Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа
2Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа
МакедонијаЌе се рефлектираат ли резултатите од вториот круг во Тетово и врз централната власт?Станува ли изборната битка во Тетово клучен тест за стабилноста на владејачката коалиција? Во оваа општина, која се смета за клучна во албанскиот блок, битката во вториот круг ќе ја водат Теута Арифи од ДУИ и лидерот на БЕСА, Билал Касами, а и двете партии со оглед дека се владини коалициони партнери на СДСМ ја очекуваат поддршката од Заев. Според аналитичарите, СДСМ е меѓу два огна – со поддршка на Арифи би ризикувал да го разгори незадоволството на Беса кое може да резултира и со излегување од Владата. Во вториот случај доколку го поддржи Касами би можел да се збогува со поддршката од „интегративците “ во битката за Град Скопје. Очекувањата се Заев или да го амортизира притисокот со неутрална порака до гласачите, самите да одлучат за кого да го дадат својот глас или трите опции да седнат и да изнајдат компромисно решение, вели аналитичарот Алберт Муслиу. Од БЕСА не кријат дека очекуваат СДСМ да им даде поддршка на Касами, а велат мотив плус за СДСМ е што доколку тој стане градоначник, партијата на Заев ќе има уште еден пратеник повеќе во Собранието.. -Вториот круг во Тетово не е веќе партиски пазар. Јасно е дека 2/3 од граѓаните се против актуелното раководство. Затоа спремни сме со сите тие што сакаат промени во Тетово да разговараме. Убедени сме дека гласовите се на граѓаните и тие ќе одлучат, а според пораката од првиот круг веќе е јасно дека Теута Арифи нема поддршка во Тетово, изјавија генералниот секретар на БЕСА; Аријанит Хоџа за Канал 5. Засега, од СДСМ нема назнаки во кој правец би била нивната одлука. Од партијата упатуваат на ставот на лидерто Заев соопштен на денеот на изборите дека граѓаните сами треба да одлучат за кого ќе гласаат ако нема договор меѓу владините партнери. Во првиот круг Арифи победи со нешто повеќе од 600 гласови, што ветува битка до последниот гласа во Тетово. СДСМ освои нешто над 2.300 гласа, ДПА над 3.800, а најмногу меѓу тие што отпаднаа имаше кандидатот на Алијанса и Алтернатива, 6.165. Прогрозите се дека Тачи ќе ја поддржи ДУИ, па клучна останува одлуката на Села и Гаши. Но, засега нивните партии немаат единствен став.Од една страна од Алијансата најавуваат дека е можно да го поддржат Касами, но од Алтернатива се повоздржани. Од ДУИ пак велат дека во Арифи имаат добар кандидат и очекуваат победа без ничија помош. Ќе остават граѓаните сами да одлучат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Нова авиолинија Скопје – Тиват, од мај директно од Скопје до црногорското приморјеМакедонија и Црна Гора ја продлабочуваат соработката, а првиот конкретен резултат од договорените активности е воспоставувањето директна авионска линија меѓу Скопје и Тиват, која ќе започне да оперира од 1 мај следната година со два лета неделно. Ова го најави заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, по денешната билатерална средба со заменик претседателот на Владата на Црна Гора, Филип Ивановиќ. Николоски посочи дека станува збор за реализација на договореното при неговата претходна посета на Подгорица, нагласувајќи дека новото авиоповрзување ќе има значење за зголемување на размената меѓу двете држави. -Денеска заедно со потпретседателот на Владата на Црна Гора договоривме и веќе станува реалност директна авионска линија од Тиват до Скопје. Истата ќе оперира два пати неделно, ќе стартува од 1 мај и се надевам дека сериозно ќе придонесе не само за зголемување на бројот на патници и размената помеѓу двете држави, туку и за развојот на туризмот и бизнисот, истакна Николоски. Дополнителнопланираме во текот на следната година да организираме еден бизнис форум, кадешто ќе можат да се запознаат компаниите од двете држави и заеднички да зборуваат за нови можности, во делот на стопаска соработкa”-истакна Николоски. Тој нагласи дека со црногорската влада се преговара и за воведување на линија Скопје -Подгорица и Тиват-Охрид. Како значајна тема на денешните разговори беше посочено и инфраструктурното поврзување, особено можностите што ги отвора изградбата на автопатот Скопје – Блаце за регионалната транспортна и економска комуникација. “ Македонија на крајот на август месец почна да го гради автопатот Скопје-Блаце, којшто значи директно поврзување со Црна Гора, и значи отварање на Македонија кон трето пристаниште, тоа е пристаништето во Бар. Имајќи предвид дека имаме добро поврзување со пристаништето во Солун, градиме поврзување со пристаништето во Драч, со изградбата на овој автопат ќе имаме добро поврзување и со пристаништето во Бар, и на тој начин го правиме она што е најдобро за државата, а тоа е како држава која не излегува на море, да имаме излез на најмалку 3 пристаништа, рече вицепремиерот Александар Николоски. На билатералната средба бeше потврдена и одличната политичка соработка меѓу двете држави, потенцириајќи ја можноста за унапредување на односите во сите области. Вицепремиерот Николоски упати честитки за реформските процеси што ги спроведува Црна Гора и за постигнатиот напредок на нејзиниот европски пат, истакнувајќи дека членството на Црна Гора во Унијата би претставувало значаен поттик не само за земјата, туку и за целиот регион и процесот на проширување на Европската Унија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
МакедонијаКривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформаКривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа и им нанеле финансиска штета.Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа и им нанеле финансиска штета Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против 56-годишната М.К. од Битола и А.С.(38) од Естонија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот законик. Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација, на канал со неколку стотици претплатници, со ветување за наводни добивки кои никогаш не се реализирале, навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа и на тој начин им нанеле значителна финансиска штета. До Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика доставени се пет пријави од оштетени граѓани, кои во наведениот период биле измамени, но согласно податоците од финансиските извештаи од трансакциската сметка на првопријавената, во измамата оштетени се стотици граѓани од државата, но повеќето од нив не го пријавиле случајот. Во врска со случајот беше спроведена повеќемесечна истрага во која беа вклучени повеќе домашни и странски институции и беа разменети информации, што резултитраше со откривање на идентитетот на сторителите. Исто така, во рамки на истрагата, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика изврши информативен разговор со првопријавената, одзеде електронски уреди кои ги користела за остварување пишана комуникација преку апликацијата, а со форензичката анализа на екстрахираните податоци од одземените уреди, докажано е кривичното дело за кое е поднесена кривичната пријава. Во однос на меѓународниот аспект на истрага, по претходно извршена стручна анализа на крипто трансакциите, преку меѓународни безбедносни платформи обезбедени се целосни информации за сопственикот на крипто паричникот. Со оглед на растечкиот тренд на ваков тип измами, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика апелира граѓаните да не веруваат во лесна и брза заработка преку интернет, каде измамниците преку социјалните мрежи, лажни профили и телефонски повици нудат инвестирање во криптовалути со ветувања за високи и сигурни приноси, притоа наведувајќи ги да уплатат пари на лажни инвестициски платформи, кои можат да изгледаат целосно легитимно.Тагови: измама мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалБразилскиот селектор Анчелоти повика 15 фудбалери помлади од 23 години Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Карло Анчелоти, денес го објави составот за пријателските натпревари против Јапонија и Сингапур во ноември.Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Карло Анчелоти, денес го објави составот за пријателските натпревари против Јапонија и Сингапур во ноември, продолжувајќи го процесот на подмладување на националниот тим по разочарувачкиот настап на Светското првенство. На 14 ноември, Бразил ќе игра против Јапонија во Сингапур, додека три дена подоцна ќе се соочи со домаќинот. Во составот има девет играчи на олимписка возраст и вкупно 15 фудбалери помлади од 23 години, што потврдува дека Анчелоти продолжува со подмладувањето на тимот. Стручниот штаб реши да ги поштеди играчите на клубовите кои се борат за трофеи во домашните натпреварувања, па на списокот нема играчи од Палмеирас, Фламенго и Атлетико Минеиро. Список на Бразил: Голмани: Бенто (Ал Наср), Лукас Пери (Торино), Педро Мориско (Коритиба) Одбрана: Артур Диас (Атлетико Параненсе), Карлос Аугусто (Интер), Даглас Сантос (Зенит), Габриел Магалес (Арсенал), Жаир Куња (Нотингем) (Нотингем) Витор Реис (Манчестер Сити), Весли (Рома) Среден ред: Андре (Коринтијанс), Андреј Сантос (Манчестер Јунајтед), Бруно Гимараеш (Арсенал), Данило (Ботафого), Габриел Бонтемпо (Сантос), Жоао Гомеш (Астон Вила), Марлон Гомеш (Шахтар Сити), Атанак (Шахтар) Естевао (Челзи), Рафиња (Барселона), Рајан (Борнмаут), Ендрик и Винисиус Јуниор (Реал Мадрид).Тагови: Бразил Карло Анчелоти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook