Ќе се менува изборниот законик - ќе стане ли Македонија една изборна единица? - Канал 5

Ќе се менува изборниот законик - ќе стане ли Македонија една изборна единица?

ЛДП и Демократскиот сојуз експресно најавија доставување на предлог закон до Собранието.

Ќе се менува изборниот законик - ќе стане ли Македонија една изборна единица?

Откако премиерот Мицкоски остави простор за воведување на една изборна единица, и ЛДП и Демократскиот сојуз експресно најавија доставување на предлог закон до Собранието - иницијативи коишто се провлекуваат со години наназад, речиси на секој изборен циклус, а за коишто досега немаше општ конзенсус.

Од ЛДП најавија дека денеска ќе поднесат предлог за воведување на една изборна единица, во којшто ќе бидат вклучени и предлозите доставени за независни листи.

Псоелдниот обид за промена на изборниот модел беше во 2022 година, по предлог на Дмеократскиот сојуз, но тогаш не ја доби поддршката на СДСМ и ДУИ. Сепак, претседтаелот на партијата Павле Трајанов е оптимисрт дека овој пат, можно е иницијативата да добие поддршка.

Премиерот Мицкоски денеска кажа дека почекаатд а ги видат предлозите, но повтрои дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе дадат поддршка, доколку се предвиди и дијаспората да биде опфатена. Вели, ако навреме се почне со работа, можно е идејата да се реализира до следните парламентарни избори.

Додека се актуелнира темата за една изборна единица, останува нејасно кога ќе бидат донесени измените на ИЗ со кои треба да се спроведат препораките на ОБСЕ ОДИХР, со оглед дека подгтовката не е ниту почната, иако рокот според реформската агенда беше до јуни. На неколку месеци до локалните избори, останува нејасно и дали Собранието ќе донесе нови измени на законот со кои ќе се овозможи учество на независните кандидатски листи.

YouTube video

Црн викенд на Егејот: Три лица се удавија во еден ден на лазлични дестинации во морето во Грција

Вчера во различни делови од Грција, се удавиле три лица.

Црн викенд на Егејот: Три лица се удавија во еден ден на лазлични дестинации во морето во Грција

Според крајбрежната стража, во недела напладне, пристанишните власти во Солун биле информирани дека во морскиот дел на пристаништето А е пронајдено тело на жена. Жената била на возраст од околу 50-55 години, но не се познати повеќе детали. Не е познато од која националност е жртвата.

Прелиминарната истрага ја спроведува Централната пристанишна управа на Солун.

Во недела попладне, 82-годишен Грк бел пронајден во несвест на плажата Плака на Тилос. Тој веднаш бил пренесен со брза помош од ЕКАБ во болницата Ливади на Тилос, каде што бил прогласен за мртов, пишува Прототема.

Кратко потоа, друг граѓанин на 88 годишна возраст е пронајден во несвест на плажата Микиверна во Полигирос, Халкидики. Во тек е прелиминарна истрага за причината за смртта.

Летната сезона е во полн ек во Грција, па затоа на туристите им се препорачува да бидат внимателни.

Зголемен бројот на странски турсити, намален на домашните

Бројот на туристите во мај 2025 година изнесувал 130 739, од кои 22.4 % се домашни, а 77.6 % странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика. 

Зголемен бројот на странски турсити, намален на домашните

Во мај се евидентирани 231 313 ноќевања, од кои 28.8 % се од домашните туристи, а 71.2 % од странските.

Во периодот јануари – мај 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 16.3 %. Кај домашните туристи има намалување за 1.0 %, а кај странските зголемување за 23.6 %.

Вкупниот број на ноќевањата, пак, е зголемен за 12.0 %. Кај домашните туристи има намалување за 0.3 %, а кај странските зголемување за 18.7 %.

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните со голема поддршка за договорот со Обединетото Кралство

Граѓаните даваат голема поддршка на ВМРО-ДПМНЕ над 50%, но даваат и поддршка на стратешкиот Договор на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ склучен со Обединетото Кралство.

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните со голема поддршка за договорот со Обединетото Кралство

Над 41% од граѓаните го поддржуваат договорот со Обединетото Кралство, кој не става на иста маса со големите земји и рамноправно одлучуваме за иднината.

Граѓаните ја препознаваат искрената намера на договорот со Обединетото Кралство, кој ќе донесе новитети во инфраструктурата, енергетиката, здравството, образованието и дигиталната трансформација.

Ние нема да правиме анекси, нема да класифицираме договори, туку ќе работиме исклучиво во интерес на граѓаните. Затоа и СДС, првенствено го напаѓаше договорот, но кога видоа за што станува збор, бидејќи јасно и транспарентно се беше објавено, си ја свртија капата и не кажаа ниту збор повеќе.

Со договорот освен поддршка за економијата од Обединетото Кралство, добиваме нов Клинички во Штип, реконструкција на болниците во Тетово и Кичево, нов медицински факултет и студентски дом од 200 легла во Штип, изградба на железничката пруга на коридорот 10, изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште, како и заштита во делот на сајбер безбедноста.

Ова се дел од проектите кои Владата планира да ги направи преку стратешкиот договор со Обединетото Кралство. Добиваме ниски камати поради добриот кредитен рејтинг на Обединетото Кралство, грејс период – не треба да плаќаме додека не изградиме и добиваме искуство и обука од стручни лица од Обединетото Кралство.

Продолжуваме понатаму, ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија!

ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер