Превентивна активност на СВР Куманово за зголемување на свеста кај возачите да не управуваат возило под дејство на алкохол
2Превентивна активност на СВР Куманово за зголемување на свеста кај возачите да не управуваат возило под дејство на алкохол
3Лишени од слобода 16 лица на различни локации во државата, при преглед кај нив пронајдена е дрога, следуваат пријави
МакедонијаЌе заживее ли повторно Скопје, и Ѓоргиевски и Шукова ветуваат изградба на Луна парк и други места за забава Неколку генерации пораснаа без него, дали барем оние кои доаѓаат ќе го добијат Луна паркот? – Крај на децениското чекање на оваа градска адреналинска авантура ако ја добијат довербата од граѓаните, ветуваат и Ѓорѓиевски и Шукова.. И двајцата се на иста линија – Скопје изобилува со запуштени содржини, а најавуваат и нови со кои „метрополата“ ќе излезе од сивилото и монотонијата. Кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ за Град Скопје вели, покрај на парковите, ќе заживее и „звукот“ на градот и ноќниот живот преку разни содржини, а Луна Паркот е еден во приоритетите, бидејќи барем децата кои сега растат да можат да уживаат. -Мене ми е жал, еве ние сме генерација која израсна без Луна Паркот во Скопје, но за жал растат и нашите деца во моментов. Во наредниве неколку дена ќе биде презентирана 3Д визуелизација, на се тоа како ќе изгледа и до јуни, 2027 година, јас одговорно тврдам дека скопјани ќе добијат нов Луна Парк. Ќе се искористат тие шест реквизити кои што се тука, ќе ги доплатиме како град бидејќи не се доплатени, но и дополнително ќе набавиме нови реквизити за да овозможиме современ, ултрасовремен како што нашите деца заслужуваат, а го има во европските метрополи,- - Орце Ѓорѓиевски – Кандидат за градоначалник на Скопје. Кандидатката на СДСМ која ги претстави своите ТОП 20 проекти, за кои вели дека се срцето на нејзината програма, посочи дека Скопје под нејзина „палка“ ќе заживее во град каде младите лесно ќе можат да најдат забава и ќе уживаат, нешта кои ќе бидат дополнителен мотив да се одвратат од преселбата. И на нејзиниот „репертоар“ е Луна Паркот, но како дел од модерен комплекс кој би ја опфаќал Зоолошката градина, но и Аквариум. -Имаме направено мултифункционално решение кое што ќе им понуди на најмладите нов Луна Парк, но секако со нова содржина и аквапарк и планираме и нови содржини во зоолошката градинка, односно нови живеалишта по примерот на тоа што беше направено пред неколку години, и мислиме дека тоа како сеопфатен мулт, со сеопфатен мултифункционален центар за најмладите дека ќе доенсе нова радост за децата. Тоа е визија за град кој нуди забава, образование и рекреација, семејствата и децата ќе имаат современо место за авантура во сопствениот град, Скопје заслужува ваква радост,- - Каја Шукова – Кандидат за градоначалник на Скопје. И двајцата говореа за Аквапарк во Скопје, Ѓорѓиевски вели дека по разговорите со актуелниот директор на комплексот се надева дека веќе на пролет ќе може да се врати во функција, Шукова пак посочи дека ќе го реактивира проектот кој го правеа светски познати италијански дизајнери, со што Скопје, како што беше најавувано, би добил најубав аквапарк во регионот. Тагови: Каја Шукова Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево и релативно топлоУтрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 27 степени. Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и утринските температури ќе бидат во пораст. Услови за локален дожд ќе има во петок.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивна активност на СВР Куманово за зголемување на свеста кај возачите да не управуваат возило под дејство на алкохолВо рамки на активноста беа користени специјални наочари, кои им овозможуваат на граѓаните да ја увидат намалената способност за управување возило доколку се под дејство на алкохол.Вчера (03.10.2026), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово и Општинскиот совет за превенција во Куманово реализираа сообраќајна превентивна активност за подигање на свеста на граѓаните и степенот на сообраќајна култура, а посебен акцент беше ставен на свесноста кај возачите да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Во рамки на активноста беа користени специјални наочари, кои им овозможуваат на граѓаните да ја увидат намалената способност за управување возило доколку се под дејство на алкохол.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваКучето кое влета на стадионот стана „славно“ (ФОТО)Во дуелот со Шкотска кој донесе разочарување за македонските навивачи, куче кое влета на теренот и заради кое имаше прекин во првото полувреме, се чини стана голем хит.Моментот кога овој натрапник влета на теренот беше реристриран на видео снимките а дел од светските спортски портали и списанија буквално го врамија на насловните страници. Кучето кратко беше на теренот по што го напушти стадионот. Scotland lead against North Macedonia thanks to Kieron Bowie's goal, but one home supporter in particular was not happy about it... A dog invaded the pitch at the Toše Proeski Arena in Skopje shortly afterwards and took a liking to left-back Sebastian Herrera. https://t.co/mSLelPsqCl — The Athletic | Football (@TheAthleticFC) October 3, 2026 Тагови: куче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05