Герасимовски: Наместо луксузни апартмани, на запленетата парцела во ДУП-от Барутана е планиран дом за стари лица
2Герасимовски: Наместо луксузни апартмани, на запленетата парцела во ДУП-от Барутана е планиран дом за стари лица
Шоу бизЌерката на Деми Мур и Брус Вилис: Работам четири работи за да го издржувам дететоРумер Вилис, ќерка на холивудските актери Брус Вилис и Деми Мур, одлучи да одговори на коментарите на социјалните мрежи, разјаснувајќи како сама ја издржува својата ќерка Луета без никаква финансиска помош од нејзините познати родители.Откако објави видео на својот Инстаграм во понеделник за мајчинските обврски како што се подготовка на оброци и вежбање, Вилис се соочи со негативни реакции. Подоцна се вклучи преку приказна на Инстаграм, критикувајќи ги коментаторите за она што го нарече „неинформираност“ и „дрскост“. Нејзините родители не ѝ помагаат финансиски Самохраната мајка, која ја дели својата ќерка со поранешниот партнер Дерек Ричард Томас, откри дека работи на повеќе работни места за да се издржува и нагласи дека не добива никаква финансиска помош од своите родители Деми Мур и Брус Вилис. „Работам четири различни работни места за да ја издржувам мојата ќерка. Јас сум нејзин единствен старател. Не живеам од семејниот фонд, ниту добивам пари од моите родители. Поголемиот дел од времето немам никаква помош со неа“, рече таа. „Па што велите да застанете пред да почнете да судите и да правите претпоставки.“ View this post on Instagram A post shared by Rumer Glenn Willis (@rumerwillis) Признавање на привилегии, но не и зависност Бидејќи коментарите продолжија, Вилис се осврна и на специфичната забелешка на корисникот дека, во случај на вонредна состојба, секогаш може да се потпре на „резервата“ што ја обезбедува нејзиното семејство. Во нова објава на Инстаграм, таа дополнително го разјасни својот став за претпоставките што луѓето ги имаат за неа како мајка и како личност. „Свесна сум дека имам привилегии во животот што многумина ги немаат и не ги земам здраво за готово“, рече таа. „Знам дека постојат реалности што никогаш нема целосно да ги доживеам и го почитувам тоа. Но, оваа објава не беше за привилегии или споредување на животните околности, а луѓето се чини дека претпоставуваат дека го игнорирав тоа, иако тоа не беше темата за која сакав да зборувам.“ Таа дополнително објасни дека никогаш не го сметала своето познато семејство за резервен план и дека е горда што може сама да ја издржува својата ќерка. Таа ја заврши својата изјава велејќи дека секој „се соочува со различни животни околности“ и лични борби. Како и нејзините родители, Румер Вилис е актерка и се појавила во филмови како „Now and Then“, „House Bunny“, „Sorority Row“ и „Once Upon a Time in Hollywood“, глумела во серијата „Empire“ и го имала своето деби на Бродвеј.Тагови: Брус Вилис Деми Мур Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветГибралтар и Шпанија потпишаа историски договор. Крај на границитеЕвропската Унија и Обединетото Кралство потпишаа историски договор со кој се укинуваат граничните контроли и се овозможува слободно движење на луѓе и стоки меѓу Шпанија и територијата Гибралтар, која е под британска контрола.Договорот беше потпишан во Брисел во вторник од страна на европскиот комесар за трговија Марош Шефчович и британскиот министер за Европа, Стивен Доути. Присутен беше и премиерот на Гибралтар, Фабијан Пикардо, објави француската новинска агенција АФП. Спогодбата ги отстранува сите физички бариери и контроли на копнената граница меѓу Гибралтар и Шпанија и вклучува планови за поблиска интеграција на територијата со Шенген зоната и единствениот пазар на ЕУ, додека целосно го штити британскиот суверенитет над Гибралтар, на барање на Лондон. Крај на проверките Од среда, нема да има повеќе проверки на документи на граничниот премин меѓу Гибралтар и шпанскиот град Ла Линеа, кој илјадници луѓе го преминуваат секој ден. Гибралтар, мала територија со население од речиси 40.000 жители на крајниот југ од Иберискиот Полуостров, прима околу 15.000 шпански работници секој ден, што претставува речиси половина од нејзината работна сила. Договорот меѓу Лондон и Брисел беше постигнат во јуни минатата година по години тешки преговори, во кои учествуваше и Шпанија. Тој следеше по референдумот за Брегзит во 2016 година и излегувањето на Велика Британија од Европската унија. Шпанскиот премиер Педро Санчез треба да го посети Гибралтар во среда. Санчез го поздрави договорот, велејќи дека „по стотици години, конечно ќе биде можно да се сруши последниот ѕид во рамките на Европската унија“, пренесува АФП. Гибралтар, над кој Велика Британија го презеде суверенитетот во 1713 година со Утрехтскиот договор, е од огромно стратешко значење, особено за поморската трговија бидејќи Гибралтарскиот теснец ги одделува Европа и Африка и ги поврзува Атлантскиот Океан и Средоземното Море. Извор: Индекс.хрТагови: Шпанија Гибралтар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МакедонијаГерасимовски: Наместо луксузни апартмани, на запленетата парцела во ДУП-от Барутана е планиран дом за стари лицаНацрт планот не отвора нова урбанизација, туку коригира постојно решение во насока што е покорисна за граѓаните и поблиска до нивните реални потреби.„На местото на конфискувана парцела, која била наменета за резиденцијално домување, предвидуваме пренамена и изградба на дом за стари лица. Плацовите на Водно конечно ќе добијат намена за обичните граѓани, а не за луксузни апартмани“, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски на продолжението на 9. Седница, образложувајќи го нацрт планот за Градска четврт Ј 05-Барутана. Со ова, како што посочува Герасимовски, нацрт планот не отвора нова урбанизација, туку коригира постојно решение во насока што е покорисна за граѓаните и поблиска до нивните реални потреби. „Со овој план ја исполнуваме нашата предизборна заложба кон повозрасните сограѓани. Наместо елитни апартмани, на оваа локација ќе имаме дом за стари лица, нешто што навистина му е потребно на Центар“, порача Герасимовски. Урбанистите на Општина Центар појаснија дека новиот нацрт план не го зголемува, туку значително го намалува обемот на градење. Наместо 43.429 квадратни метри, колку што биле дозволени со стариот план, сега се предвидени 29.459 квадратни метри, односно 33% помалку. Дополнително, наместо поткровје, дозволена е градба П+2, а изградбата е ограничена на 40%. Поради безбедноста на теренот и околните објекти, предвидено е само едно подземно ниво, а зелените површини се зголемени на 40%, што е двојно повеќе од законскиот минимум. „Не станува збор за ново подрачје што првпат се урбанизира, туку за простор кој со години бил дел од урбанистичко планирање, а сега конечно добива план што е поодговорен, побезбеден и поблиску до потребите на граѓаните“, појаснија урбанистите на Општина Центар. Предлог одлуката за утврдување на Нацрт детален урбанистички план за Градска четврт Ј 05-Барутана, беше изгласана на денешната седница на Советот на Општина Центар со 13 гласа за и 9 против. Општина Центар-СкопјеТагови: Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МетеоУтре сончево и топло со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени. Во следните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Особено топло ќе биде во петок и за време на викендот кога температурите секаде ќе бидат над 32 степена.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55