Ќерката на Мадона позира за Калвин Клајн во „влакнесто“ издание (ФОТО) - Канал 5

Ќерката на Мадона позира за Калвин Клајн во „влакнесто“ издание (ФОТО)

25-годишната ќерка на Мадона, Лурд Леон е заштитно лице на новата кампања на Калвин Клајн, а на фотографиите што брендот ги објави на социјалните мрежи, Лурд гордо ги покажа неизбричените пазуви.

Ќерката на Мадона позира за Калвин Клајн во „влакнесто“ издание (ФОТО)

На првата црно-бела фотографија ќерката на Мадона е облечена во тренерки и шорцеви „CK1 Palace“, додека на втората позира во долна облека и ги крева рацете и ги покажува влакната.

Младата манекенка често ги покажува пазувите во јавност, а истото неодамна го направи и на Мет Гала, кога се појави во деколтиран розов фустан.

Инаку, Лурд е и едно од лицата на насловната страница на приказната „Генерација на Америка: Модели што ја менуваат индустријата“ во септемвриското издание на Вог.

„Луѓето мислат дека сум богато дете без талент што се дава на послужавник, но не сум“, изјавила таа за магазинот, објаснувајќи дека сама си ја платила школарината за факултет и живее во населбата Бушвик во Њујорк, далеку од сјајот на Холивуд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Имаме јасен план, имаме определена насока и чекор по чекор работиме за реализација на целите

Денеска во интервју за Атлантскиот совет зборував за визијата, одговорноста и јасниот курс што го следиме како држава.

Мицкоски: Имаме јасен план, имаме определена насока и чекор по чекор работиме за реализација на целите

Во политиката, како и во животот, најважно е зборот да има тежина. Кога преземаме обврска, тогаш работиме таа да биде исполнета. Граѓаните заслужуваат искрен пристап, конкретни планови и резултати, а не импровизации и празни ветувања.

Македонија е одговорен и посветен сојузник во НАТО, држава која ги исполнува своите обврски и активно придонесува кон зајакнување на безбедноста, стабилноста и развојот.

Имаме јасен план, имаме определена насока и чекор по чекор работиме за реализација на целите кои ги поставивме за посилна, побезбедна и просперитетна Македонија, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поштар од БиХ ги украл пензиите и избегал на Тајланд- сам се предал, откако се вратил од „екскурзијата“ (ВИДЕО)

Поштарот Стипо Јукиќ (31) од Чапљина, уапсен вчера под сомнение дека исчезнал со пари за пензии, е пуштен на слобода и ќе се брани од слобода. 

Поштар од БиХ ги украл пензиите и избегал на Тајланд- сам се предал, откако се вратил од „екскурзијата“ (ВИДЕО)

Тој се предал на полицијата на границата откако се вратил во земјата, пишува „Независне новине“.

Истрагата открила дека тој престојувал во Бангкок, Тајланд. На враќање, тој слетал во Сплит, од каде што се упатил кон граничниот премин Бијача и се предал на босанската полиција. Еден од изворите изјавил дека за време на испрашувањето, Јукиќ детално опишал што се случило.

Истрага и судбината на парите

По испрашувањето од страна на полицијата, Јукиќ е пуштен на слобода. „Тој дал изјава, бил пуштен да се брани од слобода, па судењето ќе го чека во затвор“, потврдил извор запознаен со случајот. Сè уште нема официјални информации за тоа каде се парите од пензијата. Истиот извор тврди дека парите ќе бидат вратени.

Случајот стана јавен откако исчезнатиот Јукиќ беше пријавен на 7 септември. Полицијата подоцна утврди дека тој ја напуштил Босна и Херцеговина два дена претходно, на 5 септември, преку граничниот премин во близина на Мостар.

Од Чапљина до Бангкок

Јукиќ последен пат бил виден на 5 септември, кога се упатил кон Мостар со пријатели. Според досегашните информации, оттаму патувал за Сараево, потоа за Турција, а неговата крајна дестинација бил Бангкок во Тајланд.

Во времето на неговото исчезнување, во Чапљина не биле доставени помеѓу 50 и 60 пензии, што му даде на целиот случај поголема тежина.

@novifosil #khaosanroad #thailand🇹🇭 #ladygaga #pkuket🇹🇭 #coffeetiktok ♬ izvorni zvuk - 444dvanaest

На 10 септември, против поштарот е поднесена пријава поради сомнение за избегнување. Потоа полицијата го промени статусот на потрага, па повеќе не го барале како исчезнато лице, туку како осомничено за кривично дело. Хрватската пошта во Мостар подоцна извести дека сите пензии биле исплатени на 10 септември и дека е во тек внатрешна контрола.

Официјално соопштение на МВР

Министерството за внатрешни работи на Херцеговачко-неретванската жупанија го потврди текот на настаните.

„Исчезнувањето на С. Ј. (1995) од Чапљина е пријавено на 7 септември. Тој заминал за Мостар на 5 септември навечер. Полициските службеници презедоа потребни мерки и утврдија дека тој ја напуштил територијата на Босна и Херцеговина. На 10 септември е поднесена пријава против С. Ј. поради сомнение за сторено кривично дело избегнување, па затоа е започната оперативна потрага по него како сторител, а не повеќе како исчезнато лице.

Полициските службеници на Полициската управа Чапљина го презедоа споменатото лице и го сместија во притворските простории. За сè се информирани Одделот за криминалистичка полиција и обвинителот, а се преземаат и понатамошни потребни мерки“, соопшти Министерството за внатрешни работи на ХНЖ.

За време на престојот во Тајланд, Јукиќ објави видеа на својот TikTok профил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неизвесна е судбината на Сеат- во Фолксваген размислуваат да го укинат

Шпанскиот автомобилски бренд Seat, во сопственост на германскиот Volkswagen, би можел да биде затворен како дел од стратешки преглед на најголемиот европски производител на автомобили.

Неизвесна е судбината на Сеат- во Фолксваген размислуваат да го укинат

Брендот се соочува со зголемена конкуренција од кинеските производители и скап премин кон електрични возила, објави Ројтерс.

Фолксваген претходно овој месец, како дел од поширок план за реструктуирање, изјави дека иднината на Сеат „надвор од тековниот производствен циклус сè уште е во фаза на разгледување“ и дека се можни неколку сценарија по 2030 година.

Seat не претстави нов модел од 2020 година, невообичаено долг период во автомобилската индустрија, каде што новите возила се клучни за опстанокот на брендот.

Брендот учествуваше со помалку од 3 проценти во глобалните испораки на Volkswagen минатата година, додека Cupra, лансирана во 2018 година како спортски бренд, го надмина Seat во годишна продажба за прв пат.

Cupra моментално нуди три целосно електрични модели, вклучувајќи го и новиот Raval, додека Seat нема целосно електричен модел и нема планови да претстави еден.

Volkswagen претходно изјави дека инвестицијата потребна за развој на програма за електрични возила за Seat не е оправдана со оглед на профитабилноста на брендот.

Евентуалното затворање на „Сеат“ би бил редок случај на исчезнување на долгогодишен автомобилски бренд.

„Сеат“ е основан во 1950 година како државна компанија во Шпанија, а во 1986 година е купен од „Фолксваген“ и вклучен во неговото портфолио како бренд на попристапни автомобили.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер