Ќе се зголемува бројот на инспектори пред носењето на Законот за пушење - Канал 5

Ќе се зголемува бројот на инспектори пред носењето на Законот за пушење

Околу 40 нови инспектори до средина на годината ќе добијат решенија и ќе се вклучат во контролите низ државата, со што ќе им се приклучат на постоечките 120-ина инспектори во рамки на ДПИ.

Ќе се зголемува бројот на инспектори пред носењето на Законот за пушење

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши појасни дека станува збор за инспектори кои по минатогодишниот оглас ја започнале задолжителната едногодишна обука, неопходна за стапување на должност. Според него, засилувањето на инспекциските капацитети е особено важно со донесувањето на новиот Закон за пушење, но ќе се следи дали сегашните ресурси и новите инспектори ќе бидат доволни, па доколку се покаже потреба, тогаш ќе се размислува и за дополнителни вработувања.

- Почната е постапката, тие од минатата година веќе се ставени нови луѓе, нови кадри кои до средина на годината ќе ги исполнат условите и инспекторатот ќе се зајакне со нови луѓе вработени кои што ќе имаат повеќе контрола низ целата држава. Ќе видиме како ќе се движат работите по зајакнувањето, па ако има потреба за дополнително пред јавноста ќе бидеме и ќе го кажеме тоа или ако е доволно ќе го мониторираме и ќе ги гледаме како постапуват во нивната работа- Бесар Дурмиши.

Во однос на анализата за движењето на цените, која Дурмиши ја најави на почетокот на годината, тој изјави дека податоците од првите денови на јануари покажале стабилизирање на цените. Според него, засега нема потреба од брзи интервенции со мерки за намалување на цените на храната и пијалоците, бидејќи и во месец декември било евидентирано нивно намалување од 0,4 отсто.

- Сега за сега не гледаме причина на ограничување на бруто-профитна маржа или ограничвуање на цени. Секојдневно ја гледаме ситуацијата, во комуникација сме со претставниците од ДПИ, ако има потреба како што сме реагирале во минатиот период, така ќе реагираме и во оваа година,- Бесар Дурмиши.

Дурмиши засега отфрла можност за воведување инстант мерки, но најави дека во текот на годината ќе се преземат повеќе чекори за намалување на инфлацијата, која на ниво на 2025 година изнесува 4,1 отсто. Како што посочи, ќе се спроведуваат политики со цел годишната инфлација да се сведе на 2 до 3 отсто и да се доближи до европскиот просек од околу 2 отсто.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Во пресрет на Светскиот ден на животните, во паркот „Македонија“ се одржа голема едукативно-забавна манифестација под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, организирана од Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Лајка“.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Ова дружење привлече голем број граѓани со своите миленици, а главниот фокус беше ставен на подигнување на свеста за одговорното сопствеништво и хуманиот однос кон животните.

Присутните имаа можност да добијат корисни совети од професионалци за тоа што значи вдомување и долгорочна грижа за едно животно, со акцент на соодветната здравствена нега, исхрана и условите неопходни за нивниот среќен живот. Едукативниот дел резултираше и со конкретен интерес кај граѓаните за вдомување на бездомни кучиња од стационарот.

Во рамките на предвидените активности, свој уметнички придонес даде и истакнатиот сликар Живко Поповски - Цветин, кој инспириран од природата и животните сликаше пред присутните.

-Љубовта кон животните е огледало на нашата хуманост и совест како општество. Со ова дружење сакавме да испратиме порака дека милениците не се само момент на радост, туку долгорочна обврска која бара посветеност и време. Ме радува фактот што сè повеќе граѓани покажуваат интерес за одговорно сопствеништво и за вдомување наместо купување. Општина Кисела Вода и понатаму останува посветена на хуманиот третман на животните и на подигнување на јавната свест преку вакви едукативни собири-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Општина Кисела Вода упатува огромна благодарност до сите учесници и поддржувачи кои несебично помогнаа во успешната реализација: ветеринарната станица „Вет Тим“, груминг салоните „Grooming Twins“, „Shepa grooming“ и „Мое милениче“, како и пет-шоповите „Аба“ и „Пет Експерт“.

Програмата продолжува и во вечерните часови. Со почеток од 19:00 часот, пред Домот на културата „Билјана Беличанец“ (кино “Киноверзум”), граѓаните и нивните миленици се поканети на бесплатна проекција на отворено на македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, во соработка со Кино Балкан Дистрибуција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер