Ќе се помрднат ли од мртва точка 14-те пресуди во Стразбур против Бугарија?

Ќе се помрднат ли од мртва точка 14-те пресуди во Стразбур против неможноста македонското малцинство во Бугарија да регистрира свое здружение или партија.

Пресудите на Судот за човекови права, кои пред 10 дена се преточија во необрвзувачка резолуција на Европскиот Парламент и со која се бара Софија да ги заврши обврските, според претседателот на ОМО Илинден Пирин, Стојко Стојков, е јасен сигнал дека прашањето за македонското малцинство во Бугарија станува се повидлив проблем, кој Софија не може уште долго да го игнорира.

Според поранешната судијка во Стразбур, Маргарита Цаца Николовска, за разлика на резолуцијата во Европскиот Парламент, пресудите од Судот за човекови права се обрзувачки, но дека сега клучниот збор го има Комитетот на министри на Советот на Европа, кој треба да најде механизам како да ја принуди земјата – членка да ги заврши обрските. Овој Комитет, повикувајќи се на пресудите, неодамна ја повика Бугарија да го почитува Судот и да дозволи регистрација на како што се вели, ОМО Илинден и на другите слични здруженија во земјата.

Неодамнешната резолуција на Европскиот Парламент го вклучи алармот во Софија, што резултираше бугарскиот премиер Борисов јавно да изјави дека е растревожен од вметнувањето на македонството малцинство и на ОМО Илинден во документот. Во контроверзниот бугарски меморандум, испратен во Брисел, покрај јазикот и нацијата, Софија го проблематизира и постоењето на македонското малцинство.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер