаваше Симона Јовановска. За оваа награда годинава конкурирале 13 книги, а оваа е избрана затоа што Корнети „успева да балансира помеѓу забавата и едукативната вредност на текстот, нудејќи им на младите читатели свет кој е магичен, но и релевантен за реалниот живот“. Наградената книга, според жирито, ги промовира вредностите на пријателството, емпатијата и самопознанието, а истовремено ги поттикнува читателите на критичко размислување и длабоко фантазирање. За наградата „Димитар Митрев“ за книга есеи и критика за 2025 конкурирале четири наслови и е избрана книгата на Елизабета Шелева - „Книжевни созвучја и огледала“, издание на „Сивејан“. Таа содржи дваесет и три студии и соопштенија. Според образложението на жири-комисијата под претседателство на Наташа Аврамовска, она што е „ненаметливо, но консеквентно присутно во овие студии е проследувањето на транснационалните аспекти на современата книжевна продукција“. Вброени се и теми и аспекти на културолошкото промислување на книжевната сцена, но и на доминантниот миг на културата воопшто. По неколку години пауза, ДПМ втора година ја додели и наградата „Мост“ за најдобра книга објавена на некој од јазиците што ги зборуваат заедниците во земјава. Од три книги што биле пријавени на конкурсот годинава, наградата ја добива „Embsuame Paskajore“ („Инфинитивна поука“) од Ахмет Селмани, објавена од „Академска мисла“. Според жирито предводено од Делвина Крлуку, поетиката на Селмани се одликува со јазична економичност, јасна метафорика и силна етичка насоченост, а причините за избор на оваа поетска книга „се повеќеслојни и се однесуваат на она што е најважно за еден сериозен книжевен зафат: концепт, кохерентност, препознатливост и долгорочна вредност“. Претседателот на ДПМ Гроздановски на прес-конференцијата посочи дека наидуваат на проблеми да најдат членови на жири-комисии и биле одбивани од оправдани причини на оние што ги поканиле да одлучуваат за наградите. Причината за тоа е што добиваат голем број пријавени дела на конкурсот, а имаат краток рок од 30 дена да ги прочитаат и тоа во период на новогодишните и божиќните празници. -Како што се зголемува бројот на книги што пристигнуваат во конкуренција, се наметнува потребата да се овозможи повеќе време за читање. Затоа што, практично, многу е тешко да се прочитаат дваесет книги за еден месец, изјави Гроздановски. Поради тоа, рече тој, во ДПМ се разговара за промена на правилникот за конкурсот да биде отворен порано и делата да може да се праќаат до 10 или до 15 декември. А ако некоја книга биде објавена до крајот на календарската година, на авторот да му се овозможи да учествува во изборот и неговата книга дополнително да и се достави на жири-комисијата. Тагови: ДПМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре променливо облачно со температура дури до 25 степени, заладување од сабота Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 12 Попова Шапка, 14 Зајчев Рид, Тетово, Крушево, 15 Лазарополе, 16 Струмица, Претор, 17 Велес, Скопје Петровец, Демир Капија, Гевгелија, 18 Охрид, Кавадарци, 19 Штип, 20 Виница, Берово, Прилеп, 21 Крива Паланка, Битола. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше променливо облачно со слаб до умерен, наместа повремено засилен, ветер од јужен правец. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 24 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на серија од влажни бранови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Утре ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање, особено во северните делови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Шоу бизРазбојници упаднеле на имотот на Крис Хемсворт и му украле три автомобили (ФОТО)Вооружени крадци провалиле во имотот на актерот Крис Хемсворт и неговата сопруга Елса Патаки во Австралија и украле три автомобили. Провалувањето се случило во раните утрински часови во среда на имотот вреден 75 милиони долари во Брокен Хед, јужно од Бајрон Беј, каде што парот живее со своите три деца, објавува Дејли Меил. Елса Патаки ја разбудило лаење на кучињата Полицијата потврди дека добила пријава за провалата околу 7:30 часот во среда. Според извор близок до парот, Елса Патаки ја разбудило лаење на кучиња околу два часот наутро, но не се посомневала дека нешто се случува, па продолжила да спие. Дури подоцна тоа утро, откако ги прегледала снимките од надзорните камери, открила што се случило. Видеата прикажуваат четири мажи со фантоми на главите, од кои двајца се вооружени со ножеви. View this post on Instagram A post shared by Elsa Pataky (@elsapataky) Крадците скокнале преку оградата и влегле во гаражата, каде што имало автомобили каде што биле оставени клучевите. Тие украле три возила, едно BYD, едно Ram и едно Ford Raptor. Оттогаш се пронајдени две возила, едното во Кораки, на околу еден час возење од имотот, а другото во Табулам, на повеќе од два часа возење. Третото возило сè уште се бара. Имотот познат како „Тврдина Хемсворт“ Хемсворт и Патаки го купиле земјиштето во 2014 година за седум милиони долари, а потоа на него изградиле луксузен комплекс, кој меѓу локалното население добил прекар „Тврдина Хемсворт“. Имотот се простира на 4,2 хектари покрај брегот, опкружен со шума и скриен од јавноста. View this post on Instagram A post shared by Elsa Pataky (@elsapataky) Главната куќа има шест спални соби, базен од 50 метри, спа центар, приватно кино, теретана и сала за боулинг со две ленти. Имотот има и стотици соларни панели и систем за видео надзор. Двојката неодамна инвестираше речиси 150.000 долари во изградба на професионално тениско игралиште, а имотот вклучува и патека за мотокрос. Според експертите за недвижности, вредноста на имотот денес би можела значително да надмине 75 милиони долари. Полицијата ја истражува кражбата Полицијата на Нов Јужен Велс потврди дека истрагата е во тек. „Полицијата го обезбеди местото на настанот и започна истрага за околностите на инцидентот“, рече портпаролот. Досега никој не е обвинет за кражбата, а полицијата ги повика сите што имаат информации за случајот да контактираат со „Крајм Стоперс“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаСДСМ: Уплашена власт – со ситни игранки не дозволи опозициски пратенички прашања во СобраниетоКолку многу е уплашена власта на Мицкоски се виде денеска и во македонското Собрание.Со ситни игранки, барање пауза и од нивниот сателит ЗНАМ и со прекршување на деловникот не дозволија опозициски пратенички прашања. Претседателот на Собранието Африм Гаши паузите ги пресмета во времето од два часа за седницата и со тоа пропаднаа пратеничките прашања. Не беше поставено ниту едно прашање. Мицкоски и неговата организирана криминална група се плашат од вистината. Паниката е огромна. Откако Мицкоски вчера беше фатен жив како лаже на надзорната расправа за Алта банка, откако на сите им е кристално јасно дека тој и Трајко Славески се главни виновници кои ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ во Македонија. Никако да им стане јасно дека бегање од вистината нема и таа ќе исплива на површна. А потоа следува и одговорност, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter