Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
1Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
1Нова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“
ЖивотЌерката на Барак и Мишел не го користи презмето Обама, тие прв пат коментираатМалија Обама, најстарата ќерка на поранешниот американски претседател Барак Обама и поранешната прва дама Мишел, одлучи професионално да го користи името Малија Ан, без познатото презиме, а нејзината мајка сега за прв пат јавно го коментираше тоа.Мишел Обама беше гостин во подкастот „Sibling Revelry“ и во таа пригода рече дека нејзината ќерка го бара својот пат во филмската индустрија и дека е важно за неа да чувствува дека сè што постигнува е резултат на нејзината сопствена работа. Таа сака да биде независна од мала возраст „Многу е важно за моите деца да чувствуваат дека го заработиле она што го добиваат во животот и не сакаат луѓето да мислат дека сè едноставно им е дадено. Тие се многу чувствителни на тоа, сакаат да бидат свои луѓе“, рече Мишел, истакнувајќи дека двете нивни ќерки, Малија (26) и Саша (23), ја нагласиле својата желба за независност од мала возраст. Малија го имаше своето јавно деби под името Малија Ан на премиерата на нејзиниот краток филм „Срцето“ на Филмскиот фестивал Санденс во 2024 година. Таа го посвети новото име на нејзината покојна баба Ен Данам, мајка на Барак Обама, која починала во 1995 година. Мишел призна дека таа и нејзиниот сопруг на почетокот ги сметале промените за забавни. „Ѝ рековме: „Сè уште ќе знаат дека си ти, Малија“. Но, го почитуваме тоа што таа сака да го изгради својот пат“, рече таа, додавајќи дека сега кога нивните ќерки се постари, подобро ги разбираат принципите според кои ги воспитале нивните родители. Барак Обама, исто така, коментираше за нејзината одлука Барак Обама, исто така, се осврна на одлуката на Малија во октомври 2024 година за време на појавувањето во подкастот „Пивот“. Тој рече со насмевка: „Ја прашав дали е свесна дека луѓето сепак ќе знаат која е таа“. Но, Малија му објасни дека сака гледачите да го доживеат нејзиниот филм без поврзаност со познато семејство, барем при првото гледање. „Нашите деца се обидуваат да не го користат нашето име како предност. И тие се многу тврдоглави во врска со тоа“, рече Обама. „Дури е предизвик кога сакаме да им помогнеме - тие се многу чувствителни на такви работи“.Тагови: Барак Обама Мишел Обама Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиМакедонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во ТарантоПодготовките за Таранто 2026 во полн ек: Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри.На еден месец до почетокот на XX Медитерански игри – Таранто 2026, подготовките на македонската делегација се во полн ек. Од 21 август до 3 септември, македонските спортисти ќе бидат дел од едно од најзначајните мултиспортски натпреварувања во регионот, каде ќе ги одмерат силите со најдобрите спортисти од медитеранските земји. Македонија годинава ќе настапи со досега најбројната делегација на Медитеранските игри, составена од околу 130 учесници. Нашите претставници ќе се натпреваруваат во 19 спортови, што претставува значаен исчекор и уште една потврда за развојот на македонскиот спорт и континуираното присуство на меѓународната спортска сцена. Особено значајно е што македонската делегација ќе биде претставена и во четири екипни спортови – женската одбојкарска репрезентација, женската ракометна репрезентација, машката фудбалска репрезентација и машката репрезентација во баскет 3х3. Ваквото учество дополнително ја потврдува посветеноста и развојот на македонскиот спорт и претставува силен мотив за сите спортисти кои ќе ја претставуваат државата во Таранто. Во изминатиот период, спортистите интензивно работат на својата физичка и техничка подготовка, заедно со своите тренери и стручни тимови, со цел да бидат максимално подготвени за настапите што ги очекуваат. Медитеранските игри претставуваат можност за потврда на нивната посветеност, дисциплина и долгогодишна работа, но и за стекнување ново меѓународно искуство и остварување врвни резултати. Во пресрет на Игрите, фокусот останува на квалитетните подготовки, посветеноста и поддршката за македонските спортисти, кои со гордост ќе ги бранат боите на државата и ќе ги промовираат олимписките вредности, спортскиот дух и фер-плејот на меѓународната спортска сцена. Македонскиот олимписки комитет и во периодот што следува ќе продолжи редовно да ја информира јавноста за подготовките, составот на делегацијата, распоредот на настапите и најважните моменти поврзани со учеството на македонските спортисти на XX Медитерански игри – Таранто 2026, преку медиумите и социјалните мрежи, каде ќе бидат споделувани актуелни информации, фотографии и содржини поврзани со настапите на македонската делегација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: На увид на реконструираната главна водоводна линија со вкупна должина од 6 километриГрадоначалникот Митко Јанчев заедно со претседателот на Совет на Општина Кавадарци д-р Стојанчо Рамов и служби од Локалната самоуправа, беа во увид на реконструираната главна водоводна линија со вкупна должина од 6 километри и цевки со профил Ф100.Градоначалникот Митко Јанчев заедно со претседателот на Совет на Општина Кавадарци д-р Стојанчо Рамов и служби од Локалната самоуправа, беа во увид на реконструираната главна водоводна линија со вкупна должина од 6 километри и цевки со профил Ф100, почнувајќи од Западен Булевар до влез во село Сопот. Со оваа реконструција се овозможи подобро и постабилно водоснабдување за жителите на село Сопот, зголемена сигурност на системот, намалување на загубите на вода и модернизација на комуналната инфраструктура, напиша на фејсбук, првиот човек на Кавадарци,Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50Приведена директорката на Комуналец од Гостивар и уште двајца раководители 15:27Уапсена е директорката на ЈП„Комуналец“ од Гостивар и двајца нејзини соработници (ВИДЕО)13:52Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53
Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50
Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53
МакедонијаСДСМ: Орце е градоначалник за билборди наместо за решавање на проблемите на скопјаниОрце е градоначалник за билборди наместо за решавање на проблемите на скопјани.Добредојдовте кај Орце. Скопје денес е град во кој ништо не функционира, освен тендерите и личната промоција на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Ѓубрето не се собира, дивите депонии се преполни, јавниот превоз е во распад, а граѓаните секојдневно се соочуваат со хаос. Наместо решенија за овие проблеми, добија билборд со коњ со пет нозе, „Камен мост“ што личи на вијадукт и белградски храм сред Скопје. Орце Ѓорѓиевски не се занимава со проблемите на скопјани, не се занимава со јавниот превоз, со хигиената, со депониите. Се занимава со сопствената промоција. И по срамот што го виде целата јавност, сè уште нема одговор на најважните прашања. Кој го изработил овој срамен билборд? Колку пари се платени? Дали некој ќе сноси одговорност за очигледно лошо извршената работа? Градоначалникот молчи. Наместо отчет, добиваме прикривање на информациите. Дополнително, Орце Ѓорѓиевски се обидува да ја убеди јавноста дека новото решение било бесплатно затоа што не го платил печатењето и поставувањето. Но, ништо не е бесплатно. Јавното комунално претпријатие не работи бесплатно. Неговата работа ја плаќаат граѓаните на Скопје. Секој денар што се троши е денар од нивниот буџет. Нема ништо џабе, Орце. Ниту AI-билбордите, ниту коњите со пет нозе. Сè е платено со парите на скопјани. Скопје не заслужува ваков градоначалник кој наместо со проблемите на скопјани се занимава само со себе. Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook