Ќерката на Џони Деп позираше гола(фото) - Канал 5

Ќерката на Џони Деп позираше гола(фото)

Taa откри дека пуши марихуана, како и детали од растењето во сенка на познатите родители 

Ќерката на Џони Деп позираше гола(фото)

Ќерката на познатиот пар, актерот Џони Деп и француската актерка и модел Ванеса Паради, Лили Роуз-Деп (23) тргна по стапките на своите родители и полека станува дел од светската кинематографијата. Оваа година таа се приклучи на драмската серија на „HBO“, „Идол“, која веќе го ангажираше Абел Тесфаје, како еден од најпопуларните пејачи на денешницата. Серијата ќе претставува прв телевизиски проект за Лили, а по тој повод таа објави серија провокативни фотографии снимени од камерата на Карим Садли за магазинот „I-D“.

Лили направи прилично добро резиме по нејзиното деби во филмот „Туск“ на Кевин Смит во 2014 година. Потоа ја видовме во филмовите „Танчерка“, „Јога коњи“, „Планетариум“, „Верниот човек“ и „Кралот“. Таа годинава глумеше и во филмот „Војаџери“, а ќе ја видиме и во филмот „Тивка ноќ“, од кој најмногу се очекува.

Лили Роуз ја започна кариерата како модел, и таа како својата мајка, на речиси 16 години стана заштитно лице на Шанел. Ванеса Паради во дамнешната 1990 година ја красеше кампањата на брендот Шанел за легендарниот парфем „Коко Шанел“.

Сепак, најголемата прашина се крена околу серијата „Идол“ и фотографирањето за магазинот „Ај-Ди“, со оглед на тоа што младата актерка позираше гола.

Најголемо внимание предизвика фотографијата на која Лили носи проѕирен фустан на прерамки, бидејќи на острото око на јавноста забележа дека фустанот што Лили го носи за пролетното издание на магазинот „Ај-Ди“, многу потсетува на оној што го носеше светскиот топ модел Кејт Мос во дамнешната 1993 година на една забава на „Елит“.

Да потсетиме, Џони Деп пред бракот со Ванеса неколку години се забавуваше со Кејт Мос која застана во негова одбрана на неодамнешното судење со Амбер Херд.

А, еве што изјави Лили на интервјуто за магазинот „Ај-Ди“ во врска со нејзиното растење како дете на славниот пар:

- Сакам да им се заблагодарам на моите родители за можноста да растам колку-толку нормално. Колку повеќе созревав, толку повеќе го чувствував товарот на славата. Нападите на анксиозност и параноја беа неизбежни, бидејќи папараците секогаш ни беа зад петици... Не сум родена за медиумите да ме изедат жива. Давам сè од себе да изградам име во светот на актерството, можеби тоа што сум дете на познати родители е почетна точка, но никогаш не можете да успеете доколку сами не се изборите за своето место под сонцето. Кога ги правев овие фотографии, конечно се почувствував смирено и ослободено – искрена беше Лили, која откри дека редовно консумира марихуана, но само во својата соба за случајно да не биде забележана во опиена состојба и тоа да биде искористено против нејзината кариера.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Карлеуша ѝ се откажани настапи поради навредите кон студентите

Настапот на српската пејачка Јелена Карлеуша во „Театро клуб“ (Teatro Club) во Есен, Германија – првично закажан за 31 октомври 2026 година – е откажан. 

На Карлеуша ѝ се откажани настапи поради навредите кон студентите

Според раководството на клубот, одлуката е донесена по разгледување на нејзините јавни изјави во врска со актуелната политичка ситуација во Србија, особено оние што се однесуваат на студентите.

Објавено соопштение „Почитувани гости, сакаме да ве информираме дека настапот на Јелена Карлеуша, планиран за 31 октомври 2026 година во ’Театро клуб‘ во Есен, нема да се одржи. До оваа одлука дојдовме по внимателно разгледување на нејзините јавни изјави и ставови во врска со актуелната политичка ситуација во Србија“, се наведува во соопштението.

Од клубот изјавија дека се оградуваат од изјавите кои – како што наведоа – ги навредуваат и омаловажуваат студентите и граѓаните што се борат за своите права, како и од реториката што поттикнува поделби и нетолеранција.

„Сметаме дека примарната улога на еден пејач е да забавува, да ги обединува луѓето и да шири позитивна енергија преку својата музика – а не да ги користи својата популарност и јавна платформа за политички пресметки, навреди или за продлабочување на поделбите меѓу луѓето. Секој, вклучително и јавните личности, има право на сопствени политички ставови. Сепак, сметаме дека постои јасна граница помеѓу изнесувањето мислење и користењето на влијанието за омаловажување на другите“, наведоа од клубот. Додадоа дека нивната сцена треба да биде простор посветен на музика и забава, а не на политичка пропаганда.

„Teatro Club Esen е место на заедништво, почит и позитивна атмосфера. Не сакаме да им понудиме простор на нашите гости каде што ќе се промовираат ставови спротивни на вредностите за кои се залагаме. Нашите принципи не се на продажба и ниту еден настап не е поважен од почитта што им ја должиме на нашите гости и вредностите што ги застапуваме. Ви благодариме за разбирањето и поддршката“, се вели во соопштението.

Од крајот на 2024 година, Јелена Карлеуша е еден од најгласните јавни критичари на студентските протести и блокади во Србија, притоа отворено поддржувајќи го претседателот Александар Вучиќ.

Пејачката ги опиша студентите што учествуваат во блокадите како „толпа“ која нема желба да учи, па дури и тврдеше дека тие ѝ нанеле поголема штета на Србија отколку која било војна. Таа исто така предложи дека деканите на факултетите би требало, наместо тоа, да одат да берат малини.

Понатаму, таа повика на апсење на ректорот на Универзитетот во Белград, Владан Ђокиќ, кого го обвини за предавство на сопствената земја. Нејзините ставови предизвикаа остри реакции кај дел од јавноста, што доведе до повици за бојкот на нејзините настапи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Можни нови удари по Иран по среднорочните избори во САД

Америка ги предупредила своите сојузници на Блискиот Исток да бидат подготвени за нови можни удари по Иран.

Можни нови удари по Иран по среднорочните избори во САД

Според американскиот медиум Волстрит џурнал – нападите би можеле да продолжат откако ќе се оддржат среднорочните избори во САД следната недела.

Како што се наведува во американскиот медиум, претседателот Доналд Трамп се уште не донел конечна одлука дали ќе ги започне нападите, а шефот на иранската дипломатија – Абас Арагчи нагласил дека Иран се уште нуди шанса за дипломатски обиди за деескалација.

Мировниот план кој го нуди Техеран, според Арагчи, би го отворил ормускиот теснец доколку САД ги исполни условите наведени во предлогот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со Филип Маршето, заменик-амбасадор на Република Франција и францускиот експерт Жером Кел.

Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати

Во фокусот на разговорот беа реализираните реформи и активностите на институциите за спроведување на Реформската агенда и приоритетите за наредниот период.

„Нашата цел е реформите да не останат само обврски на хартија, туку да донесат мерливи резултати, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Посветени сме на спроведување на Реформската агенда 2024–2027 и исполнување на европските стандарди преку конкретни активности, јасна одговорност и континуирано следење на постигнатото“, истакна Трајков.

На средбата беше нагласена важноста на соработката со Франција, размената на експертски искуства и континуираниот дијалог во поддршка на реформскиот процес и европската интеграција на нашата земја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер