Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
МакедонијаЌе се реконструира салата „Расадник“ во Кисела ВодаПроектот за реконструкција готов до средината на август. Во финална фаза е проектната документација за целосна реконструкција на спортската сала „Расадник“ во општина Кисела Вода. Проектот содржи теретана, фитнес за спортистите, но и деловен простор којшто салата ќе може да го издава. Финансирањето ќе биде обезбедено од страна на Министерството за спорт. Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, кој денеска заедно со министерот за спорт Борко Ристоски изврши увид во објектот, изјави дека се надева оти местото кое е руина во моментов, ќе прерасне во сериозно добар и професионален спортски храм на градот, но и место од каде повторно ќе се раѓаат нови, спортски имиња со кои Општина и државата ќе се гордее. Тој информираше дека проектот треба да биде готов најдоцна до средината на август, а на почетокот на септември веќе би биле во фаза во која би започнала постапката за реконструкција на салата. Како што рече, проектираната вредност е околу милион ипол евра. - Повеќе од осум месеци се работи и е во финална фаза проектната документација за целосна реконструкција на оваа спортска сала и за многу скоро, заедно со Министерството за спорт, ќе почнеме со градежни активности на ова место. Ќе биде распишана тендерска постапка. Општината ќе стопанисува со салата, рече градоначалникот. Тој информираше дека разговарале со министерот за спорт околу промена на името на салата. -Можно е да има промена на името затоа што треба да има име кое ќе биде симболика од нашето време. За ова ќе бидете информирани дополнително, додаде Ѓорѓиевски. Министерот за спорт најави дека ќе се објави јавен повик за комплетна реконструкција на салата. - Оваа денешна посета би ја поделил во два сегменти. Првиот сегмент е моментот кај што вршењето увид во оваа руина сала буди убави спомени за се она што се случуваше во минатото. Јас ја паметам оваа сала како сала исполнета со многу спортисти, деца, врвен и рекреативен спорт. Вториот дел е тоа што сеќавањата од минатото отвораат можности за иднината, а иднината значи комплетно нова реконструирана сала Расадник. На овој руиниран објект ќе му се стави крај во најбрз можен рок, рече Ристовски. Тој додаде дека државата има потреби од нови сали, базени и игралишта, најавувајќи изградба и реконструкција на нови спортски објекти. На новинарско прашање до градоначалник Орце Ѓорѓиевски дали Општината ќе аплицира за 250-те милиони евра што премиерот Христијан Мицкоски ги најави за општините, одговори дека веќе има подготвена документација и за наредната година. Ѓорѓиевски најави дека се работи и на проектирање на поликлиника во Кисела Вода. - Можам да најавам дека сериозно се работи и на проектирање на поликлиника во Кисела Вода. Тоа верувам дека наредната година ќе биде аплицирано од наша страна и конечно граѓаните после толку години во Кисела Вода ќе добијат поликлиника со соодветни услови, рече Ѓорѓиевски. Прашан дали РК Вардар ќе има свој дом, Ѓорѓиевски одговори дека ќе му биде чест и привилегија конечно РК Вардар има свој дом тука во Кисела Вода, на местото каде што ги има своите почетоци. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПотврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во КинаБелата куќа потврди. Следната недела во четврток во кинескиот град Шенжен ќе се одржи состанок на Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин, на маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка -АПЕК.Портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс, изјави дека една од главните теми на разговорите ќе биде намалувањето на нуклеарното оружје. Претседателот јасно стави до знаење дека ќе се занимава со прашањето за намалување на нуклеарното оружје во светот. Американски претставник, кој зборувал под услов на анонимност, открил дека Трамп планира на средбата да го отвори и прашањето за Иран, а темата за Украина најверојатно нема да биде дел од трилатералните разговори, бидејќи сад водат одделни дипломатски процеси со Киев и Москва, во кои Кина не учествува. Американскиот претседател ќе отпатува во азија во понеделник, а според најавите, најпрво ќе ги посети филипините, по што ќе замине за шенжен, каде ќе се одржи самитот на АПЕК.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Си Џинпинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКуба се подготвува за можен американски воен нападКуба се подготвува за можен американски воен напад по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои беа протолкувани како закана за воена интервенција. Ова го изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој порача дека земјата е подготвена да се брани од секоја странска агресија. „Одлучни сме да го одбиеме секој обид за странска воена агресија врз нашата земја“, рече Канел. Неговата изјава следува откако Трамп прашан дали би размислил за воена интервенција со цел да ја „ослободи“ Куба, за американски медиуми рече: „Сакам да ја решам Куба пред да си заминам“. Тој додаде дека САД внимателно ја следат ситуацијата на островот, оценувајќи дека земјата е во многу лоша состојба и дека практично е пропадната држава. Тагови: куба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаКравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиумиКравите од Крива Паланка го обиколуваат Светот. Веста дека стотици говеда шетаат слободно низ градот го објавија неколку угледни светски медиуми, како Асошиејтед прес и Еуроњуз, каде што случајот со кравите се најде во познатата рубрика „без комента“. Медиумите наведуваат дека жителите на Крива Паланка, опишана како земјоделски град, се бори со повеќе од илјада крави кои им ги уништуваат имотите.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter