Ќерката на Французинот, кој ја дрогирал сопругата и најмил 72 силувачи: Не си ми татко - Канал 5

Ќерката на Французинот, кој ја дрогирал сопругата и најмил 72 силувачи: Не си ми татко

Доминик П.(71) 10 години секојдневно ја злоставувал и силувал сопругата Гисела (72).

Ќерката на Французинот, кој ја дрогирал сопругата и најмил 72 силувачи: Не си ми татко

Тој дозволил десетици непознати да ја силуваат во брачниот кревет откако ја дрогирал. На вкупно 51 наводен силувач, заедно со нејзиниот сопруг, им се суди во Авињон, Франција. Секој од нив се соочува со 20 години затвор.

Моментално му се суди на човек од Мазан, на судењето кое започна вчера и привлече внимание од целиот свет.

Неговата ќерка ја објави книгата „Престанав да те нарекувам тато“ (Et j'ai cessé de t'appeler Papa) под псевдонимот Каролина Даријан.

"Секое утро ме водеше до училиште, ме носеше на часови по танц. Кога излегував навечер, ме земаше среде ноќ за да не се возам со автобус. Татко ми многу ми даваше поддршка Се шегувавме, разговаравме...“, стои во книгата.

Останатите две деца велат дека никогаш во неговото однесување не виделе индикации дека е подготвен да направи ваков грозоморен чин.

Истрагата откри дека овој инцидент не е прв случај од ваков вид, туку дека во 1991 година тој бил обвинет за сексуален престап. Тој бил обвинет и за обид за силување во 1999 година, што го признал по ДНК анализа.

Доминик е роден на 27 ноември 1952 година во Франција, а бил уапсен во 2020 година. Со Жизела е во брак од 1973 година. Од бракот кој траел речиси пет децении, до неговото апсење, тие имаат три деца.

Судењето на Доминик започнало по опсежна истрага. Имено, во септември 2020 година, еден маж бил запрен од полицијата бидејќи снимал жени во локален супермаркет.

Со себе носел мала камера која ја ставал под женските здолништа.

Така полицијата му пристапила на телефонот, компјутерот и хард дисковите каде пронашле вистински хорор.

Мажот повторно бил уапсен во ноември 2020 година, а неговата сопруга потоа повикала полиција и го опишала нејзиниот сопруг како „тивок“. Таа изјавила и дека тој е во пензија и дека биле во брак 50 години.

За жал, во текот на сите години на злоставување, Жизела не била свесна за силувањето и за нејзината ситуација. Наскоро таа дојде во центарот на настаните.

Откриено е дека телефонот и компјутерот на Доминик содржат преку илјада размени што се случиле на бесплатна страница за разговор (coco.fr) и во одредена соба за разговор. Имало разговори за сексуални односи, кои во реалноста биле силувања.

Инспекторите откриле дека од 2011 година, Доминик ѝ ставал апчиња во храната на неговата сопруга за време на вечерата. Тоа бил лек кој лекува анксиозност и несоница. Откако таа заспивала, тој ги пуштал мажите од претходниот писмен договор и им дозволил да ја силуваат онесвестената жена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Народната банка презема чекори за обезбедување нов сопственик на „АЛТА банка“ – првата аукција на 30 ноември

Во насока на изнаоѓање нов сопственик и создавање услови за натамошно стабилно работење на „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка ја објави постапката за продажба на доминантниот акционерски пакет во Банката. 

Народната банка презема чекори за обезбедување нов сопственик на „АЛТА банка“ – првата аукција на 30 ноември

Станува збор за 372.742 обични акции, односно 95,336% од вкупниот број акции, во сопственост на „Алта банка“ АД Белград – во стечај.

Продажбата ќе се спроведе преку Македонската берза на хартии од вредност, по моделот „сè или ништо“, што значи дека се продава целиот понуден акционерски пакет, без можност за купување само на дел од акциите. Првата јавна берзанска аукција е закажана за 30 ноември 2026 година. Почетната цена е утврдена врз основа на тековната берзанска цена и изнесува 3.777 денари по акција.

Доколку акциите не бидат продадени на првата аукција, следните аукции ќе се одржуваат последователно, на 1, 2, 3, 4 и 7 декември 2026 година. На секоја наредна аукција почетната цена ќе биде намалена за 10% во однос на почетната цена на претходната аукција.

Заинтересираните инвеститори треба најдоцна до 19 ноември 2026 година да достават барање до Народната банка за добивање претходна согласност за стекнување квалификувано учество во Банката, како и писмена изјава дека ќе ги уплатат средствата потребни за купување на акциите. На аукциите ќе можат да учествуваат лицата што ги исполнуваат законските услови.

Постапката е дел од активностите насочени кон обезбедување нов сопственик на Банката, создавање услови за нејзино натамошно работење и зачувување на интересите на штедачите и останатите клиенти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието ја продолжува расправата за буџетот за 2027 година

Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува расправата за предлог-буџетот за 2027 година, по кој се поднесени над 300 амандмани.

Собранието ја продолжува расправата за буџетот за 2027 година

Владата планира приходи од 395,4 милијарди денари и расходи од 440,4 милијарди денари.

Буџетскиот дефицит е проектиран на 45 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП.

За капитални инвестиции се предвидени 40,8 милијарди денари.министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска очекува економски раст од 3,8 проценти во 2027 година.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека буџетот обезбедува финансиска стабилност и средства за инфраструктурни проекти.СДСМ, пак, ги оспорува економските проекции и предупредува дека задолжувањето не го подобрило животниот стандард.Опозицијата ги критикува и поскапувањата на енергијата и отсуството на зголемување на минималната плата. Расправата може да трае до десет дена, од кои шест се предвидени за разгледување на амандманите.

По завршувањето на комисиската расправа, буџетот ќе продолжи во собраниска процедура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Ограничувањата на „Старшилд“ ја отежнуваат одбраната на Украина од руските напади

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека ограничената брзина на американскиот сателитски систем „Старшилд“ ја отежнува одбраната на Украина од руските напади.

Зеленски: Ограничувањата на „Старшилд“ ја отежнуваат одбраната на Украина од руските напади

Тој побара од САД и компанијата на Илон Маск да ги укинат ограничувањата, нагласувајќи дека од тоа зависи заштитата на животите и енергетската инфраструктура пред зимата. Проблемот со брзината на системот, кој го развива „Спејс Икс“, трае веќе неколку недели.

Украина го користи „Старлинк“ за комуникација на бојното поле, додека „Старшилд“ е наменет за воени потреби, вклучително и заштита од ракети и беспилотни летала.Ограничувањата првпат беа забележани во октомври, по што следуваа спротивставени изјави од Илон Маск и американскиот претседател Доналд Трамп. Маск тврдеше дека одговорноста е на американската влада, бидејќи таа управува со системот, додека Трамп негираше дека Вашингтон е одговорен.

Зеленски побара украинските власти да соработуваат што поблиску со американската администрација и компанијата на Маск за надминување на проблемот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер