Ќе се гради тунел Трамп- Путин на Алјаска, Русите бараат од Маск да вложи 65 милијарди долари - Канал 5

Ќе се гради тунел Трамп- Путин на Алјаска, Русите бараат од Маск да вложи 65 милијарди долари

Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на рускиот претседател и раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции, го повика Илон Маск да започне со спроведување на идејата за изградба на мост меѓу двете земји во контекст на затоплување на односи.

Ќе се гради тунел Трамп- Путин на Алјаска, Русите бараат од Маск да вложи 65 милијарди долари

Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на рускиот претседател и раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции, го повика Илон Маск да започне со спроведување на идејата за изградба на мост меѓу двете земји во контекст на затоплување на односите меѓу Вашингтон и Москва, објави Москоу Тајмс.

Дмитриев сподели документи објавени од републиканската конгресменка Ана Паулина Луна на социјалната мрежа X (X), кои датираат од периодот на Џон Ф. Кенеди.

Документите ја покажуваат областа на Алјаска и делот што бил разгледуван за изградба на „Мостот на светскиот мир Кенеди-Хрушчов“.

„Мостот треба да се изгради меѓу Алјаска и Русија“, се наведува во документот. Пратеникот на Путин во САД нагласи дека овој проект можеби бил незамислив во 20 век, но дека со денешната технологија, тунел меѓу двете земји може да се изгради за помалку од осум милијарди долари.

„Илон Маск, замисли да ги поврзеш САД и Русија, Америка и Евроазија со тунелот „Путин-Трамп“, врска што би симболизирала единство. Трошоците се над 65 милијарди долари, но технологијата на компанијата „Боринг“ (сопственикот Елон Маск, ур.) би можела да го намали тоа на помалку од 8 милијарди долари. Ајде да ја изградиме иднината заедно“, рече Дмитриев.

Тој исто така рече дека заедничките проекти создаваат голем број работни места.

„Тунелот „Путин-Трамп“, кој би имал железничка и товарна врска, овозможува заедничко истражување на ресурси. Заедничките проекти меѓу САД и Русија создаваат работни места и ги зајакнуваат економиите. RDIF и нашиот Арктички фонд, заедно со меѓународни партнери, ќе го финансираат тунелот, заштедувајќи милијарди благодарение на ефикасноста на компанијата на Маск“, рече Дмитриев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Златан потрошил девет милиони евра на црква: ѝ ја подарил на својата мајка

Еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, Швеѓанецот со потекло од Балканот, Златан Ибрахимовиќ во текот на својата кариера, стекна огромно богатство и се здоби со статус на една од најголемите фудбалски ѕвезди.

Златан потрошил девет милиони евра на црква: ѝ ја подарил на својата мајка

Еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, Швеѓанецот со потекло од Балканот, Златан Ибрахимовиќ во текот на својата кариера, стекна огромно богатство и се здоби со статус на една од најголемите фудбалски ѕвезди, сепак, како што често се истакнува, тој никогаш не го заборави своето тешко детство, ниту семејството кое се соочи со бројни животни предизвици.

Неговата мајка, Јурка Гравиќ, зазема посебно место во неговиот живот. Според медиумските извештаи, Златан ѝ подарил нешто навистина извонредно на својата мајка – ѝ купил црква во Шведска, чија вредност изнесува 9,24 милиони евра.

Покрај црквата, тој ѝ купил стан на мајка си во Новаља, а обезбедил и луксузен имот за својата сестра, Санела.

Овие гестови често се наведуваат како доказ за неговата посветеност кон семејството, кое – и покрај неговата светска слава и успех – останало негов најголем приоритет.

Зад животот што го води Златан денес, стои тешка семејна историја. Неговата мајка, Јурка – која потекнува од селото Пркос во околината на Задар во Хрватска – заминала за Германија на само 17-годишна возраст, во потрага по подобар живот. Како што своевремено раскажа нејзиниот брат, Гојко Гравиќ, таа токму таму ги добила ќерките Моника и Виолета, со својот прв сопруг.

Откако тој брак завршил, таа се омажила за таткото на Златан, Шефик Ибрахимовиќ – познат како „Кинко“ – фолк-пејач од Бијелина. Тие добиле две деца, Златан и Санела, но семејството подоцна се соочило со бројни тешкотии.

По вториот развод, Јурка живеела со своите деца во Малме, каде што животот бил сè, само не лесен. Златан во неколку наврати зборувал за своето растење во сиромаштија, истакнувајќи дека токму тие искуства го научиле да го цени она што го има денес. „Растев во сиромаштија, но тоа ме научи да го ценам она што го имам денес. Семејството за мене отсекогаш било на прво место“, изјавил фудбалерот.

Денес, Ибрахимовиќ поседува бројни недвижнини, вклучително и вила во Калифорнија – проценета на околу 1,5 милиони евра – која располага со тениски терен и базен. Во приватниот живот, тој ужива во времето поминато со својата сопруга Хелена, која е 11 години постара од него. Исто така, не е многу познато дека неговиот татко, Шефик Ибрахимовиќ, бил фолк-пејач кој настапувал низ цела поранешна Југославија. Тој дури му посветил и песна на својот син, насловена „Злато, Златане“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторна расправа за Законот за јавни набавки во Собранието

Во Собранието денеска исто така ќе се расправа и за законот за јавните набавки откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претходно не го потпиша указот за негово прогласување.

Повторна расправа за Законот за јавни набавки во Собранието

Со тоа што пратениците на 10 ноември го усвоија амандманот со кој се смени начинот на именување на претседателот и членовите на Државната комисија за јавни набавки, претседателката оцени дека ваквата измена отвора простор за неограничен број мандати и отвора прашања за владеењето на правото и концентрацијата на моќта во одлучувањето за јавните средства.

Со спорниот член се предвидуваше можност за повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз.

Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер