Ќерката на еден од најбогатите владетели на светот, се омажи за братучед (ФОТО) - Канал 5

Ќерката на еден од најбогатите владетели на светот, се омажи за братучед (ФОТО)

Ќерката на султанот од Брунеи, принцезата Азема се омажила за братучед од својот чичко, а прославата траела 7 дена.

Ќерката на еден од најбогатите владетели на светот, се омажи за братучед (ФОТО)

Принцезата Азема, ќерка на султанот од Брунеи, неодамна се омажи за принцот Бахар.

Нејзиниот татко е еден од најбогатите владетели во светот, има 12 деца, а за својата миленичка Азема приредил прослава која траела 7 дена. Принцезата има 38 години и е осмото дете на султанот, родено од неговата поранешна втора сопруга Хаја Мариам.

Она што привлече внимание е информацијата дека младенците се во сродство. Имено, принцот Бахир ѝ е братучед на Азема, односно тој е син на самиот брат на султанот Џефри.

Во рамките на свадбените веселби во Брунеи, нивните семејства организираа и 7 луксузни церемонии кои меѓу другото вклучуваа размена на подароци, предавање на кралските обележја...

Матен, принцот и брат на принцезата Азема, сподели фотографии на својот Инстаграм, па можевме да видиме дел од церемонијата и како изгледала невестата на свадбата.

„Многу сум среќен поради мојата голема сестра и БЏБ“, напиша накратко принцот.

Невестата заслепуваше во долга венчаница со долги ракави, покриена со светки, додека младоженецот на венчавката носеше бела војничка униформа со златни детали.

Таткото на Азема, султанот од Брунеи, Хасанал Болкиах ибни Омар Али Саифудиен III стекнал огромно богатство кое го троши на екстравагантни работи. Вредноста на неговото богатство се проценува на околу 35 милијарди евра, а тој ја носи титулата најбогат владетел на светот.

Ништо за султанот од Брунеи не е обично, вклучувајќи го и името. Имено, содржи 75 збора и гласи вака: Кебавах Дули Јанг Маха Мулија Падука Сери Багинда Султан Хаџи Хасанал Болкиах Муизадин Вадаулах ибни Ал-Мархум султанот Хаџи Омар 'Али Саифудиен Са'адул Каири Вадиен-Дангаерт Брунеи Дарусалам.

Повеќе извори тврдат дека султанот од Брунеи поседува 7.000 луксузни автомобили, меѓу кои 365 Ферари, 275 Ламборџини, 258 Астон Мартин, 172 Бугати, 230 Поршеа, 350 Бентли, 600 Рол Ројс и 2637 Мерцедеси.

Сепак, не се знае каде ги чува, иако се шпекулира дека всушност ги издава за да обезбеди дополнителни приходи. Дури се шпекулира дека овој султан поседувал повеќе од половина од сите продадени Ферари помеѓу 1990 и 2000 година.

Кралската палата на султанот од Брунеи „Истана Нурул Иман“ е изградена во 1984 година и се простира на огромни два милиони квадратни метри. Според Гинисовата книга, оваа палата е најголема на светот. Надворешниот ентериер се состои од купола направена од дваесет и два каратно злато, 1.700 соби, пет огромни базени и 257 бањи. Во палатата има и 110 гаражи, има 564 лустери за кои се потребни 51.000 сијалици за работа.

Сепак, палатата во која живее не е отворена за јавноста, туку се користи за важни државни функции и специфични муслимански празници кога за време на Рамазан Бајрам ќе дојдат околу 110.000 луѓе. Се проценува на повеќе од 1,5 милијарди евра, но веројатно никогаш нема да излезе на отворен пазар, па цената ќе остане тајна.

Султанот од Брунеи поседува и авион Боинг кој има позлатени прозорци и врати и кожни седишта. Тој има своја приватна зоолошка градина која содржи 30 бенгалски тигри, неколку соколи и безброј фламингоа и какадуа. Хасанал се женел вкупно три пати додека веќе бил во брак. Тој првпат се оженил со својата сопруга Раџа во 1965 година, но се оженил и со Хаџа во 1982 година и со Ариназа во 2005 година - од последните две се развел во 2003 и 2010 година, пренесува „The Scoop“.

Султанот од Брунеи имал многу жени, но три се истакнале како посебни во неговиот живот. Првата сопруга на Анак Салех е и негова братучетка, а тој се оженил со неа на 19 години. Со неа има два сина и четири ќерки. Неговата втора сопруга по професија била стјуардеса, а тој ја запознал како дел од екипажот на авион кој станал државна сопственост.

Третата работела како келнерка на забави кои и денес многу често ги организира, а со неа се оженил во 2005 година, иако таа е повеќе од три децении помлада од него. Од овие три брака, султанот има пет сина, седум ќерки и десет внуци.

Бил опседнат со жени и проститутки, па дури имал и свој харем со 40 жени.

За семејството на султанот од Брунеи се пишуваше и во октомври 2020 година, кога почина неговиот син, инаку холивудски продуцент, принцот Азим од Брунеи, кој имаше 38 години и бил четврти во редот на наследството.

Иако семејството официјално не ја објави причината за неговата смрт, познато е дека тој се борел со рак на црниот дроб.

Азим беше познат и по забавите со холивудските ѕвезди, а се дружел и со Мајкл Џексон, Памела Андерсон и Мараја Кери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мај среде ноември – следната недела до 20 степени

Десет колапси на јавни места биле пријавени во еден ден во брзата помош, како причина биле наведени и променливите и повисоки температури, велат од брзата помош.  

Мај среде ноември – следната недела до 20 степени

Од брзата помош со порастот на температутрите од старот на работната недела очекуваат дека повторно ќе имаат јавувања за зголемен крвен притисок и вртоглавици, и тешко дишење. Посебно да бидат внимателни возрасните и хроничните болни, бидејќи при падот граѓаните се здобиле и со повреди на главата.

Последните години пролетните температури во ноември станаа нормално, велат и светските метереолози и очекуваат глобалната температура да се зголемува. Во Македонија од понеделник температури и до 20 степени.

Од брзата помош со апел до возачите до колку не им добро да не возат автомобил, бидејќи во лоша здравствена состојба се губи концетнрацијата. Исто така високите температури ги користат и возачите на тротинети и има многу повредени граѓани, меѓу кои и деца.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светски ден на предвремено родените бебиња - гордост и предизвик на скопска Гинекологија

Оваа година, 530 грама е најмалото родено бебе на Клиниката за гинекологија и акушерство во шестиот месец од бременоста, и скоро три месеци било на интензивното одделение за новороденчиња на Клиниката за гинекологија.

Светски ден на предвремено родените бебиња - гордост и предизвик на скопска Гинекологија

Денеска е светскиот ден на предремно родените бебиња. На овој оддел се најачесто бебињата родени под еден килограм и оние до скоро два килограми, секое вдиушување е надеж за живот и среќа за вработените дека нивните мали пациенти ќе бидат еден ден големи луѓе.

Во клиниката денеска виолетовата боја беше симбол на предвремено родените деца, на гости дојдоа Лазар, Кирил, Мила и уште многу денес деца, а пред неколку години тука биле со денови и месеци. Лазар неуморено прашуваше зошто се толку мали, а пред четири години тука бил едно од најмалите бебиња со 820 грама, а неговиот брат со килограм и осумсотини грама денеска најмалиот гостин кој исто бил на ова одделение. За неговите родители посебен ден, со порака и до други родители “ќе биде добро’.

Цели 18 години и Мила е гостин на овој оддел во номеври. Таа учи медицина, приказната за нејзиното рано раѓање и било поттик да биде добар доктор.

Најпотребно е редовна едукација, добра опрема и секако да не ги заборавиме нашите колеги кои неуморно се борат со секој здив со предверемно роденит бебиња, вели директорката на клиникта Папастиев.

Оваа година се родиле 610 деца предвереме од терминот, во моментов на одделот за интензивнот лекување има 43 бебиња.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

12 тони млечни производи од Македонија вратени од Косово поради ешерихија коли во претходни пратки

Две пратки со вкупно 12.268 килограми млечни и прехранбени производи од млекарница од Тетово се запрени на граничниот премин Генерал Јанковиќ и се враќаат во Македонија, објави косовските медиуми.

12 тони млечни производи од Македонија вратени од Косово поради ешерихија коли во претходни пратки

Двете пратки, како што пишува„Радио Ким“ не добиле дозвола за влез во Косово поради забраната за увоз од овој производител, воведена на 6 ноември. Тогаш лабораториските анализи на производите покажале присуство на бактеријата ешерихија коли над дозволените граници.

Од Македонската Агенција за храна и ветеринарство веќе спровела вонреден инспекциски надзор во тетовската млекарница, во чии анализи во текот на претходните испитувања не биле утврдени недоследности.

,,АХВ и колегите сме во тек, уште веднаш направивме вонреден инспекциски надзор во процесот на целото производство во фабриката, земени се брисеви и анализи и однесени се во две лабаратории..Робата што моментално се враќа од Косово доколку е утврдена од страна на косовските власти и институции дека има одредени неправилности веднаш ќе биде уништена стоката чим стигне,,

Ова не е прв случај македонски производи да бидат вратени од странските пазари. Неодамна, Бугарската агенција за безбедност на храната врати речиси 20 тони македонски јаболка поради утврдено присуство на пестициди над дозволените граници. Исто така лани од Хрватска беше вратена пратка зелка поради сомнеж за недозволени пестициди, додека во септември годинава беа одбиени и пратки со пиперки и грозје на странските граници.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер