Ќерката на големата балканска ѕвезда Здравко Чолиќ го откри своето бујно деколте! - Канал 5

Ќерката на големата балканска ѕвезда Здравко Чолиќ го откри своето бујно деколте!

Мажите се воодушевени, а обожавателите на познатиот пејач и порачуваат: „доста со таа голотија“!

Ќерката на големата балканска ѕвезда Здравко Чолиќ го откри своето бујно деколте!

Ќерката на легендарниот пејач Здравко Чолиќ, Уна Чолиќ (21), е многу активна на социјалните мрежи, особено на Инстаграм. Овој пат таа објави „ласкава“ фотографија од тоалетот на теретаната во која вежба. Многумина сметаат дека Бог не штедел на нејзината убавина, дарувајќи ѝ ги сите можни атрибути.

Ќерката на големата балканска ѕвезда честопати се фотографира во фустани или маички кои ги откриваат нејзините бујни гради, па така беше и овој пат. Уна носи тесна спортска маичка потпишана од Келвин Клајн, во долниот дел носи црни хеланки, а забележливо е дека ни во теретана не оди без шминка.

Коментарите за овој атрактивен, а сепак спортски изглед на ќерката на една од најголемите пејачки легенди не изостанаа.

Сепак оние што ја почитуваат музиката на легендарниот Чола, сметаат дека неговата ќерка не треба толку многу да ги истакнува своите атрибути. Честопати во коментарите на нејзините фотографии се сретнуваат коментари со блага доза на критика.

- Биди скромна како татко ти. Нема потреба да се експонираш на социјалните мрежи! - ѝ порачала една госпоѓа.

Уна пред неколку недели имаше објавено фотографија на која носи црн сатенски фустан со тенки прерамки, нејзините гради и овој пат се во преден план поради длабокото деколте, а очигледно е дека таа не носи градник под фустанот.

- Уна, претера, гледаш дека те коментираат само мажи! Сликите ти се вулгарни, сепак ти си ќерка на најголемата ѕвезда - гласеше еден од коментарите, додека други ѝ порачуваа да престане со таа голотија.

Но, ќерката на Чолиќ пет пари не дава на коментарите со критики. Неа на Инстаграм ја следат 40.000 лица и таа не се двоуми да објави фотографија во облека која повеќе открива, отколку што покрива.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова: Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го поздрави исходот од парламентарните избори во Србија.

Сиљановска-Давкова: Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт

Честитки за исходот од денешните избори во Србија! Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт“,напиша Сиљановска-Давкова на мрежата ИКС.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателот на СДСМ Филипче упати честитки по големата победа во Србија

Претседателот на СДСМ, проф д-р Венко Филипче упати честитки до граѓаните на Србија по големата победа на изборите. 

Претседателот на СДСМ Филипче упати честитки по големата победа во Србија

„Честитки до граѓаните на Србија за големата, историска победа!

Како што најавивме, следува ослободување од криминалните структури на власта. Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен.

Очекувам Србија и Македонија да градат најдобри можни односи, засновани на меѓусебно почитување и соработка.

На граѓаните на Македонија им порачувам дека нè чека борба, ни малку лесна, затоа што се бориме против остатокот од оваа криминална балканска група. “ стои во честитката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Студентите ја прославија победата во центарот на Белград

Веднаш по прогласувањето на победата, во центарот на Белград почна славењето, кое траење до доцна во ноќта. Таму беше и екипата на Канал 5 – новинарот Михаило Донев и снимателот Зоран Блажевски.

Студентите ја прославија победата во центарот на Белград

Каква беше синоќа атмосферата на улиците во главниот град на Србија и како е утринава се разотиде ли народот од улиците?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер