ВМРО-ДПМНЕ: Додека некои само се сликаа со маици со бројки, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со засилено темпо ја гради и модернизира патната инфраструктура
2ВМРО-ДПМНЕ: Додека некои само се сликаа со маици со бројки, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со засилено темпо ја гради и модернизира патната инфраструктура
3МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ: Ако нема гаранции за членството во ЕУ, тогаш Преспанскиот договор бил договор без гаранција
3„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка Тара
ЖивотЌе уништел пештерски цртежи, стари 6.000 години за да направи подобра снимка на Фејсбук39-годишен маж од Лос Виљарес во шпанска Андалусија за малку ќе уништил непроценливи културни богатства - пештерски слики стари околу 6.000 години.Ги полил со вода за да „подобро изгледаат“ за Фејсбук, поради што е на распит во Цивилната гарда. Пештерските слики, кои се наоѓаат на различни локации во планинскиот венец Сиера Сур де Жан, припаѓаат на културното наследство на Шпанија, пишува Hyperallergic. Поради историската позадина и заштитата на наследството, полицајците на Гарда започнаа истрага во мај откако ги видоа фотографиите на Фејсбук. - На фотографиите се гледа дека сликите од пештерата биле навлажнети за да бидат појасни и полесно да се видат - соопшти полицијата. Она што туристот веројатно не го знаел, пишува порталот, е дека пештерските слики се создадени на варовник, кој содржи соли кои се раствораат во вода. Цивилната гарда, која е одговорна за заштита на спомениците на шпанското наследство, побарала од жителите во близина на историските места да пријават какви било знаци на штета или вандализам. Во последниве години имаше повеќе слични бизарни дела. Во јуни турист од Казахстан беше фатен како резба букви на куќа во Помпеја, а минатата година жена беше фатена како резба срце на кривата кула во Пиза.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПронајдени остатоци од товарниот авион „БоингПакистанските спасувачи ги пронајдоа остатоците од товарен авион „Боинг“ за време на подводна операција за пребарување во водите на Арапското Море, 12 часа откако авионот исчезна од радарот покрај брегот на Карачи.Во тек се напори за пронаоѓање на петте членови на екипажот кои биле во авионот, соопштија пакистанските власти, пренесува Ројтерс. Остатоци од товарниот авион „Боинг 737“ на „К2 Ервејс“ беа пронајдени 53 наутички милји (98 километри) јужно од пристаништето Ормара, соопшти пакистанската Управа за цивилно воздухопловство. „K2 Airways“, операторот на авионот, соопшти дека екипажот се состоел од двајца пилоти, двајца инженери и еден помошен работник. Надлежните сè уште немаат издадено официјално соопштение за нивната состојба, иако пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изрази „искрено сочувство“ до нивните семејства. 🚨 BREAKING: A Boeing 737-400 freighter has gone missing in the Indian Ocean, just past the Gulf of Oman, after taking off from the UAE Flight tracking data shows an EXTREMELY rapid descent, dropping approximately 35,000 feet in less than 2 minutes, before disappearing from… pic.twitter.com/HSXCoVgtfm — Nick Sortor (@nicksortor) July 7, 2026 Сервисот за следење летови „Flightradar24“ наведе дека авионот најверојатно се урнал во морето југозападно од Карачи, по серија нагли промени во висината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВРЕДИ: Задржувањето на Ќафасан без објаснување на нашите тројца функционери бара официјален одговор!08:39Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00
ВРЕДИ: Задржувањето на Ќафасан без објаснување на нашите тројца функционери бара официјален одговор!08:39
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
ЗабаваМундијалското финале како Супербол- Мадона, Шакира, Колдплеј,Џастин Бибер.... на финалето во ЊујоркПејачот Џастин Бибер ќе настапи на полувремето од финалето на Светското првенство, заедно со претходно најавените Шакира, Мадона и К-поп групата БТС, објавија организаторите на натпреварот.Финалниот натпревар на Светското првенство во Њујорк ќе се одигра на 19 јули. За првпат, за време на полувремето од финалето на Светското првенство ќе се одржи музички настап („half-time show“); тој ќе трае 11 минути, а водител и креатор на програмата е Крис Мартин од групата „Колдплеј“ (Coldplay). Се наведува дека се очекува Бурна Бој да настапи заедно со Шакира и дека тие двајца заедно ќе ја изведат една од химните на овогодишното Светско првенство – песната „Dai Dai“. Својот настап го потврди и канадската поп-ѕвезда Џастин Бибер . „Светското првенство го поврзува светот на начин на кој ништо друго не може. Благодарен сум што сум дел од овој настан, а уште повеќе сум задоволен што помага да се прошири пристапот до образование за децата ширум светот“, коментираше Бибер во врска со неговото учество. Покрај споменатите, на шоуто на полувреме ќе настапат нигерискиот пејач Бурна Бој, венецуелскиот диригент Густаво Дудамел, бендот Колдплеј и хор од основно училиште во Њујорк, според фондот за Глобално граѓанско образование. Глобално граѓанско образование, во партнерство со ФИФА, е одговорно за шоуто на полувреме, а собраните средства ќе бидат донирани за образование на децата ширум светот. Настанот ќе го води Крис Мартин од Колдплеј, а ќе настапат и познати ликови од *Шоуто на Мапетите* и *Улицата Сезам*. Финалето ќе се одржи на 19 јули на стадионот „МетЛајф“ во Ист Радерфорд, Њујорк. Шоуто на полувремето ќе потсетува на годишниот Супербоул - шампионатот во американски фудбал на НФЛ - а претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, веќе изјави дека претставата ќе биде „навистина најголемата сцена досега, со неколку милијарди гледачи“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Додека некои само се сликаа со маици со бројки, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со засилено темпо ја гради и модернизира патната инфраструктураСо преземањето на одговорноста, ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи македонската влада, си постави цел и стратешка визија, државата да стане клучна сообраќајна крстосница во балканскиот регион.Тоа што можеме да го кажеме сега, две години после парламентарните избори и формирањето на владата, е дека со засилено темпо се работи на остварување на оваа цел и Македонија се гради подеднакво во сите делови. Прво се изградија и се пуштија во употреба експресните патишта Градско-Фариш и Страцин-Крива Паланка, кои се многу значајни сообраќајни патни артерии за овие населени места. Со многу засилено темпо се изведуваат градежните работи на веќе започнатите автопатиштата кои се дел од Коридорите 8 и 10Д Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола и на терен е видлив многу голем напредок. Се решија наследени проблеми на автопатот Кичево-Охрид, како што се и свлечиштата на косините со таканаречените галерии, и интензивно се работи за што поскоро негово целосно завшување. Се потпиша договор за финансирање, избрани се консултантот и изведувачот и следниот месец почнува изградбата на автопатот Скопје-Блаце со кој Македонија ќе ја поврзе со Косово и со пристаништата во Црна Гора и Албанија. И во ваквиот градежен бум невиден во поновата историја на Македонија не се заборавени ниту истокот, ниту југоисточниот дел од државата. Започнаа подготовките и за експресните патишта Кочани-Виница-Делчево и Струмица-Радовиш, проекти кои долги години се најавуваа а ниедна власт до сега не ги изгради. Градежништвото, како нискоградбата така и високо градбата, претставува двигател на економијата и главен драјвер на економскиот развој. Изградбата на модерни и современи патиштата значи побрз развој на економијата, туризмот, побрз и побезбеден проток на патници и стоки. Додека некои само се сликаа со маици со бројки од Коридорите, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со забрзано темпо гради патишта, автопатишта, експресни во сите делови од државата и ја модернизира патната инфраструктура. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook