Министерот Серафимовски оствари средба амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Петра Дрекслер
2Министерот Серафимовски оствари средба амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Петра Дрекслер
3Борозан: Власта под радарот турка дата центри за профит - ги става во ризик водата, струјата и земјоделството
Се појави видеоснимка од скандалозниот потег на тренерот на Лион, кој предизвика тепачка со фудбалерите на Фенербахче
2Се појави видеоснимка од скандалозниот потег на тренерот на Лион, кој предизвика тепачка со фудбалерите на Фенербахче
Шоу бизЌерката на Мила Јовович на рeвија на Модната недела во Париз Ќерката на холивудската глумица Мила Јовович и режисерот Пол Андерсон, се прошета на ревијата за новата колекција на брендот „Миу Миу“ на Модната недела во Париз.Надежната Евер Андерсон (15) се појави облечена во „тексас“-фустан, искомбиниран со црвена чанта и необични чевли создадени како некаков спој од чизми и апостолки. Девојката инаку, истовремено гради кариера и како модел и како актерка. Многу обожаватели пишуваат дека Евер е „копија“ на нејзината, засега далеку попозната, мајка. Евер е родена 2007 година, две години пред Мила да се омажи за татко ѝ Пол В.С. Андерсон. Тие имаат уште две ќерки - Дашиел (7) и Осијан (3). Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИзраел ги протерува британските функционери?Британските медиуми објавија дека британскиот премиер Енди Бернам се подготвува да објави целосна забрана за трговија со стоки од израелските населби на Западниот Брег како одговор на планот Е1. Израел размислува да ги протера британските функционери од Меѓународниот центар за поддршка на Газа, мултинационалното седиште под американско раководство кое го следи примирјето меѓу Израел и Хамас, објавува „Фајненшл тајмс“ (FT), повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање. Според весникот, израелската влада во последните недели размислува за отстранување на Велика Британија од центарот, а Ерусалим би можел да преземе слични мерки против функционери од други европски земји. Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Сар, вчера објави дека холандските претставници ќе бидат протерани од центарот по серијата, како што ги нарече „антиизраелски мерки“ преземени од Холандија. Британскиот министер за надворешни работи, Ед Милибанд, го нарече планот „неприфатлив и деструктивен“ и рече дека неговата канцеларија подготвува „сеопфатен сет мерки“ како одговор, вклучително и санкции против оние вклучени во, како што го нарече, нелегалното проширување на населбите. Британските медиуми претходно објавија дека британскиот премиер Енди Бернам се подготвува да објави целосна забрана за трговија со стоки од израелските населби на Западниот Брег како одговор на планот Е1. Саар ја нарече изјавата на Милибанд „покровителска“ и ја обвини британската влада дека придонесува за „масовен бран антисемитска омраза и напади врз британската еврејска заедница“ и дека ги нарушува односите меѓу Велика Британија и Израел, објави „Тајмс оф Израел“. Извор: Б92Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Активни се четири пожари, се уште критично во Студеничани и Зелениково11:02Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
ЗабаваФото: Најубавата жена на светот го покажа своето лице без шминкаМанекенката Бела Хадид уште еднаш покажа дека нема проблем да се покаже во целосно природно издание пред своите следбеници. Таа објави фотографија без шминка на социјалните мрежи, а нејзиниот опуштен изглед ги воодушеви многумина – можеби се обиде да го сврти вниманието од приказната за нејзиното наводно ново момче. Сепак, не е само лицето без шминка она што привлекува внимание. Во последните месеци, Бела очигледно експериментира со својот моден израз и сè повеќе се оддалечува од препознатливиот каубојски или вестерн-стил, кој долго време беше нејзин заштитен знак. Бела беше синоним за каубојски шапки, кожни парчиња, реси, широки ремени, тексас и чизми инспирирани од Дивиот Запад. Нејзиниот стил особено се промени откако стапи во врска со професионалниот каубој Адан Бануелос, а вестерн-естетиката стана речиси нејзин моден заштитен знак. Сега, со фотографија без шминка и сè поизразено враќање кон поедноставни модни парчиња, се чини дека Бела е подготвена да ја остави зад себе својата „каубојска ера“. Тагови: Бела Хадид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Активни се четири пожари, се уште критично во Студеничани и Зелениково11:02Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
МакедонијаМинистерот Серафимовски оствари средба амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Петра ДрекслерМинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски денес се сретна со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Петра Дрекслер.Во фокусот на разговорот беа модернизацијата на земјоделското производство, примената на современи технологии, приспособувањето кон климатските промени и усогласувањето со европските стандарди. Од двете страни беше истакната важноста на размената на знаење и искуства како основа за зголемување на конкурентноста на земјоделство. „Германското искуство покажува дека продуктивноста и одговорниот однос кон природните ресурси можат да се развиваат компатибилно, односно унапредувањето на земјоделството не мора нужно да биде на штета на природата. Овие искуства се корисни и затоа нашата намера е да ги преточиме во практични решенија што ќе донесат повисок квалитет, поголема отпорност на производството на климатските промени и конкретна корист за земјоделците“, истакна министерот Серафимовски. Министерот Серафимовски ги претстави приоритетите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои се насочени кон зголемување на домашното производство, подобрување на квалитетот и пласманот на земјоделските производи, порационално користење на водните и шумските ресурси и создавање поодржлива економска перспектива за руралните средини. На средбата посебно внимание беше посветено на можностите за експертска и институционална соработка, поврзување на релевантните институции и стопански субјекти, како и отворање простор за идни иницијативи во областа на иновациите, преработувачката индустрија, развојот на руралната економија и извозот на македонско вино. Од страна на министерот Серафимовски и амбасадорката Дрекслер беше потврден заедничкиот интерес за продолжување на дијалогот и за препознавање на нови конкретни области во кои македонско-германската соработка може да добие дополнителна развојна содржина.Тагови: Серафимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter