МакедонијаЌе стави ли крај на плагијатите на дипломски, магистерски и докторски трудови?Ќе стави ли крај на плагијатите на дипломски, магистерски и докторски трудови? Министерката за образование Весна Јаневска најави дека наместо сегашниот портал плагијати.мк, идната година ќе покренат нова платформа „Ѕид на срамот“, на кој ќе се објавуваат сите изработки кои се несоодветни и како што рече, на ниво на ученички трудови.. Но, пензионираниот универзитетски професор Илија Ацевски е скептичен дека ова же ги даде очекуваните ефкети.. за Канал 5 ТВ вели дека не е возможно некој надвор од факултетите да врши мониторинг на трудовите, туку тоа треба да го прават менторите на кандидатите. Според него, еден од начините да се контролираат е да се проверуваат знаењата на кандидатите и пред надворешна комисија. -Се случувало да студентот брани магистерски труд, а тој труд не го прочитале професорите. Внимавајте. Не се случило да студентот, односно магистрантот падне на испит. Штом студентот ќе дипломира, вие морате да ја проверите неговата способност за тоа што дипломирал. На кој начин би го направиле тоа? –Тоа е на комисија релевантна, независна.Ако не го покаже тој резултат, треба тој да се врати назад.- - Илија Ацевски. Од студентскиот парламент на УКИМ, пак, најавата за промени и построги контроли ја оценуваат како добра стратегија со што ќе се зголеми квалитетот на образование. -Како лидер на студентите целосно ја поддржувам оваа иницијатива на МОН и академските институции заради тоа што плагијатите во науката не би требало, односно не смеат да бидат дозволени затоа што ние моментално целиме кон подобро општество и подобра економија, а целото тоа би го оствариле само во инвестирање на науката. Ангела Василевска – Претседателка на УСС УКИМ. Сегашниот софтвер Плагијати. Мк функционира полни 12 години, но и покрај законската обврска да го користат сите ментори пред да ги одобра трудовите, според информациите има такви што воопшти немаат регистрирано ниту корисничка сметка на софтверот... Колку плагијати се откриени во овој период, нема податоци ниту МОН ниту универзиртетие.. Тагови: МОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лицеНа 03.10.2026 во 19:15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршија претрес во дом и помошните простории кај С.С. (26) во с. Мала Речица, тетовско. При претресот бил пронајден и одземен кокаин, по што лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.Тагови: кокаин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКобила за ождребила на булеварот „Илинденска“Несекојдневна глетка и случка утрово ги изненади жителите на скопски Карпош. На Илинденска се родило ждребе.Активистка која била таму изјавила дека ждребето било во лоша состојба. Во објава на ФБ скопјанката Билјана навела дека успела да го префрли ждребето на тревникот, бидејќи никој не дошол да помогне. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во врска со ождребената кобила на улицата Илинденска во Скопје, истакна дека иако тоа не е нивна обврска веднаш реагирале екипите на ЗОО - Скопје и стручните лица, а кобилата и ждребето се преземени и сместени на безбедно, во карантин, каде што ќе ја добијат потребната нега и стручен третман.Тагови: Илинденска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести22. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
СветНовата порака од Москва за крајот на војната: Ова се три работи што Украина мора да ги прифатиМедведев потсети дека основните параметри, ги формулирал рускиот претседател Владимир Путин.Трајно решение за кризата во Украина е можно само ако Киев прифати неутрален статус, се откаже од нуклеарно оружје, ја промени својата политика и признае нови региони во рамките на Русија, изјави Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност. Во интервју за иранската државна радио-телевизиска компанија, Медведев потсети дека основните параметри, кои беа претходно наведени, ги формулирал рускиот претседател Владимир Путин. Првиот од нив е враќањето на Украина кон принципите на неутралност и ненуклеарен статус, во согласност со декларацијата за суверенитет и правните акти од 1990-тите. Второто барање на Медведев беше украинските власти да го напуштат својот радикален политички курс и да ја укинат дискриминаторската забрана за рускиот јазик и култура. Третата точка, како што изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност, е воспоставување руска јурисдикција над Донбас и другите нови територијални субјекти што се вклучени во рускиот Устав, објави порталот Вести.ру. Тој објасни дека спроведувањето на овие задачи може да се формализира преку дипломатски канали. Медведев претходно изјави дека „на русофобните гнасотии треба да се одговори исклучиво со јазикот на военото одвраќање“, потсети порталот.Тагови: москва украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter