СДСМ: 5 милиони евра народни пари за концерти а за лозарите нула помош, ниту една мерка - грозјето им скапува
1СДСМ: 5 милиони евра народни пари за концерти а за лозарите нула помош, ниту една мерка - грозјето им скапува
3ВМРО-ДПМНЕ: За една година ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите, Карбинци се развива со конкретни инвестиции
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ЖивотЌерката ја родив на 48 години, сега имам речиси 54Ќерка ми не престанува да ми го поставува најтажното прашање!Рејчел Ригби отсекогаш сакала да се оствари во улогата на мајка, оваа желба ѝ се остварила кон крајот на 5-тата деценија. Родителството носи многу предизвици и среќни моменти, но приказната на една мајка ги истакнува специфичните тешкотии со кои се соочува жената во подоцнежниот живот. Рејчел Ригби, која сега има 53 години, има ќерка која има едвај шест години, а која ја добила преку ин витро оплодување. Сепак, Рејчел признава дека најголемиот благослов во животот ѝ станал извор на бројни борби. Нејзината возраст, во комбинација со закрепнувањето по операција на коленото, ѝ ги отежнуваат секојдневните активности со нејзиното дете. - Прошетките во паркот, каде помладите мајки лесно ги следат своите деца, ми се дополнителен предизвик - вели таа. Сè повеќе жени се одлучуваат за вештачко оплодување по 40-тата година од животот, и овој тренд достигнува рекордно ниво. Сепак, Рејчел признава дека понекогаш се кае за својата одлука да стане мајка на позрела возраст. - Ја сакам Ана повеќе од сè, но доцното мајчинство има и свои маани. Посакувам да ја родев порано. „Би сакала да бидам енергична, забавна мајка каква што ја заслужува и би сакала да имам повеќе време со неа на овој свет“, признава Рејчел. Таа додава дека сè повеќе се соочува со лоша здравствена состојба и постојаното чувство на исцрпеност. - Не можам да бидам во чекор со енергијата на Ана и загрижена сум за иднината. Порано мислев дека кариерата и стабилноста се најважни, но сега гледам дека е клучно да се биде здрав и да се има енергија за своите деца. Многу пати луѓето велат: „Баба дојде по тебе“, и тоа ме крши. Иако ми е непријатно, тоа може да влијае на Ана. Таа ги поправа и вели: „Не, тоа е мајка ми“, објаснува Рејчел. Сепак, повеќе од туѓите коментари ја загрижуваат стравовите на нејзината петгодишна ќерка дека нејзината мајка нема да биде долго со неа. - Ана повремено ми кажува дека не сака да умрам или ме прашува дали наскоро ќе умрам.Тоа ме збунува и ме повредува. „Ме ужаснува помислата дека Ана ќе има 30 години кога јас би имала 78. Се грижам како ќе се справи со сите предизвици кога мене ќе ме нема“, заклучува таа. Оваа срдечна приказна нè потсетува на комплексноста на родителството и предизвиците на подоцнежното мајчинство, но и на огромната љубов што доаѓа со таа улога. Извор: srecna.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: 5 милиони евра народни пари за концерти а за лозарите нула помош, ниту една мерка - грозјето им скапува Силно светнал ден, но прашањето е за кого, почитувани граѓани? Дали силно светнал ден за земјоделците кои се мачат да ги продадат градинарските производи, зелки, домати, пиперки или да ги фрлат на отпад? Или за лозарите кои своето грозје го нудат за мизерни 14 денари по килограм и никој не го откупува? Или се принудени да ги ископачат или да ги сечат со моторни пили лозјата кои им се оставени во аманет од татковци и дедовци. Силно светнал ден за платениците и тендерашите од власта кои го собираат кајмакот и кои си искешираа околу 5 милиони евра за концерти и забавни каравани кои движат низ државата и се наплатуваат повеќепати над реалните суми - за нив светнал ден, а не за обичниот народ кој ви ја даде довербата, кога ве гласаше верувајќи им на вашите лаги и предизборни ветувања во кои ветувавте сè и сешто за подобар стандард, а воопшто и не помисливте дека ќе треба барем нешто од тоа и да исполните. Токму затоа што во моментот имате апсолутна власт и во ваши раце се и финансиите и мерките, за таа цел бараме и заслужуваме да знаеме. Свесни сме дека немате во план да помогнете и интервенирате во земјоделството и лозарството. Бараме и заслужуваме да знаеме во чии џебови завршуваат парите од народот кој редовно ви ги плаќа на име давачки на секој чекор. 5 милиони евра да се вратеа како мерки кон земјоделството и лозарството, сега ќе ја немавме оваа криза, и лозарите достоинствено ќе си ги испратеа децата на школо, без да им кратат основни потреби. Бараме конкретни мерки за лозарството и итен интервентен откуп. Како лозарски крај, кој природата го надарила со благородно поднебје, не е во ред лозарите да го остават својот род да скапува заради вашата неспособност. Каде сте?Наместо по концерти, каравани и прескапи игранки по сите градови и организирање на спектакли, требаше да бидете помеѓу лозарите. Само тогаш ќе бевте достојни да го цитирате Рацин. Доколку мислите дека ќе владее молк, сте се излажале. Затоа што лозарите и нашиот народ се паметни и прават разлики во начинот на решавање на проблемите низ годините кога СДСМ беше на власт, кога и покрај навремените исплати на субвенциите за предвидените култури се воведе и мерката зелена нафта со која се помагаше на сите земјоделци, но вака како сега никогаш не било. Уште еден многу битен момент кој народот го почувствува и од кој се променија многу работи е демократското изјаснување преку слободата на говорот на секој засегнат поединец. Затоа, уште еднаш би потенцирам од името на сите - нема да молчиме, нема да молчиме кога ни е засегнат народот и ќе продолжиме да ги бараме правата и мерките, затоа што финансиите во буџетот се јавни средства и сите заслужуваме одговор каде тие завршуваат. Доколку како мерки и субвенции и олеснувања не се враќаат кон народот. Сакам нешто да порачам. Бидете подготвени. Народот ќе ви ја даде довербата и власта, но истиот тој народ кој го понижувате, одлично ги знае работите, и токму тој кој ви ја даде власта, тој и ќе ви ја одземе. Тогаш, до тој ден, скријте се и чекајте го револтот на земјоделците и лозарите. Е кога тој ден ќе дојде, ќе светне силно. Прес конференција на Општинската организација на СДСМ, Валандово, Еми Заева – Костова -претседателкаТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотКампања „Денови на безбедноста“: И ти си дел од безбедноста!Безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност.Не е доволно само да очекуваме другите да внимаваат – мора да внимаваме и самите. Телефонот, слушалките, невнимателното преминување на улицата или намалената видливост можат да бидат ризик кога сме пешаци. Во рамки на глобалната кампања ROADPOL „Денови на безбедноста“ (16–22 септември), потсетуваме: Како пешак, одговорноста за твојата безбедност не е само на возачите. И ТВОЈА Е! Погледни. Слушни. Внимавај. Секој учесник во сообраќајот има улога во создавањето побезбедни патишта. #zeromeanslife Тагови: кампања Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
СветТрамп пристигнува во посета на Ирска: Се подготвуваат протести, полицијата е на нозеАмериканскиот претседател Доналд Трамп утрово треба да слета во Ирска поради, како што е опишано, една од најголемите безбедносни операции што некогаш ги извршила ирската полиција.Трамп ќе присуствува на состаноци во главниот град на Ирска, Даблин, како и во неговиот голф одморалиште во Дунбег, округот Клер, кој е домаќин на Ирскиот опен. Ирскиот премиер Мајкл Мартин рече дека со нетрпение очекува да биде домаќин на Трамп во Ирска и „да разговараат за голем број прашања од заеднички интерес и да ги потврдат силните економски, културни и меѓу народните врски меѓу Ирска и Соединетите држави“. Средба со премиерот, се подготвуваат протести „Неговата посета доаѓа за време на исклучително спортско лето за Ирска и Соединетите Држави, а Ирскиот опен овој викенд во Меѓународното одморалиште Трамп Дунбег ќе биде соодветен крај на извонредната спортска сезона и се надевам дека ќе видам ирски победник како ќе го подигне трофејот во недела“, додаде тој. Се очекува Трамп да се сретне со претседателката Кетрин Коноли, долгогодишен критичар на американскиот претседател, во нејзината официјална резиденција Арас ан Уахтараин во паркот Феникс во Даблин, по што ќе следи средба со Мартин во блискиот имот Фармли. Тој ќе присуствува и на низа настани во Дирфилд, резиденцијата на американскиот амбасадор во Ирска. Предвидени се и неколку протести против посетата на Трамп. Шефот на ирската полиција Џастин Кели рече дека мирните протести ќе бидат дозволени колку што е можно повеќе, но ќе има „нулта толеранција“ за нарушување на јавниот ред или обид да се влијае на „клучните движења“ на американскиот претседател. „Имаме силни полициски планови. Ќе ги уапсиме и гониме оние што ќе извршат злосторства“, рече тој, додавајќи дека водените топови ќе бидат „во подготвеност“, но се надева дека нема да бидат потребни. Извор: Индекс.хрТагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter