Кузеска: Часовникот отчукува, Обвинителството веднаш да постапи за Алта банка - СДСМ најавува кривични пријави!
1Кузеска: Часовникот отчукува, Обвинителството веднаш да постапи за Алта банка - СДСМ најавува кривични пријави!
3Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија
ЖивотЌерка на милијардер заврши во повеќегодишен затвор,уништувала луѓе во секс-култГрупата „Nxivm“ се претставува како група за самоподобрување која ветувала дека ќе им помогне на своите членови да живеат подобар живот.Во реалноста, тоа е секта која манипулира со луѓето и ги претвора во сексуални робови. Се проценува дека од основањето во 1998 година до апсењето на водачот на групата во 2018 година, во редовите на „ Nxivm “ се приклучиле 17.000 лица. Клер Бронфман, најмладата ќерка на милијардерот и филантроп Едгар Бронфман, е осудена на затвор за нејзината улога во овој сексуален култ. Минатата година таа се изјаснила за виновна за криење на лице кое живеело илегално во САД поради неплатена „работа и услуги“. Покрај тоа, таа се изјасни за виновна за измама со кредитни картички. Девет лица сведочеле за време на вчерашното судско рочиште. Сите сведоци опишале како Бронфман го искористи своето богатство и позиција за да ги уништи нивните животи. Две жени, кои сакале да останат анонимни, рекле дека Бронфман ги убедила да се преселат во САД со платена работна виза и им ветила добра плата. Една од жртвите рекла дека и плаќале само 4.000 американски долари годишно, односно 330 американски долари месечно (просечната неделна плата во САД е околу 900 американски долари). Сузан Даунс, другата жртва на „Nxivma“, изјавила дека Клер „уништила животи“ со милијардите што ги наследила од нејзиниот татко. Според веб-страницата Nxivma, мисијата на организацијата е „да ја подигне човечката свест, да ја поттикне етичката хуманитарна цивилизација и да го прослави она што значи да се биде човек“. Во реалноста, групата била култ и делувала како пирамидална шема, каде што луѓето трошеле големи суми пари, во некои случаи и илјадници долари, за да станат членови на „Nxivma“, а потоа биле принудени да живеат во услови слични на робови. „Nxivm“ имала потсекција наречена „ДОС“ каде жените биле принудени да имаат сексуални односи со водачот на „Nxivm“ Кит Раниер, а неговите иницијали им биле врежани на телата на жените. Меѓу членовите на „Nxivma“ биле познати личности и високи функционери - американската актерка Алисон Мек, Емилијано Салинас Очели, синот на поранешниот мексикански претседател и членови на неколку други мексикански елити, според „Спутник“. Клер Бронфман, која била во извршниот одбор на „Nxivma“, тврди дека не знаела за „ДОС“ и дека не го финансирала. Сепак, ќерката на милијардерот и филантроп потрошила 100 милиони долари во судски битки со критичарите и жртвите на „Nxivma“. Најмалку три лица прогласиле банкрот по неуспешните судски битки со групата. Поранешниот припадник на култот Ајви Неварес изјави дека водачот Кит Раниер не би можел да манипулира со илјадници луѓе без парите на Бронфман. Сали Бринк, друга жртва на Nxivma, за време на судењето изјавила: „Сè додека го поддржувате Кит Раниери, нема прошка за вас“. Во писмото до судот минатиот месец, Бронфман рече дека и е жал и дека „никогаш немала намера да повреди некого“. Во исто време, таа престанала да кажува дека жали што се приклучила на „Nxivma“, истакнувајќи дека водачот на групата Кит Раниер „во голема мера го сменил нејзиниот живот на подобро“. Нејзините адвокати тврделе дека требало да и биде изречена блага казна, бидејќи не била вмешана во сериозни злосторства и дека веќе имала здравствена состојба што ја правела ранлива на коронавирусот. Судијата ја осуди Бронфман на затвор од шест години и девет месеци. Seagram’s liquor fortune heir Clare Bronfman sentenced in NXIVM sex-cult case: https://t.co/1JYaQbKmw9 pic.twitter.com/F2JxZl3Fmq — The Hollywood Reporter (@THR) September 30, 2020 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКузеска: Часовникот отчукува, Обвинителството веднаш да постапи за Алта банка - СДСМ најавува кривични пријави!Вистината за Алта банка е на виделина. Јавното обвинителство и Ненад Савески нема што повеќе да чекаат, мора веднаш да постапат.Во Србија на Алта банка ѝ е одземена дозволата. Отворен е стечај. Уапсен е сопственикот Давор Мацура. Има истрагата за 380 милиони евра. Во Македонија нема никаква реакција од Обвинителството. Народот не може да дојде до своите пари а тие што ја донесоа Алта банка во Македонија, уште договараат и нов сопственик. Фактите се јасни како ден. Трајко Славески и Христијан Мицкоски ја внесуваат Алта банка во Македонија, пералница на пари на Вучиќ со сомнителен капитал. Има јавно признание од Трајко Славески дека зад одлуката за Алта банка стои Христијан Мицкоски. Иако Народна банка треба да е независна институција. Иако СДСМ уште во декември 2025 година предупредуваше и алармираше јавно за позадината на оваа банка, за врските со Вучиќ, со СНС, со ВМРО и за сомнителниот капитал. Иако во Европа имаше санкции и суспензии, во Црна Гора е одбиена, Славески и Мицкоски ја носат Алта банка во Македонија. Во Законот за банки, член 13, се наведува дека „Акционер со квалификувано учество во банка не може да стане лице или правно лице контролирано од лице на кое му е изречена прекршочна санкција„ А Alta Group —во 2024 година била правосилно санкционирана