ЗабаваЌерката на Мадона се прошета по црвениот тепих во проѕирен фустан и ништо под него (ФОТО)Лурд Леон ги следи стапките на својата позната мајка Мадона кога станува збор за провокативното облекување.Така во четвртокот, таа ѝ се придружи на модната елита на овогодинешниот Vogue Fashion Night Out во Мадрид, пристигнувајќи на црвениот тепих во смел проѕирен фустан со црно-бели хоризонтални риги и дезен во јапонски стил. Манекенката (26), според Дејли Мејл, под таа креација имала само ситна црна танга. Долгиот фустан ги разоткри и рамениците на Лурд и ги покажа нејзините облини. Носеше и црна кожна чанта со сребрени синџири и тренди црни кожни чизми со потпетици. На почетокот на овој месец, Лурд уживаше во модната недела во Њујорк. Таа присуствува на бројни модни ревии и престижни настани, вклучувајќи го и лансирањето на „The Tour“ на Victoria's Secret. Лурд ќе го претставува брендот заедно со голем број други убавици на модната ревија на линијата за долна облека, што е резултат на поинклузивниот и разновиден имиџ што тие го изградија по постепеното отстранување на иконите „Ангели“ во 2021 година. Инаку, Лурд неодамна проговори за тоа какво е растењето како дете на една од најпознатите луѓе во светот. „Се сеќавам дека се најдов во неволја затоа што се измо*ав на многу важен документ на мајка ми во нејзината канцеларија. Таа не ми обрнуваше внимание и јас само се олеснив...“, откри таа за The Face. И покрај тој изолиран инцидент, најстарото дете на кралицата на попот беше, вели таа, добро дете. „Мислам дека ќе бев претепана ако не се однесував добро. Манирите беа многу важни за моето семејство додека растев“, рече таа. На пример, таа не се искрадувала за да излезе од дома, како што веќе знаат тинејџерите, за да се среќава со пријателите на забави, но призна дека одвреме-навреме се прикрадувала на покривот за да запали. Додала дека нејзиното воспитување било доста строго бидејќи не смеела да излегува. „Тато ми дозволуваше да се дружам со моите пријатели понекогаш за време на викендите, но јас навистина не размислував за тоа да излезам“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДарко Василевски го прекина штрајкот со глад по шест дена пред Медицинскиот факултетЗаминувам со благо нарушено здравје, без ниту еден „залак“ и со крената глава – е пораката со која доктор Дарко Василевски го заврши шестдневниот штрајк со глад пред деканатот на медицинскиот факултет. Борбата со ветерници, како што ја нарекува, најави ќе ја продолжи по институционален пат, оти гладувањето по шестиот ден веќе почнало да влијае врз неговото здравје. Ваквата одлука, вели, доаѓа и по краткиот разговор со деканот на медицинскиот факултет – Светозар Антовиќ, со кого ставовите околу фер и транспарентноста на постапките за вработување останали спротивни. -Вчера, некаде околу пладне, имав кратка средба со деканот на медицинскиот факултет, кој веднаш штом се врати од патување ме повика да се видиме, на таа средба ги разговаравме нивните и моите ставови. Тие и понатаму стојат на нивниот став дека се е фер и транспарентно, јас и понатаму стојам на мојот став дека не е фер и не е транспарентно. Со оглед на тоа што веќе колегите се во работен однос и по разговорот со деканот и дека веќе изминуваше шестиот ден од штрајкот со глад, веќе чувствував изнемоштеност, слабост итн, решив да го прекинам штрајкот со глад и понатаму моите убедувања да ги докажувам преку институтуциите. Не се откажувам, ќе го докажам тоа што го тврдам, па колку време и да е потребно за истото,- - Дарко Василевски. Разговорот бил конструктивен, а деканот на Медицинскиот факултет, Антовиќ, вели дека детално одговорил на сите прашања на Василевски, кои повеќето биле за критериумите. Тој, веднаш по враќањето од САД, каде службено бил на подолг период, се сретнал со професорите кои го спровеле изборот на кандидатите и добил детален увид во процесот. Потоа го посетил Василевски во шаторот и го повикал на разговор во неговата канцеларија. Антовиќ уверува дека постапката за вработување била законска и дека тоа можат да го проверат и надлежните институции. -Јас навистина не можам да замислам дека медицинскиот факултет како таков, кој е дел од УКИМ, не ги почитува законите кои важат во државата. Одговорно тврдам дека, се она што пропишува законот за работни односи е испочитуван од страна на медицинскиот факултет и тоа може да биде проверено од сите надлежни институции, а воедно го упатив доктор Василевски дека пред судовите во Македонија може да покрене постапка, во која што тоа лесно може да се докаже. Потоа, мислам, дека во една пријателска атмосфера се разделивме и одлуката да го прекине штрајкот е негов личен чин, кој јас навистина го поздравувам, бидејќи сметам дека здравјето негово е пред се и над се. - Светозар Антовиќ – Декан на Медицински факултет - Скопје. Во однос на тоа дали и тој ќе има средба – министерот за здравство Клековски вели дека Василевски не се пријавил за работа во установа под министерството за здравство, односно конкурирал во образовна институција, па од таму не е соодветно тој да разговара. Тој вели дека е во тек со случувања и дека во основа, работата која сакал да ја добие Василевски, ја добиле кандидати кои подобро ги исполнувале критериумите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаДокументот за проширување на Унијата презентиран пред АФЕТ Со огромен интерес, рекорден број прашања, но и со низа забелешки, европратениците го пречекаа новиот документ за проширување на Европската Унија, што денеска во Стразбур им го презентираше еврокомесарката Марта Кос. Меѓу доминантните прашања пред Комитетот за надворешни работи, се најде предлогот едногласноста да се замени со квалификувано мнозинство и со тоа да се отстрани досегашното право - една членка да може да блокира земја - кандидантка во текот на преговорите по поглавја. На ваквиот клучен предлог, се спротивстави бугарскиот европратеник Станислав Стојанов, а Македонија ја наведе како пример зошто таквата промена не треба да се прифати. Едногласноста не треба да се злоупотребува – му одговори Кос и порача билатералните прашања да се решаваат меѓу двете засегнати страни, иако како што потоа дополни, ЕУ е подготвена да биде дел од разговорите. -Укинувањето на принципот на едногласност и неговата замена со принципот на квалификувано мнозинство е загрижувачко. Нема потреба да брзате да примате кандидати кои не се подготвени. Едногласноста е многу моќна алатка која вие практично сакате да ја елиминирате. Постојат земји-кандидатки како што е Македонија, каде што човековите права се уште се нарушувани,- -Станислав Стојанов, европратеник од Бугарија. -Г-дине Стојанов, да, и јас многу се залагам за користење на едногласноста сè додека не се злоупотребува. Не, не сакаме да ја елиминираме, предлагаме некои делови да бидат поефикасни, земјите-членки ќе дискутираат, и се согласувам со вас дека билатералните прашања немаат никаква врска со процесот на пристапување. Апелираме до секоја земја-членка и земјите-кандидатки да го сторат ова билатерално,- -Марта Кос, еврокомесарка за проширување. Непочитувањето на правата на малцинствата ќе биде причина да се активираат заштитните мерки за новите членки како суспендирање на правото на глас и финансиската поддршка, дополни еврокомесарката. -Ги споменавте правата на малцинствата. Токму ова го правиме. Ова е Член 2. Токму ова го прават Украина и Унгарија во вистинско време и токму ова треба да го направат Македонија и Бугарија,- -Марта Кос, еврокомесарка за проширување. На прашање од известувачот за земјава – Томас Вајц кој е ставот на земјите членки отворањето и затворањето на поглавјата да се одвива со квалификувано мнозинство, Кос призна дека во моментов тие се со поделени реакции и ставови. Новите претпристапни политики како предлог на Колегиумот на комесари се се уште во процес на дебата, а финалниот стратешки дијалог по ова прашање ќе се одвива следната недела во Европскиот Совет. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеНема регистрирано дете дијагностицирано со остеомиелитисСпорните серии од бугарскиот производител „Бул Био“ за кои алармот го вклучи Хрватска се користени и во Македонија до јуни летово, кога им поминал рокот, но досега нема регистрирано дете дијагностицирано со остеомиелитис.Спорните серии од бугарскиот производител „Бул Био“ за кои алармот го вклучи Хрватска се користени и во Македонија до јуни летово, кога им поминал рокот, но досега нема регистрирано дете дијагностицирано со остеомиелитис, потврдува Министерот за здравство Сашо Клековски. Во меѓувреме, државата ќе обезбеди вакцини од друг производител, од Јапонија, во соработка со УНИЦЕФ, а пратката од околу 15.000 вакцини доволни за една година се очекува да стигне во земјава за десетина дена, со цел да се обезбеди континуитет на имунизацијата бидејќи Македонија е земја со висок ризик за туберколоза. Властите велат дека се додека сомнежите за бугарската вакцина не се потврдат или отфрлат таа воопшто нема да се користи во Македонија, а се очекува истрагата да заврши за два до три месеци. Остеомиелитис е позната, но многу ретка можна несакана реакција на БСЖ вакцинацијата, но ова заболување, или воспаление на коските што го зафаќа коскеното ткиво и коскената срцевина може да има повеќе причинители, велат од Националниот комитет за имунизација. Откако Хрватска најави истрага поради сомнежот за квалитетот на вакцината, бугарскиот државен фармацевтски производител Bul Bio ги отфрли ваквите тврдења. Тие соопштија дека направиле сопствена истрага која покажала дека во два од четирите пријавени случаи во Хрватска, била администрирана доза што била десет пати поголема од пропишаната, соопшти бугарското министерство за здравство. Бесеже вакцината против тешки форми на туберкулоза која се администрира веднаш по раѓањето, но може да се прими до една година потоа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter