ВМРО-ДПМНЕ: Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, продолжија со дебаклот на СДС и заминувањето на Ковачевски
2ВМРО-ДПМНЕ: Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, продолжија со дебаклот на СДС и заминувањето на Ковачевски
Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО
2Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО
3Наставничка во Германија 17 години била на боледување а земала цела плата, и се заканува затворска казна
Шоу бизЌерката на Лиза Мари Присли, требаше да одржи говор на комеморацијата во Мемфис Ќерката на Лиза Присли не беше во состојба да зборува, нејзиниот сопруг прочита срцепарателна порака, на најтажниот ден за неа тие соопштија радосната вест (фото)Рајли Кио, ќерката на Лиза Мари Присли, требаше да одржи говор на комеморацијата во Мемфис посветена на нејзината мајка која почина на 54-годишна возраст. Но таа немаше сила за тоа, па нејзината порака ја прочита нејзиниот сопруг Бен Смит-Петерсон, кој откри непознат детаљ од нивниот живот. „Се надевам дека ќе можам да ја сакам мојата ќерка онака како што ти ме сакаше мене, како што ги сакаше мојот брат и сестри. Ти благодарам што ми даде сила, што ми го даде срцето, што ме научи на емпатија, на манири, на храброст, што ми ја даде смислата за хумор, темпераментот , мојата дива природа, упорноста... Јас сум производ на твоето срце, моите сестри, мојот брат се производ на твоето срце - изјави Смит Питерсон читајќи го говорот на својата сопруга, а пренесе „Пипл“. Ќерката и зетот на Лиза Мари Присли со ова открија дека станале родители, а јавноста тоа не го знаеше. Актерката Рајли Кио не откри кога се породила, ниту го откри името на ќерката, но за американскиот магазин „Пипл“ било потврдено дека девојчето се родило минатата година. Лиза Присли ја доби ќерката Рајли со поранешниот сопруг Дени Кио. Во тој брак таа го доби и синот Бенџамин, кој изврши самоубиство во 2020 година. Пејачката беше погребана покрај нејзиниот син и нејзиниот татко, на имотот на славниот Елвис Присли во Мемфис. Во бракот со Мајкл Локвуд, таа ги доби близначките Харпер и Финли, кои присуствуваа на комеморацијата. Лиза исто така беше во брак со Николас Кејџ и Мајкл Џексон. Нејзиниот брак со Локвуд беше многу турбулентен, тие имаа судски спор поради парите. По нејзината смрт тој ќе се грижи за нивните ќерки. Пејачката живеела со поранешниот сопруг Дени Кио, кој бил со неа кога на 12-ти јануари доживеала срцев удар во домот во Калифорнија. Таа била префрлена во болница, но набргу починала. На комеморацијата на Лиза Присли, настапија Аланис Морисет, која ја изведе песната „Rest“, и Аклс Роуз кој ја отпеа „November rain“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сосВо среда (21.10.2026) во емисијата гостин ни бeше д-р Сашко Николов.Состојки за денешниот рецепт: 500 гр. шпагети 1 кг. домати 2 благи пиперки 2 лути пиперки 3 - 4 чешниња лук 3 моркови 300 гр. сирење 1 пакување пармезан масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалПол Сколс го брка Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед! Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, остро го критикуваше капитенот Бруно Фернандеш.Сколс му порача дека треба да го напушти европскиот фудбал и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија. Причината е критиката што Фернандеш ја упати кон тренерот Мајкл Керик, чиј тактички план тој го оспори по поразот од Комо во Италија. Португалецот сметаше дека Јунајтед требало да игра одбрана „човек на човек“, бидејќи поинаквиот пристап му дал дополнителна самодоверба на противникот. „Она што Бруно го кажа минатата недела е непростливо за мене. Како може некој воопшто да му ја довери капитенската лента? Мислам дека треба да ја напушти Европа, да замине во Саудиска Арабија и да се скрие“, изјави Сколс. Ова не е првпат поранешниот играч за врска да го критикува Фернандеш. Претходно оваа сезона, тој му порача „да си ја затвори устата“, откако Португалецот јавно ја критикуваше играта на сопствениот тим. Поради тие критики, Керик минатиот викенд го остави Фернандеш на клупата, а во дебаклот против Борнмут (0:3) дури ниту го внесе во игра како замена.Тагови: Манчестер Јунајтед Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеМинистерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО Вчера, на маргините на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, министерот за здравство Сашо Клековски оствари повеќе билатерални средби. Вчера, на маргините на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, министерот за здравство Сашо Клековски оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои со министерот за здравство на Чешка, Адам Војтјех, разговараа за можностите за билатерална соработка и размена на искуства. Министерот Клековски се заблагодари за чешката поддршка во справувањето со трагедијата во Кочани, и ги претстави здравствените приоритети. Министерот Клековски се сретна и со Евис Сала, поранешна министерка за здравство и социјална заштита на Албанија. На средбите министерот беше придружуван од амбасадорот на Македонија во Данска, Н.Е. Фадил Зендели. Министерот се сретна со Флоренс Бауер, регионална директорка на Фондот на ОН за население (УНФПА) за Источна Европа и Централна Азија. Разговараа за соработката во областа на демографските предизвици со кои се соочуваат земјите од регионот. Министерот оствари средби и со двајца од кандидатите за нов генерален директор на СЗО: д-р Ханс Клуге од Белгија, регионален директор на СЗО за Европа д-р Ханан Ал-Кувари од Катар, поранешна министерка за јавно здравје на Катар Министерот Клековски ги истакна приоритетите на нашата земја и потребата од силна поддршка на СЗО за земјите од европскиот регион. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39