Ќерката на Французинот, кој најмувал силувачи за сопругата: И јас сум била дрогирана - Канал 5

Ќерката на Французинот, кој најмувал силувачи за сопругата: И јас сум била дрогирана

Ќерката на пензионер кој наводно ја дрогирал сопругата така што 72 мажи ја силувале речиси 100 пати во период од 10 години, пред судот изјавила дека „се плаши дека и таа била дрогирана“.

Ќерката на Французинот, кој најмувал силувачи за сопругата: И јас сум била дрогирана

За време на вториот ден од судењето на Доминик Пелико (71), неговата ќерка Керолин Даријан ја напушти судницата откако судијата спомна дека на компјутерот на нејзиниот татко има нејзини разголени фотографии.

„Убедена сум дека бев издрогирана, но тој никогаш нема да признае“, изјави таа за Le Parisien.

Додека претседавачкиот судија Роџер Арата почна да ги чита деталите за сликите, Даријан - која беше во јавната галерија - се расплака и мораше да ја напушти судската зграда на околу 20 минути.

Даријан, која сега има 40-тина години, веќе напишала книга за случајот наречена „Престанав да те нарекувам тато“, која судијата ја наведе пред судот.

Рекла и дека е „прогонувана“ од стравот дека можеби татко ѝ дозволувал мажи да ја силуваат откако на неговиот компјутер биле пронајдени нејзини слики во „туѓа долна облека, на некои фотографии и во облеката на нејзината мајка“, пренесува Билд.

Фотографиите се пронајдени на компјутерот на Доминик во папка наречена „За мојата ќерка, гола“.

Доминк, наводно, користел онлајн форум за да регрутира странци да го посетат нивниот дом, според полицијата која пронашла разговори на страницата наречена coco.fr, која оттогаш е затворена.

Неговата сопруга Жизел (72) наводно била дрогирана и силувана повеќе од 100 пати, соопшти судот.

Жизел „не се сеќава“ на 10-годишното злоставување, кое го открила во 2020 година, откако полицијата пронашла стотици нејзини слики на телефонот на нејзиниот сопруг.

Сликите и видеата наводно покажуваат десетици силувања во семејниот дом во Мазан, во близина на Авињон, Франција.

Тие се преселиле во селото од Париз, две години откако започнало злоставувањето во 2011 година.

Полицијата го открила овој грозоморен случај откако Доминик бил фатен од чувар на трговски центар како тајно фотографира жени под нивните здолништа.

71-годишникот, кој тврди дека бил силуван од медицинска сестра кога имал девет години, е подготвен да се соочи со „неговото семејство и неговата сопруга“, рече неговата адвокатка Беатрис Заваро.

За Жизел, сепак, ова судење ќе биде „ужасно искушение“, бидејќи „првпат таа ќе мора повторно да ги преживее силувањата што ги трпела повеќе од 10 години“, рече нејзиниот адвокат.

Бугарското МНР за извештајот: Македонија не успеа да го вклучи ЕП во политичка инструментализација

По изгласувањето на извештајот за Македонија се огалсија и од бугарското МНР.

Бугарското МНР за извештајот: Македонија не успеа да го вклучи ЕП во политичка инструментализација

„Со својата одлука, Европскиот парламент ја потврди својата улога како непристрасно и независно тело посветено на следење на реформскиот напредок на Македонија. Од особена важност се наодите во областа на владеењето на правото, заштитата на основните права и слободи, функционирањето на демократските институции, спроведувањето на клучните реформи, спроведувањето на договорните обврски, како и влијанието на надворешните актери. Ова се аспектите што треба да бидат во фокусот на напорите на властите во Скопјe, доколку целта остане трајна европска интеграција. Отстапувањата од утврдената условеност, како и обидите за користење на европските институции за постигнување на краткорочни домашни политички цели, не само што го забавуваат процесот на пристапување, туку и ја поткопуваат довербата меѓу земјите во регионот. Ова има негативно влијание врз добрососедските односи, кои се хоризонтален и неповратен елемент на процесот на пристапување кон Европската унија“, се вели во ставот оф бугарското МНР.

Митовски: Длабоко сочувство до семејството на трагично загинатиот сограѓанин

Фејсбук објава на градоначалникот на Општина Крива Паланка Сашко Митовски околу ситуацијата со пожарите.

Митовски: Длабоко сочувство до семејството на трагично загинатиот сограѓанин

„Опасна огнена стихија се закани на градот, хероите ја спасија! Со срце поголемо од пламенот, стоеја на првата линија.

Тежок ден за Крива Паланка, но ден на храброст и човечност.

Ви благодарам на сите што ЛАВОВСКИ се боревте – вие сте нашата сила, гордост и надеж! [🙏] [❤️]

Хероите постојат – и денес ги видовме во дело. [🇲🇰]

Во овие тешки моменти, изразувам длабоко сочувство до семејството на трагично загинатиот сограѓанин. Нивната болка е болка на целата наша заедница. Нека почива во мир.“- стои во објавата.

МЗ: Се следи состојбата на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Во контекст на актуелните пожари што се во тек, Министерството за здравство информира дека здравствениот систем е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици.

МЗ: Се следи состојбата на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се дежурства од стручни кадри и резервирани се транспортни капацитети за итни случаи. Сите релевантни служби се во состојба на зголемена готовност, со јасно дефинирани протоколи за постапување.

Се следи состојбата на терен и се постапува согласно развојот на настаните, со единствена цел, заштита на здравјето и безбедноста на населението.

притисни ентер