од Австриската FMA. Славески морал да знае дека Алта Груп или Алта Банка никако не може да се стекне со статус квалификуван акционер и не смеел да дозволи влез на Алта Банка. Дополнително морал да ја погледне и репутацијата на сопственикот Давор Мацура, банкарот на Вучиќ кој стана банкар на Мицкоски а сега во притвор. Покрај се ова наведно, Владата на Мицкоски носела заклучоци со кои му овозможила на Давор Мацура да стекне поголем пакет акции на сметка на државата. Не само што му дозволи да купи банка, Мицкоски му дозволи на Мацура да купи и осигурително друштво. Сите овие факти, заедно со јавното признание на Славески за политичко влијание на Мицкоски повикуваат на акција на Обивнителството. Молкот ја продлабочува недовербата и отвора сомнеж дека се штити Мицкоски. Се оставаат Мицкоски и Славески да ја заташкаат работата, да уништуваат докази, да не се дознаат сметките, транакциите од Алта банка. Нека не чека Савески повик од Мицкоски. Нека му ги одбиве повиците и нека постапува. Обвинителството има обврска кон граѓаните. Бараме веднаш да се испитаат сите околности за влезот на Алта банка во Македонија. Улогата на Мицкоски. Постапувањето на Славески. Предлогот на Кочоска. Владините заклучоци. Потеклото и текот на парите. Сите инволвирани да одговараат. Доколку Обвинителството не постапи, СДСМ највува кривични пријави за Алта банка. Го потсетуваме Савески дека јавниот обвинител мора да биде независен и да работи според Уставот и законите. Дека со полагањето заклетва му дал збор на народот. Видовме дека наскоро се очекуваат апсења на обвинители во Србија. Савески навреме нека се огради од Мицкоски и нека почне да си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи во спротивно го чека истата судбина како неговите колеги во Србија. Савески, часовникот отчукува. Постапете веднаш! Одговорност ќе има! Прес конференција на СДСМ, Бодганка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПриведен братот на Виктор Орбан, се огласи Петер Маѓар, позната причината Арон Орбан, братот на Виктор Орбан, е приведен под сомнение за трговија со луѓе, потврди премиерот Петер Маѓар.Братот на Виктор Орбан, Арон Орбан, е приведен под сомнение за трговија со луѓе, објави денеска на Фејсбук унгарскиот премиер Петер Маѓар. „Според медиумските извештаи, братот на Виктор Орбан, Арон Орбан, е приведен под сомнение за трговија со луѓе. NVVH и Националното биро за истраги продолжуваат со истрагата“, напиша Маѓар на својот профил на социјалните мрежи. Според информациите објавени од порталот „Портфолио“ (Portfolio), утрово Националната канцеларија за реституција и заштита на имотот (NVVH) и Националната агенција за истраги (NNI) спроведеле заедничка операција во Будимпешта и на неколку локации во округот Пешта, во случај поврзан со трговија со луѓе, пренесува „Тачно“. Според официјалното соопштение, неколку лица се уапсени во рамките на две паралелни кривични постапки, а извршени се и претреси во нивните домови. Според достапните информации, меѓу уапсените би можел да биде и Арон Орбан, помладиот брат на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, а неговиот случај е предмет на истрага од страна на NVVH. Порталот пренесува дека надлежните најавиле оти попладнево ќе објават дополнителни информации за деталите од истрагата. NVVH беше меѓу првите што започна истрага за случајот поврзан со Арон Орбан. Според претходните информации во медиумите, компанијата на помладиот брат на поранешниот премиер запишувала виетнамски државјани на дводневен курс за спасување животи на Универзитетот во Печ, што би можело да им го олесни добивањето шенген-виза. Според порталот, Арон Орбан исто така интервенирал во еден случај за да го забрза процесирањето на барањата за визи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија„Добар ден на сите, би сакал да изразам своја голема благодарност, но и задоволство што инвеститорот заедно во соработка со Владата одлучија да инвестираат токму тука во Охрид.„Добар ден на сите, би сакал да изразам своја голема благодарност, но и задоволство што инвеститорот заедно во соработка со Владата одлучија да инвестираат токму тука во Охрид, во нов, производен погон за производ кој што е меѓу светските лидери. Нешто што за нас како Влада, за Охрид, но и за Македонија како држава претставува посебна гордост; да имаме еден од светските лидери токму дома, кој што токму овде во Охрид само ја продлабочува својата трага која ја остава во локалната, но и државната, националната економија. Ние како Влада сме партнери, ќе го подржиме се разбира овој инвестициски проект, затоа што веруваме дека има голема додадена вредност и на тој начин само ќе се потрудиме заедно со инвеститорот дополнително да ја потврдиме лидерката позиција во светски рамки. Инаку кое што за мене како претседател на Владата посебно претставува задоволство, но и како професор е тоа што оваа линија ќе биде комплетно роботизирана, ќе се користат апликации на вештачка интелигенција, нешто што претставува современа технологија, врвна технологија. И јас сум убеден дека токму тука од Охрид, од овој произведен капацитет ќе ги стимулираме сите идни инвеститори во Македонија да применуваат вештачка интелигенција, роботизирани системи- технолошки со што ќе го зголемат и ќе го оптимираат своето производство.“- изјави премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter