3Полицијата во Лондон го тестира системот за препознавање лица- ќе ги фотографираат луѓето без нивна дозвола
МакедонијаЌе се враќа забраната за пушење и на затворените тераси – МЗ најавува законски измени Повторно ќе се враќаат забраните за пушење цигари и во затворените тераси на угостителските објекти, најавуваат од Министерството за здравство. Нема толку инспектори колку што има пушачи на цигари во Македонија, ама ќе се вратат старите забрани и закони од пред 15 години и ќе има строги казни. За ова да се случи или ќе го смениме постоечкиот или ќе предложиме целосно нов закон против пушење, кажа заменик Министерот за здравство Јовица Андовски на одбележувањето на Светскиот ден без тутун. Додека од здравство велат дека совети ќе бараат и од Франција каде сега, на отворено, на пример околу парковите, или секаде во близина на деца, е забрането да се пуши, и лекарите алармираат дека акцент треба да се стави токму на тинејџерите, бидејќи адолесцентите во просек на 13 години почнуваат да пушат цигари. Во меѓувреме од Светската здравствена организација и УНИЦЕФ порачуваат да не се губи време и да се работи на подигнување на свеста од опасностите на пушењето цигари уште во училишната возраст. „Младите луѓе секојдневно се соочуваат со кампањи кои ги тераат да веруваат дека производите од тутун се безбедни. Тоа е тренд, безбедно е, преку употреба на вкусови како манго, јагода за да ги направат слатки и примамливи.“ „Седум од 10 пушачи во Македонија почнале да пушат пред да наполнат 21 година. Тоа значи дека нашите деца се пушачи сега, но и пушачи во иднина. Не сметам дека ова треба да биде прифатливо.“ „Има нови закони кои забрануваат пушење на јавно место и на отворено, каде што децата го минуваат своето слободно време. Тоа вклучува плажи, автобуски станици, спортски терени“ Слободата да се пуши завршува каде што почнува правото да децата да дишат. Инаку, според последните статистички податоци, половина нација се пушачи на цигари, додека, истражувањата од последниве неколку години, меѓу кои на Институтот за јавно здравје покажуваат дека пушењето е на врвот меѓу најчестите причини за смрт од кардиоваскуларни заболувања, заедно со крвниот притисок. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАВидео: Харден испиша историја: Постигна 51 поен и го надмина Коби Брајант! НБА ѕвездата Џејмс Харден одигра еден од најдобрите натпревари сезонава досега во најсилното светско првенство, и со дури 51 поен го предводеше тимот на Кливленд Кавалирс до победа над Индијана Пејсерс со 128:119, во натпревар од НБА Лигата.На тој начин, искусниот бек стигна до својот 26-ти натпревар во НБА кариерата на кој постигнал најмалку 50 поени, со што го надмина легендарниот Коби Брајант и го зазеде третото место на вечната листа на најдобри стрелци според овој критериум во НБА. Сега, пред Харден се наоѓаат само легендите Вилт Чемберлен и Мајкл Џордан. Ова беше и неговиот прв натпревар со 50 или повеќе поени по 22 ноември 2025 година, кога постигна 55 поени против Шарлот Хорнетс, настапувајќи за Лос Анџелес Клиперс. Против Индијана, Харден имаше шут од поле 15 од 26, погоди седум тројки од 11 обиди и беше беспрекорен од линијата за слободни фрлања (14 од 14). Покрај 51 поен, тој забележа и шест скока и шест асистенции. JAMES HARDEN. 51 POINTS. IT'S HIS MOST POINTS AS A CAVALIER 🤯 CAVS MOVE TO 2-1 IN EMIRATES NBA CUP GROUP PLAY! https://t.co/twWJ4G70Nk — NBA (@NBA) November 21, 2026 Ова беше неговиот најдобар поентерски учинок за Кливленд откако му се приклучи на тимот во февруари, а исто така стана и само шестиот кошаркар во историјата на франшизата кој постигнал 50 поени на еден натпревар.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМФ: Граѓански обврзници може да се запишат до 1 декември во деловните банки10:15МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
СветСостојбата на Болсонаро наеднаш се влошила: Итно е пренесен во болница Поранешниот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро, е хоспитализиран откако одеднаш почувствувал силни болки во стомакот, а медицинските прегледи покажале дека има речиси целосна опструкција на цревата, изјави денеска неговиот син Карлос БолсонароКарлос Болсонаро на социјалната мрежа „Икс“ изјави дека неговиот татко ненадејно добил силни болки во стомакот и бил пренесен во болница. Во една од следните објави, тој наведе дека стомакот на Болсонаро бил исклучително надуен при пристигнувањето во болницата, што предизвикало притисок и силни болки. Според него, по извршениот преглед и дијагностичките испитувања, била потврдена речиси целосна опструкција на цревата. Лекарите започнале терапија со лекови во обид да го решат проблемот без потреба од инвазивни медицински зафати. Карлос изјави дека нови информации ќе бидат објавени во текот на следните неколку часа. Тој изрази загриженост за здравјето на својот татко, тврдејќи дека неговата здравствена состојба се влошува поради ограничената подвижност и психолошкиот притисок на кој е изложен додека е во затвор. Тој, исто така, упати критики кон ограничувањата за посети што ги воведе судот, наведувајќи дека му е дозволено да го посетува татко си двапати неделно, при што секоја посета трае по два часа. Карлос Болсонаро оцени дека неговиот татко е изложен на политички прогон и ги повтори тврдењата дека целта на владата е тој да биде убиен. Жаир Болсонаро се наоѓа во домашен притвор, откако во септември 2025 година Врховниот суд на Бразил го осуди на 27 години и три месеци затвор за обид за државен удар по изборите во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМФ: Граѓански обврзници може да се запишат до 1 декември во деловните банкиГраѓански обврзници од 4-тата Емисија граѓаните можат да запишат до 1 декември во филијалите и експозитурите на деловните банки во земјата.Граѓаните можат да запишат минимум една Граѓанска обврзница во износ од 10.000 денари. Каматната стапка на граѓанската обврзница од оваа емисија е 4,6% и рок на доспевање 2 години. Датумот на достасување на обврзниците е 11 декември 2028 година. Каматата за првата година достасува на 11 декември 2027 и за втората година на 11 декември 2028 година. Проспектот е објавен на 100 милиони денари. Аукцијата за 4-тата емисија Граѓанска обврзница ќе се реализира на 3 декември. Министерството за финансии досега има издадено три емисии Граѓански обврзници. Првата емисија беше издадена на 13 јули 2023 година во износ од 23,5 милиони евра. Втората емисија беше издадена на 7 ноември 2023 година во износ од 17,6 милиони евра и третата емисија е издадена на 12 декември 2025 година во износ од 33 милиони евра. Граѓанските обврзници од првата и втората емисија заедно со каматата се исплатени во целост.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter