Ќе се произведува електричен Јагуар класик

Електричниот Јагуар класик предизвика огромен интерес откако во него на кралската венчавка  се возеа прицот Хари и Меган.

Еден од најубавите автомобили во историјата се враќа на сцената по своевидната „трансплантација“ на срцето. Класикот бил оптимизиран со електрични компоненти, повратната реакција била толку добра што Јагуар Класик одлучил автомобилот да го стави на продажба.

Јагуарот „ E-Type Zero“ ќе биде понуден на засега се уште непозната фондација. Истовремено постоечките сопственици на оригинали примероци ќе може да одработат истите модификации.

Првите испораки на електричниот Јагуар Класик може да се очекуваат на лето во 2020 година. Цената на автомобилот ќе биде дополнително објавена, но сигурно ќе биде многу голема.

Класикот на Јагуар со оваа надградба го губи моторот со шест цилиндри и добива силен електромотор наполнет со батерии со капацитет од 40 киловат часови.

Новиот класик ќе биде полесен за околу 50 кг, и за 5,5 секунди ќе може да оствари брзина од 100 километри на час.

Пристигнува уште едно електрично Ауди

Ауди во вторник на 7 јули ќе го претстави електричниот кросовер „Q4 Sportback E-Tron “ концепт.

По минатогодишниот концепт „Q4 E-Tron“, од германскиот произведувач доаѓа и неговата „Sportback“ верзија, со силуета на купе-кросовер.

Ауди премиерата на новото возило ја најави со кратко видео, а повеќе детали за овој концепт ќе се дознаат утре.

Во краткото видео се гледа дека предниот дел од концептот „Q4 Sportback E-Tron “ е сличен ако кај регуларниот „Q4 E-Tron “, а двете возила ќе се разликуваат по задниот дел и линијата на кровот која кај новата верзија ќе биде закосена.

Ауди „Q4 Sportback E-Tron “ концептот најавува идна продукциска верзија која би требало да биде претставена 2021 година.

Спасовски: Масовно на избори на 15 јули во нови победи за Македонија и младите, тие нека се обновуваат во својата партија

„И средношколците и студентите добија домашна платежна картичка, бидејќи сега е моментот да се помогне.“

„ Се грижиме за сите. Посебно се грижиме за младите. Тоа го направивме и со доделувањето ваучери за дообука и квалификација во ИТ вештини, тоа што најмногу е потребно сега во овие услови кога многу од работите мора да се спроведуваат on line, дигитално. Една од основите во Програмата е нашата земја да ја направиме дигитализирана држава.

Мораме да излеземе и да гласаме, да дојдеме до секој и да му кажеме дека негласањето е глас за враќање на режимот, дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се опасност. На 15 јули масовно на избори, број 3, да кажеме Збогум на режимот, да ги пратиме во историја, нека се обновуваат во нивната партија, а ние ќе грабиме напред, во нови победи за Македонија и за младите" повика Спасовски на вечерашната граѓанска трибина во скопската општина Ѓорче Петров.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Земјотрес од 4,6 степени го погоди Авганистан

Земјотрес со јачина од 4,6 степени вечерва го погоди Авганистан околу 20:40 часот по локално време.

Епицентарот на потресот се наоѓал на 14 километри северозападно од Кабул на длабочина од 7,4 километри, соопштено е од Евромедитеранскиот сеизмолошки центар.

За сега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета.

притисни ентер