АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
2АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
СудбинаЌерка на фудбалска легенда е во бегство- му била вереница на нарко бос, кој е убиен среде натпревар Ликвидацијата на Оливер Варгас, попознат како „Ел Марино“, на фудбалското игралиште на елитна населба на островот Моколи, ја отвори Пандорината кутија на еквадорското подземје.Во центарот на скандалот беше неговата свршеница - Микаела Моралес, ќерка на еден од најголемите спортски херои во историјата на оваа земја. Микаела Моралес е ќерка на покојниот Карлос Луис Моралес, легендарниот голман на еквадорската репрезентација и клубот Барселона С.К., кој по спортската кариера беше и моќен политичар. Додека нејзиниот татко ги полнеше весниците прво со својата бравура на голот, а потоа и со обвинувања за корупција, Микаела се најде во центарот на вниманието на јавноста како свршеница на водачот на бруталниот клан „Лос Лагартос“. Откако Марино беше застрелан пред нејзините очи во спортски центар, Микаела итно ја напушти земјата од страв за сопствениот живот. Таа сега, според изворите, е „цел број еден“ на соперничките кланови кои сакаат да избришат секоја трага од наследството на Марино. Terrible!! Aquí el momento exacto en que llegan los delincuentes fuertemente armados disfrazados de militares a una cancha de fútbol en la Isla Mocoli y matan a varias personas. https://t.co/tiLiBK2ZKN pic.twitter.com/9RDc9REnL5 — Emergencias Ec (@EmergenciasEc) January 9, 2026 Самиот Карлос Луис беше национален идол. Неговиот пад започна со обвинувања за проневера на медицинска опрема за време на пандемијата COVID-19. Тој почина од срцев удар во моментот кога полицијата затропа на неговата врата. Феноменот „Мафијашки кукли“: Луксуз платен со крв Случајот на Микаела е само врвот на ледениот брег од она што медиумите во Јужна Америка го нарекуваат „Куклите на мафијата“. Ова се млади, убави девојки и инфлуенсерки кои прикажуваат живот од бајките на социјалните мрежи, додека зад сцената се најопасните криминалци во светот. Локалните медиуми пишуваат дека повеќе од 20 инфлуенсерки биле убиени во Еквадор во 2025 година. Дури 95 проценти од нив немаат официјална работа или проверливи приходи, а живеат во вили вредни неколку милиони долари. Нивната улога често е да перат пари преку модни брендови, салони за убавина и организација на настани. Точно така работеше Микаела Моралес - таа беше акционер во компании за дистрибуција и промоција на настани кои служеа како параван за луксузниот животен стил што Марино ѝ го обезбедуваше. Убиството на Марино, исто така, ја откри неговата мрежа на контакти што се протегаше до Дубаи, каде што тој и неговите „кукли“ често престојуваа, трошејќи милиони заработени од шверц на кокаин во европските пристаништа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВо болница почина убиецот од Полска Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро. „Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението. Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител. Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби. Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и СтрумицаОд денеска, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства. Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Од денеска ќе бидат отворени и шалтери и во тетово и во струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола. Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..Тагови: Алта банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно со повремени локални врнежи од дождВремето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од вторник следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44